Иконата Вратарница (Παναγία Πορταΐτισσα), пристигна во Нејзиниот нов Дом- манастирот Св. Пантелејмон, с. Пантелеј кочанско
Дојдете, верни, во Духот Божествен радувајќи се, со песни почит да ѝ оддадеме на онаа Која е радост и утеха за сите народи.
Обителта на св. в-мч Пантелејмон , украсен со облека од скрушени молитви исткаена, свечено собрани околу прекрасната изобразба на Онаа Која сите во својата мајчинска прегратка ги собира и срдечни прозби ѝ принесоа за целиот народ што од Неа милост бара.
Најпрекрасна химна ти пеат нашите срца грижлива Мајко, со своите нежни прегратки заштити нѐ од бурата на гревот.


Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово на 19. август 2020. г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија се спомнува на Преображението на Нашиот Господ и Спасител Исус Христос на гората Тавор; отец Фотиј одслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
На 16.08.2020година на голема радост на сите верни денес во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани беше донесена копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица Вратарница – Иверска, во православниот свет позната како Портаитиса.По завршувањето на Литургијата пред Иконата се отслужи Молебен канон со Акатист кон Пресвета Богородица, по што иконата беше однесена во манастирот посветен на Св. Вмч. Пантелејмон во село Пантелеј – кочанско каде ќе биде изложена за поклонение.
„Македонскиот Острог“ го порослави споменот на преносот на моштите на Свети архиѓакон и првомаченик Стефан.
Благословот на Пречистата Мајка Божја од Нејзиното сечесно Успение веќе започна да ги распростира своите благодатни зраци. Денес Царицата Небесна го благослови почетокот на светиот пост, востановен во чест на

Во манастирот на светиот Пантелејмон на вечерната богослужба во чест и слава на св. Пантелејмон и закрилникот на нашата македонска црква св. Архиепископ Климент Охридски, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение со свештеници од Богодаруваната му епрархијата.
Денес 12.08.2020 година се навршуваат триесет години од осветувањето на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод, во неделата, на 09.08.2020 година, денот кога го прославуваме поменот на светиот Климент, Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по Божествена литургија отслужи Панихида (Парастос) во молитвен спомен на сите веќе упокоени ктироти, дарители, свештенослужители и помагачи на нашата Соборна црква.
Торжествата по повод големиот празник на патронот на нашата света Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и празникот на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2020 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски,


На 04.08.2020 Митрополитот Тетовско гостиварски г.Јосиф заедно со парохискиот свештеник го посетија семејството Ангелковски од с.Теарце при што на ова семејство му беа донирани прехранбени и хигиенски производи.























