логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 

Тропар на светите Христови
Маченици Агатоник, Зотик, Теопрепиј, Зинон, Акиндин, Северијан, Принкипс и други
22 август / 4 септември



Крв јагнешка и јарешка не посака Господи,
жртва сепаленица отфрли,
а само срце скрушено и смирено не презре, та затоа
Црквата ја втемели на каменот на Твоите свети заповеди.
Глава си нејзина Ти Господи,
а темелите ги зацврсти со крвта на Твоите маченици
кои срце чисто Ти принесоа,
по нивните молитви свеќникот наш да не се помести.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобната
мајка наша Антуса
22 август / 4 септември

Велика си ти Антусо подвижничке
на Бога Живиот која презрена од блиските
по плот, стана сотрудничка на ангелите и светиите.
Радувај се мајко преподобна и за нас
моли Го Господа, ти која од Аголниот Камен
не се оддели и на Него душата своја ја положи.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Атанасиј епископ
и со него Харисим и Неофит
22 август / 4 септември

Радувај се пастиру Атанасие
зашто голема е славата твоја на небесата:
преку тебе во Христа Антуса, Харисим и Неофит
се родија кои како ѕвезди на небесата заблескаа,
а ти до крај Името поголемо од сите имиња
Го сведочеше пред темнината на незнаењето.
Молете се за нас свети маченици
кои милост и слобода во Христа најдовте.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова маченичка
Евлалија
22 август / 4 септември

Девственичке Христова Евлалијо света
која ревносно по Патот тргна босонога;
ангелски крилја доби и благодат изобилна
за Бога да Го исповедаш пред оние
кои седеа во смртна сенка.
Устата твоја сега во Небесното Царство
света маченичке, нека секогаш се застапува за нас кои
при тебе молитвено припаѓаме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
маченици Христови
Иринеј, Ор и Оропсис
22 август / 4 септември

Чесно е вашето мачеништво пред Оној со чија
крв сте откупени о, Иринее, Оре и Оропсисе,
и голема е благодатта Христова
со која низ оган поминавте и ѕверови скротивте.
Затоа силна нека биде вашата света молитва
за нас пред Бога, Кој вас во вечноста ве воздигна.

 

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (04.09.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Agatonik.Nikomidiski.jpg

Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив

Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера христијанин. На заповед од царот Максимијан, царскиот намесник луто ги гонеше христијаните. При тоа гонење во некое место Карпин го фати Свети Зотик, ги распна на крст неговите ученици, а самиот Зотик го доведе во Никомидија, каде што ги фати и ги врза уште и Агатоник, Принкипс, Теопрепиј, Акиндин, Северијан, Зенон и многу други. Сите цврсто врзани ги поведе во Византија, но патем од рани и изнемоштеност испоумреа Светите Зотик, Теопрепиј и Акиндин. Во близината на Халкидон го убија Св. Северијан, а Агатоник и останатите беа одведени во Тракија, во местото Силимврија, каде што после мачења беа убиени со меч и влегоа во радоста на својот Господ.

Светата маченичка Евлалија

Во времето на страшните гонења на христијаните во Шпанија живееше една девица Евлалија, родена од родители христијани, во местото наречено Варкинон. Сета предадена на Христа како на свој Женик, сета вдлабочена во Светото Писмо, таа истрајно се трудеше во драговолни подвизи на духот и телото. Кога мачителот Дакијан немилосрдно ги убиваше христијаните ширум Шпанија, па дојде во Варкинон, Евлалија ноќе се искраде од кај родителите, излезе пред мачителот и пред многуброен народ го изобличи за убивање невини луѓе, а ги исмеа и мртвите идоли и јавно ја исповеда својата вера во живиот Господ Христос. Разјарен Дакијан нареди да ја разголат и да ја бијат со стапови. Но Светата девица изјави дека заради Христа не чувствува ни болки ни маки. Тогаш мачителот ја приврза крстообразно за едно дрво и нареди телото да ѝ го палат со свеќи. Ја запраша каде е нејзиниот Христос сега да ја спаси. А Евлалија одговори: „Овде е со мене, но ти заради твојата нечистотија не можеш да Го видиш.“ Евлалија го предаде својот дух на Бога во големи маки. Кога издивна, видоа како од нејзината уста излегува бел гулаб. Тогаш ненадејно падна снег и го покри голото тело на маченичката како да е фустан. Третиот ден дојде Свети Феликс и жално плачеше пред висечкото тело на Света Евлалија. Тогаш на мртвото лице на светителката се појави насмевка. Нејзините родители дојдоа заедно со други христијани и чесно го погребаа телото на Светата девица. Света Евлалија пострада за својот Господ и појде во вечната радост на почетокот од 4 век.

Светата маченичка Антуса и другите со неа

Ќерка на богати но незнабожни родители од Селевкија во Сирија. Кога дозна за Христа, Света Антуса со сето срце поверува во Него, тајно појде кај епископот Атанасиј и тој ја крсти. На Крштението ѝ се јавија Божји ангели. Потоа отиде на подвиг во пустина, зашто не смееше да се врати дома кај родителите. Се подвизуваше во пустината дваесет и три години. Душата Му ја предаде на Бога додека клечеше на молитва на еден камен, под којшто заветуваше да биде погребана. Потоа, заради верата во Христа беа заклани епископот Атанасиј и двајцата слуги на Антуса, Харис и Неофит, во времето на царот Валеријан, околу 257 година. Сите пострадаа чесно, стекнувајќи венци на невенлива слава.

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1257
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1126
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

« »