логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов апостол Тадеј
21 август / 3 септември



Мирот Господов на дар ти се подари,
о Тадее Христов апостоле,
кадешто во Име Божјо приман беше,
чудеса и исцеленија по вера се умножуваа,
кнезови и старешини пред ноѕе Христови
припаѓаа во Црквата Негова,
моли се апостоле мирот при нас да остане,
по твоите свети молитви,
по твоите за Христа подвизи.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобните отци
Корнилиј и Аврамиј
Палеостровски
21 август / 3 септември

Достојни сте за секоја чест и пофалба
о отци преподобни: трудот твој молитвен
Го виде Господ Корнилие свети,
и со крст те осени небесно живеалиште
дарувајќи ти, а Аврамие преподобен
богоугоден монашки живот принесувајќи,
нетленост на моштите доби во слава Господова
и за спасение наше. По нивните молитви
Христе Боже помилуј нѐ!

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Аврамиј Смоленски
21 август / 3 септември

Очите на умот отворајќи ти ги
од младоста твоја, о Аврамие оче преподобен,
Господ те испрати на солзниот пат,
да вкусиш од телесното мудрување на човекот,
но да останеш во вистината и благодатта Негова.
На многумина помош стигна Спасителева,
преку тебе оче свети, и духовната наука
процветува по твоите молитви,
на кои и ние денес се надеваме,
тебе те чествуваме и Христа Го прославуваме.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобната мајка
Теоклита чудотворка
21 август / 3 септември

Образ постана на бракот вечен,
Мудрост на цаломудреноста сопружничка,
о Теоклито мајко преподобна, и затоа Христос
те обдари со чудотворства, дарувајќи сила
на молитвата твоја кој волјата Господова ја поддржува.
Моли се за нас опскрбените од тежини гревовни
да добиеме прошка на гревовите
и живот вечен во Христа нашиот Господ.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светата
Христова маченица
Васа и нејзините деца
Теогниј, Агапиј и Пист
21 август / 3 септември

Големината на верата твоја во Господа,
нема да се измери со венецот маченички,
о, Васо света маченичке, туку со благодатта
која ги затвори трите рани на срцето,
и ја закрепна душата која породи
три ѕвезди Христови: Теогниј, Агапиј и Пист.
Ангелите кои покрај тебе стражареа до крајот
на земното страдање ја пронесоа молитвата
твоја до Бога за сите оние кои го
чествуваат вашиот свет спомен.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Божји патријарси
праотци
Авраам, Исак и Јаков
21 август / 3 септември

О верни слуги Господови Аврааме, Исаче и Јакове,
праотци Христови по тело во чии пазуви
се утешуваат угнетените,
на чие смирение се поучуваат подвижниците,
со вашата ревност се послужуваат исповедниците,
од благодатта ви дадена се напојуваат мачениците.
Радувајте се многудетни патријарси
кои Бога Го прославивте и молете се за нас
да нѐ дочекате во дворовите на вечноста.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (03.09.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Apostol.Tadej.jpg

Светиот апостол Тадеј

Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј којшто беше од Дванаесеттемина апостоли. Свети Тадеј прво го виде и го слушна Св. Јован Крстител и прими крштевање од него, а потоа Го виде Господ Исус и Го следеше Него. Господ го вброја меѓу Седумдесеттемина помали апостоли, коишто ги испрати двајца по двајца пред лицето Свое (Лука 10, 1). После Своето славно Воскресение и Вознесение Господ го испрати Тадеј во Едеса, која е родното место на Тадеј, според ветувањето што му го даде на кнезот Авгар кога му ја испрати крпата со Својот лик на неа (откако се избриша). Штом ја целиваше таа крпа Авгар се излечи од лепрата, но не сосем. Малку лепра му остана на лицето. Кога Св. Тадеј му се јави на Авгар, овој го прими со голема радост. Апостолот го поучи во верата и го крсти. Кога излегуваше од водата на Крштението, остатокот од лепрата на неговото лице спадна и тој стана сосем здрав. Кнезот Авгар Го прослави Бога и посака и неговиот народ да Го познае вистинскиот Бог и да Го прослави. И кнезот ги повика сите граѓани на Едеса пред апостолот Тадеј за да ја чујат проповедта за Христа. Откако ги чуја зборовите на апостолот и го видоа кнезот чудесно исцелен, луѓето ги отфрлија идолите и нечистото живење и ја примија Христовата вера и се крстија. Кнезот Авгар изнесе многу злато и му го понуди на апостолот, но Тадеј му рече: „Кога своето го оставивме, како да го примаме туѓото?“ И тој го проповедаше Евангелието ширум Сирија и Феникија. Се упокои во Господ во градот Вирит Финикиски.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1257
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1126
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

« »