ВТОРНИК ОД ВТОРАТА НЕДЕЛА ОД ПОСТОТ
Господи, засили ја нашата надеж да ги положиме сите свои грижи на Тебе, знаејќи дека Ти нè љубиш и за нас се грижиш. Помогни ни да ги исповедаме гревовите во смирение и вера, за обновени да Ти се вратиме. Амин.
Господи, засили ја нашата надеж да ги положиме сите свои грижи на Тебе, знаејќи дека Ти нè љубиш и за нас се грижиш. Помогни ни да ги исповедаме гревовите во смирение и вера, за обновени да Ти се вратиме. Амин.
Нашиот живот е во Твоите раце, Господи. Помогни ни да ги предадеме својот ум, срце и раце на Твоја грижа, за правејќи сè заради Тебе, да ја твориме Твојата волја во смирение, вера и над сè, во љубов. Амин.
Духовните плодови на љубовта се јасни: мир и радост во душата. Тогаш сѐ ќе ви биде блиско и мило, и ќе пролевате многу солзи за ближните и за сите созданија. Често, за еден љубезен поздрав, човекот во душата чувствува некоја радосна промена.
Всушност, ние, клириците, а особено монасите, кои немаме потреба да се грижиме за семејство и деца, ги разбираме тие услови, во кои живеат брачните христијани. Луѓето се принудени многу да работат, долго да патуваат до работното место и до дома, а навечер дома исто така имаат многу обврски…
Боже, Кој во минатото си говорел на татковците наши, пророците и светите на Црквата Твоја, говори ни и нам преку Синот Твој, Исуса Христа. Отвори ги срцата наши, та преку твојата помош непрестајно да го слушаме словото и да ја твориме волјата Негова. Амин
Боже, со Својата голема милост и љубов погледни на нас, луѓето Твои,
за Твојата благодат секогаш да нè поучува, води и го сочува нашето тело и душа, Ти,
со Синот Твој и Господ наш, Исус Христос. Амин.
Боже, биди милостив кон мене грешниот. Исцели ја мојата душа и помилуј ме.
Молете се едни за други за да се исцелите!
Молитвата која е со вера ќе го избави страдалникот... (се изговара името).
Амин.
Милостив Господи, единствен извору и источнику на чистотата, сочувај нè во Постот. Погледни на нас како припаѓаме ничкум пред Тебе: прими го воздигнувањето на рацете наши, Ти Кој на Дрвото Си ги раширил Своите раце и Си бил распнат заради сите земнородни, единствен Владико на силите ангелски.
И како што се вели во Светото Писмо: Не е добро за човекот да биде сам, да му создадеме другар. Себлагиот Бог, Кој го создал човекот за блаженство, ја создава Ева, најблискиот сожител на Адам во рајот.
Жената – пријател, зема живо учествo заедно со мажот во нивниот заеднички живот во рајот.
Тој не убивал, но секојдневно крадел и грабал, се веселел со другите разбојници, но навечер редовно, како од навика, го читал акатистот. Поради овој негов мал подвиг Пресвета Богородица му го сочувала животот во многу опасни ситуации, а потоа и преку една средба со еден монах, му дала до знаење дека,
„Ако Великиот пост и воздржанието означуваат зајакнување на духовната борба, тоа е зашто согласно Евангелието, ова е времето кога лице в лице се соочуваме со злото и со сета негова сила. Затоа и токму тогаш ни е неопходна помошта и силата на божествениот оган. Оттука и неопходноста од посебно великопосно причестување
Дај ни, Господи, истрајност во исповедањето на Вистината, која е во Христа: за преку Него да дојде спасение на светот. Помогни ни, води нè и укрепи нè, та и ние секој ден од својот живот да стануваме »икони« на Патот, Вистината и Животот. Амин.
Светителот ни зборува јасно, зборува со јазикот на Вистината. Нашето време е време на апсурди, погрешни толкувања, опскурантизам ( негативен однос кон просветата и науката – мракобесие ), непокајание. Вистината е претставена како ретроградна и ограничена. Темнината се потврдува како светлина; неприродниот живот како прогресивен, „кул“, човечки, природен - нормален.
Секој од нас барем еднаш дигнал камен,како оние луѓе од времето на Христа кои држеле камен во своите раце за да го фрлат кон жената грешничка. И секој од нас го спуштил, како и тие луѓе, што го спуштиле кога Христос се исправил пред нив и потоа клекнал да ги пишува нивните гревови на прашината.