логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


ТЕОДОРОВА САБОТА

metodij.petok8.jpg Напредувајќи од безбожието во православната вистинска вера, и просветлени со светлината на знаењето, да заплескаме со рацете и да запееме гласно, принесувајќи пофалби и благодарност на Бога; и со достојна почит да се поклониме на светите икони на Христа, Пречистата Дева и Светителите, било да се насликани на ѕид, дрво или свети садови, отфрлајќи го безбожното учење на еретиците. Зашто, како што свети Василиј рече, почитувањето кое се укажува на иконите се пренесува на ликот кој е на неа изобразен. По молитвите на Пречистата Твоја Мајка и сите Свети, Те молиме, Христе Боже наш, подари ни голема милост.
Сабота, Вечерна воочи Неделата на Православието

 Поуки од светите отци: Прекрши го лебот свој и дај им на бедните. Не даваш свое. Бог затоа тебе ти дал повеќе и ти да би давал на другите. Тебе ти е доволен насуштниот леб, како и си се научил од молитвата; затоа не си собирај слама за оган и мачење.
Свети Ефрем Сирин

Молитва:
Боже, со Својата голема милост и љубов погледни на нас, луѓето Твои, за Твојата благодат секогаш да нè поучува, води и го сочува нашето тело и душа, Ти, со Синот Твој и Господ наш, Исус Христос. Амин.

Читање од Светото Писмо:
Послание до Евреите 1, 1-12
Свето Евангелие по Марко 2, 23-3, 5

  Созерцание: И им рече Господ: »Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата. Па така, Синот Човечки е господар и на саботата. «
Свето Евангелие по Марко 2, 27-28

 

 Подготви : А.Л.

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4033
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3249
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…