Поминувајќи од еден празник до друг, од палми и гранчиња, да поитаме, верни, кон возвишеното и спасоносно прославување на Христовото страдање. Да ги гледаме Неговите доброволни страдања, кои заради нас ги претрпе и со благодарност да Му запееме достојна песна: Извору на милосрдието и прибежиште на спасението, Господи, слава Ти!
Вечерна на Цветници


Очистени со душата и духот, носејќи гранчиња на верата, како дечиња да пееме пофални песни на Христа, громогласно воскликнувајќи на Владиката: Благословен си, Спасителе, Кој си дошол да го спасиш Адама од древната клетва и Кој со човекољубието Твое благоизволи духовно да станеш нов Адам, Слово, устројувајќи сè за наше добро, слава Ти.
Утрена, Лазарева сабота