логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Crkva.Galeb.jpg


ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО

За темата причестување постои расширена заблуда која воопшто не го отсликува изворното православно доживување. Некои веруваат дека причестувањето е дозволено само два–три пати годишно. Таквото сфаќање е сосема погрешно и далеку од вистината. Тоа го кривотвори изворното православно доживување и сериозно го загрозува православниот духовен живот. Го извртува севкупното православно христијанско учење за светата Евхаристија и со себе носи духовни опасности за верниците кои духовно се подвизуваат.
Што е тука вистина?
Што е вистина за оваа спасоносна тема за ричестувањето која претставува основа и темел на духовниот живот?
Тајната на божествената Евхаристија претставува средиште на животот на Црквата. Исполнувајќи (извршувајќи) ја тајната Божествена Евхаристија и учествувајќи во неа, се вотеловуваме во мистичното, духовно Тело Господово и се соединуваме со Господ. Без свесното учествување во тајната Божествена Евхаристија немаме духовен живот, ниту стекнуваме спасение.
Но, свесното учествување во тајната Божествена Евхаристија неминовно подразбира причестување со Телото и Крвта на Господ. Ние не сме просто набљудувачи на тајната Божествена Евхаристија, туку нејзини учесници. Верниците, заедно со свештеникот, ја прават тајната Света Евхаристија, светотаински го доживуваат животот на Господ, се причестуваат со Телото и Крвта Христови и така се соединуваат со Христа. Поради тоа, на секоја Божествена Литургија свештеникот им се обраќа на верните и ги повикува на причестување со Телото и Крвта Христови, говорејќи: „Со страв Божји, вера и љубов пристапете”.
Свесните и совесни верници се должни да одговорат на овој свештеников повик. Секако, неопходна е душевна подготовка. Потребни се жива православна вера, искрено покајничко расположение, борба против гревот и љубов кон Христос.

Светото пристапување

Извор на животот е севкупната Света Литургија. Таа, со своите молитви, кои не треба да се изговараат во себе, туку верниците треба да ги слушнат, со своите прозби и химни, ги подготвува верните за учествување во Чашата на животот. Оној којшто не е само обичен набљудувач, туку и со душа учествува во совршувањето на тајната Божествена Евхаристија, придобива, со прозбите и молитвите на Светата Литургија, дух на покајание, доживува внатрешно умиление, бара милост Божја за своите гревови, сопатник е на Господ на патот кон Голготата, и, душата му се осветува. Живее со Господ. Со љубовта чезнеејќи за Христа, со скрушен дух приоѓа, се причестува со Телото и Крвта на Господ и постанува Богоносец и Христоносец.
Така, учеството на верниот христијанин во вршењето на тајната Божествена Евхаристија се запечатува со неговото причестување со Телото и Крвта Христови.
Тоа и е духовниот живот. Без постојаното причестување нема духовен живот. Божественото причестување е извор на животот. Самиот Господ рекол: „Кој го јаде Телото Мое, и ја пие Мојата Крв, има живот вечен”(Јн. 6:56). Божественото причестување е лек за бесмртноста – оној кој јаде од него нема да умре”(Јн. 6:50) . Тоа е лек, оти е простување на нашите гревови и извор на нашето осветување. Н# соединува нас со Господ. „Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, во Мене пребива и Јас во него”(Јн. 6:56), рекол самиот Господ.
Верниците треба да се причестуваат често. По правило, верниците треба да се причестуваат на секоја Света Литургија. Секако, доколку духовно се трудат и живеат духовен живот. Како што веќе спомнавме, на честото причестување нас н# учи најнапред самиот текст на Светата Литургија и повикот на свештеникот. Верниците, заедно со свештеникот, Го преколнуваат Господ при секое причестување: „и удостој н# неосудено да се причестиме со Твоите непорочни и животворни тајни... за отпуштање на гревовите, за заедница со Светиот Дух.”
Постојат и сведоштва од праксата и животот на Црквата и од беседите на светите отци, од каде што јасно се гледа неопходноста од честото причестување. Делата Апостолски н# уверуваат дека првите христијани „биле постојани во апостолското учење, во заедницата, во кршењето леб (т.е. причестувањето) и во молитвите.”
Значи, центар на животот на првите христијани била проповедта на Апостолите и учествувањето во светата тајна Божествена Евхаристија. Деветтиот апостолски канон јасно говори за честото причестување: „Сите верни кои влегуваат (во црквата) и слушаат Свето Писмо, но не остануваат и за време на молитвата и светото причестување, треба да се одлачат како такви кои предизвикуваат беспоредок во Црквата.” – Значи, според овој канон, од Црквата (самите) се отсекуваат оние коишто не се причестуваат на секоја Литургија.
И светиот Василиј Велики по ова прашање е категоричен. Тој вели: „Причестувањето и земањето Христово свето Тело и света Крв секој ден очигледно е добро и корисно, оти Тој самиот јасно вели: ‘Оној кој јаде Тело мое и пие моја Крв, има живот вечен’ (Јн. 6:54). Оти, кој се сомнева во тоа дека да се учествува непрестајно во животот не е ништо друго, освен повеќекратно да се живее? Секако, ние се причестуваме четири пати седмично, во: недела, среда, петок и сабота, но и во други денови, ако е празник на некој од светите.”
 Овој велик отец на Црквата н# известува дека христијаните во негово време се причестувале најмалку четири пати седмично. А од поновите Отци на Црквата, свети Никодим Светогорец, во своето дело за постојаното причестување пишува: „Причестувањето со светите тајни е на сите верници и заради сите нив, се подразбира, и не се случува само заради свештенодејствување на пресветото Тело и Крв Христови, туку за на сите верни ова причестување да им се раздаде. Тоа е потполно наменето за сите, заради нивно причестување.”
А светиот патријарх Григориј Петти, во својата енциклика за постојаното причестување, која ја објавил во 1819 год., пишува: „Никако не се забранува постојаното причестување, ниту се бара да помине период од четириесет дена за христијанинот повторно да се причести, како што некои мислеле.”
Сето ова го потврдува и Литургијата на предосветените дарови.
Натаму, Литургијата на предосветените дарови самата од себе громогласно ја потврдува праксата на Црквата за постојаното причестување. Литургијата на предосветените дарови служи само за таа цел. Бидејќи за време на Великата Четириесетница, поради тажниот карактер на овој период од црковната година, не се служи Божествена Литургија, која инаку има воскресен карактер, Црквата ја создала таканаречената Литургија на порано осветените дарови, која во суштина е чин на причестување, за верните да можат да се причестуваат и во текот на седмицата. Значи, не само во сабота и недела, кога е дозволено совршување на Света Литургија во вистинска смисла на тој збор, туку и во среда и петок, со порано осветен Леб на животот. Ова е чиста, православна и кристално јасна вистина за постојаното причестување.

Подговотка за причестување со пречистите тајни

Подготовката за често причестување го претпоставува, природно, севкупниот живот на христијанинот. Тоа не е подготовка од само неколку денови. Вистинскиот христијанин е должен секогаш да живее со волјата Божја како свој водич. Компас на неговиот живот е Словото Божјо, онака како што го изразува Светото Писмо и го толкува православната христијанска Црква. Верниот христијанин ја проучува речта Божја, за секогаш да знае што е Божја волја, и настојува својот живот секогаш да го ускладува со неа – и неговите зборови, и неговите дела, и неговите мисли; треба да се вдахнуваат со православното христијанско учење за животот. Треба да размислува за православните христијански догми, да верува во нив, и да настојува да живее православно христијански. Православната вера е и точно правило на верата во Бога, и точно правило на животот и дејствувањето. Христијанскиот живот е живот на напор и труд да се живее вистината на православната христијанска вера. Тоа е живот на молитвата, честото учествување во богослуженијата и светите Тајни, живот со црковна свест и совест во напорниот подвиг на борбата против гревот, и, во аскетскиот труд во животот да се применуваат заповедите Божји. Тоа е, значи, живот на љубовта, добротата, трпеливоста, воздржливоста, чистотата, самоконтролата и секојдневното (себе испитување и ) осветување.
 Христијанинот којшто настојува добродетелно да живее според Бога и искрено војува во духовната борба, треба и може да се причестува често, за да се крепи во своето духовно подвижништво и за да ја осветува својата душа. Таквиот христијанин има свој духовник, се исповеда од време на време (а во себе постојано), односно кога поради нешто чувствува грижа на совеста. Него апсолутно ништо не го спречува често да се причестува. Единствено смртниот грев и непокајаноста се препрека на човек да се причестува со пречистите Тајни.
 Христијанин којшто внимава на својот живот и живее во постојано покајание, треба и може да се причестува многу, многу често, што е можно почесто, а ако е можно секоја недела и на секоја Литургија.

Посебности

За да може човек да се причестува со пречистите Тајни, па непрестајно да биде соединет со Господ, особено е потребно:
прво, душевна состојба на стремеж за причестување со Тело и Крв Господови;
второ, духовен живот, како што погоре го опишавме во груби црти;
трето, отсуство на омраза, одмаздољубивост и пакост кон ближните;
четврто, добри односи со ближните; не неправда кон другите, туку добрина и љубов кон сите;
петто, воздржување од смртните гревови, живеење во духот на непрестајно покајание и доживотна борба против гревот, и
шесто, молитвено расположение и љубов кон Бога.

Не се бара посебен пост

За оние коишто живеат според Бога и често се причестуваат, не се пропишува посебен пост. Сите христијани, доколку не постојат сериозни  здравствени причини, се должни да ги држат со каноните определените постови во текот на целата година.
А тоа се:
а) пост во среда и петок, значи воздржување од месо, риба, млечни производи и јајца секоја среда и петок во текот на целата година, освен во Светлата седмица и седмиците од Педесетницата до Неделата на Сите Свети, како и седмиците од Неделата на Митарот и Фарисејот до Неделата на Блудниот Син, кога е дозволено да се јаде с#; исто така е дозволено да се јаде с#, освен месо, во Сиропусната седмица;
б) постови: Чесни или Велики пости, Божикни пости, Пост на светите Апостоли или Петровденски пост и Големобогородичен (Успенски) пост, доколку не постојат сериозни здравствени причини да не се пости.
Постот е подвиг на воздржувањето. Тоа е голема добродетел и должност на сите верни, доколку тоа здравјето им го допушта. Држењето пост од страна на верните христијани им се препушта на расудувањето на нивните духовни отци, кои на своите духовни чеда, при исповедта, поради здравствени причини, можат и да го ублажат. Црквата е човекољубива. Таа секогаш користи таканаречена икономија и има разбирање кон човечките немошти. Не постои апсолутно ниту еден канон којшто определува или пропишува посебен пост пред светото причестување. Христијанинот којшто, според мерката на своите можности и во зависност од своето здравје, држи пост во среда и петок и со светите канони предвидените повеќедневни постови што ги наброивме погоре, може слободно да се причестува секоја недела и на секоја Света Литургија, без никаков, апсолутно никаков додатен пост.
 Првите христијани се причестувале откако претходно јаделе на таканаречените вечери на љубовта. И Господ ја предал тајната Божествена Евхаристија и им дал на Своите ученици да се причестат во текот на Тајната вечера.
Подоцна Црквата, од практични причини, востановила причестување на гладно, односно пред какво и да е јадење, не барајќи да се пости во претходните денови. А во пракса, Црквата секогаш ја имала и светата Литургија служена во вечерните часови, споени со Вечерното за следниот ден, кога верните можат да се причестат слободно, под услов во потполност да се воздржувале од храна барем шест – седум саати.
Просто е обичај, поради стравопочитување кон оваа света тајна, оние кои често се причестуваат да не земаат мрсна храна веќе од претходната вечер.
Многу е погрешно сфаќањето на поединци кои не се причестуваат на неделна Литургија, туку се причестуваат во саботата, оти, наводно, во сабота не е дозволено да се пости. Таквиот обичај и таквото сфаќање претставува заблуда и омаловажување на Светата Литургија која се служи во неделен ден.

Горе реченото не важи за небрежните – (млаки христијани)

Горе реченото важи за христијаните кои се трудат да живат според Бога. Меѓутоа, за оние кои се само по име христијани, а живеат без духовните интересирања, небрежен и невнимателен живот, и не се чуваат од гревот – за таквите не важи горе реченото. Тие млаки христијани обично и не се интересираат за честото причестување. Сметаат дека е доволно кон причесната да се пристапи само два или три пати годишно, оти, како што тие велат, така чини. Оние кои кон причесната пристапуваат главно на Божик и на Воскресение, задолжително треба претходно да се исповедат и да постат во согласност со мислењето на нивниот исповедник. Но, ниту млакиот христијанин од овој вид, којшто само изјавува дека е православен христијанин, а притоа нема изразени духовни интересирања, Црквата, секако, не го запоставува, туку и него со нежна љубов го прифаќа во прегратка. Тој, меѓутоа, не спаѓа во жив член на православната Црква. На верните со млака вера, според икономијата, им се допушта да се причестат два – три пати годишно, и тоа секогаш по постот и исповедта.

Ова е православното учење

Ова е православното учење за честото причестување. Оваа вистина громогласно ја потврдува и разгласува и самата Света Литургија, но и праксата и животот на Црквата. Реткото причестување сведочи за опаѓањето на црковноста и изопачувањето на православниот христијански етос. Значи, сведочи за небрежниот живот, млаката христијанска свест и совест и непознавањето на суштината и целта на Божествената Евхаристија. Значи, оние кои заговараат ретко причестување, вршат насилство над православниот духовен живот, манифестирајќи го своето непознавање на суштината на светата тајна Евхаристија и се наоѓаат во најжалосна прелест или заблуда.

Белешка: ( болдирањата и текстот во загради се на преведувачот)


Беседа, Богословско списание на Епархија бачка, Книга 6, Нови Сад 2004., стр. 51-56.

                                           Избор и превод: Отец Славе П. ПРОЈКОВСКИ


Преземено од Весник, сл. лист на МПЦ

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6412
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5608
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная