логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Carig.Arhangel.jpg

VI. "И НЕ НЕ ВОВЕДУВАЈ ВО ИСКУШЕНИЕ"
— е шестата прозба.

 


Претходно се молевме Бог да ни ги прости гревовите, а сега да не запази од искушенија за да не направиме нови такви гревови.
"Не не воведувај во искушение", значи, не допуштај да бидеме воведени во искушение од оној, кој искушува. Искушението сеуште не е грев, туку прилика и можност за грев за оние што се слаби по волја и по вера, а за цврстите по вера и волја, тоа претставува можност за утврдување во верата и во доброто за издржување и за победа над злото и на искушителот.
Искушението претставува испитување. Бог ги испитувал верата и трпението на Авраама кога побарал да го принесе на жртва својот син за да ни покаже како треба да бидеме покорни на Бога и да ја исполнуваме Божјата заповед (1. Мој. 22,1-19). Така направил и со Јосифа (1. Мој. 39,12) и со Јова и тие се покажале цврсти и достојни, но ние се чувствуваме слаби и немоќни, па Го молиме Бога нас да не не става на таков испит.
Затоа Господ Исус Христос рекол: "Молете се за да не паднете во искушение!" (Лука 22,40). Искушени-јата се победуваат со молитви и со бдеење, како што се вели во Светото Евангелие: "Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение" (Матеј 26,41).
Искушенијата се слични на река преку која тешко се минува, вели Свети Кирил Ерусалимски. Така, едни не пропаѓаат во нив и ги поминуваат како искусни пливачи, а други влегуваат во нив и потонуваат... (се дават). Јуда, на пример, влезе во искушението на среброљубието, не ја прескокна длабочината на реката, не ја преплива, туку се удави и загина духовно и телесно (Матеј 27,5). А Петар, влезе во искушението на одрекувањето, но не потона, туку машки ги преплива брановите и се избави од искушението (Матеј 26, 75).
Молејќи се кон Господа со зборовите "и не не воведувај во искушение", ние не бараме сосема да нема искушенија, бидејќи тоа не е можно, туку ние се молиме, под влијание на искушенијата, да не направиме богонеугодни дела. Ете, тоа значи да не паднеме во искушение.
Според Светото Писмо има два вида искушенија:
1) Искушенија кои доаѓаат преку нешто што ни е моментално и привидно "пријатно" и во таквите искушенија луѓето влегуваат самите доброволно. Такви се: пијанството, прељубодејството, дрогата, убиството и други.
2) Искушенија кои доаѓаат преку нешто непријатно, жално и болно — тие се искушенија без наша волја.
Но, да пазиме да не бидеме искушувани поради нашиот грев. За таквите искушенија, кои не се како казна за гревови, Свети апостол Јаков вели: "Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпеливост... за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток" (Јаков 1,2-4). И уште вели: "Ниеден, кога е во искушение, да не вели: 'Бог ме искушува,' бидејќи Бог со зло не се искушува, и Он никого не искушува" (Јаков 1,13).
Се молиме Бог да не допушта несреќни околности во нашиот живот. Да се сети на нашите човечки слабости и да не заштити. Тешки искушенија и неволји во животот можат да бидат големите загуби, како на пример: загуба на родители, деца, богатство, здравје, глад, помор, болест и слично, или искушенија преку луѓето — кога некој ќе ни направи некое злодело.
Искушенијата обично доаѓаат:
1) од ѓаволот, кој со неговото лукавство и злоба е постојан искушувач и за него Господ Исус Христос рекол дека е "човекоубиец" од века (Јован 8,44). Тој ги ставил на искушение и ги соблазнил првите луѓе (Јован 8,44; 1. Мој 3,1-6) и секогаш, како "противник" на луѓето, постојано "обиколува како лав што рика и бара некого да проголта" (1. Петр. 5,8), т. е. некого да го искуша, да го соблазни, да го воведе во злото и да го погуби.
2) искушенијата доаѓаат и од светот кој "лежи во зло" (Јов. 5,19) и не мами со сета негова соблазна.
3) од лошите луѓе и нивните злодела и
4)  4) од нашето сопствено тело
кое не искушува со своите страсти, похоти и лоши желби (Јаков 1,14).
При размислувањето врз зборовите "не не воведувај во искушение" се раѓа едно важно прашање: — Ако се молиме Бог да не не воведува во искушение, тогаш како ние ќе ја докажеме нашата цврстина и добродетелност, бидејќи во Светото Писмо се вели: "Блажен е оној човек, кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде испитан, ќе добие венец на животот" (Јаков 1,12; Мудр. Сирах. 34,10)? Свети Касијан вели дека со зборовите: "и не не воведувај во искушение" ние се молиме Бог да не допушти да бидеме победени во искушенијата, а не сосема да не бидеме искушувани.
Во Светата Библија се вели: "Не е ли испит земниот живот на човекот?" (Јов. 7,1). Ако така Бог го поставил човекот во овој свет, тогаш зошто велиме: "не не воведувај во искушение"?
Едно е да бидеш воведен во искушение, а друго да бидеш искушуван. Без искушенија не е никој, па дури и Спасителот наш Господ Исус Христос бил искушуван веднаш по крштевањето на реката Јордан (Матеј 4,1-12). Апостол Павле вели: "Вие не го презревте искушението на моето тело" (Гал. 4,14). А во Светата Библија е напишано: "Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета сзоја душа" (5. Мој. 13,3).
Бог никогаш не го искушува човекот (Јаков 1,13), но понекогаш Он допушта искушенија за наша полза, за да не изведе на правиот пат. За таа цел понекогаш може и да не казни, како што направил со праведниот Јов, па ние кога ќе го почувствуваме лошото, ќе можеме правилно да го вреднуваме доброто. Тогаш, исто така, ќе ја сознаеме својата немоќ и потреба од Божјата помош, ќе се смириме и ќе се надеваме на Бога.
Голема е разликата меѓу Божјите допуштања и искушенијата на ѓаволот.
Бог кога ќе допушти страданија, тоа го прави за наше добро, за да не поучи, да не опомене за нашите гревови или за да не зацврсти во верата и во добродетелите. Бог допушта да бидеме искушувани како што се става железото во оган за да постане цврст и квалитетен челик (Јаков 1,2-4). Допушта да бидеме искушувани, но ни дава и сили да истрпиме и да победиме (1. Кор. 10,13; Јаков 1,12). "Бог не допушта искушенија кои ги надминуваат нашите сили и можности", вели Блажени Августин.
Гаволот, пак, не искушува со гревови и со пороци за да не направи, нечисти и слаби, да не оддалечи од Бога и да не однесе во пеколот.
"Не не воведувај во искушение" значи, Господи, не допуштај да бидеме воведени во искушение од оној што искушува (Тертулијан).
Ѓаволот на разни начини и со разни средства ги искушува луѓето, но сепак тој му е покорен на Бога и трепери пред Него. Во Евангелието се вели дека демоните кога Бог ги изгонил од двајцата бесомачни луѓе, тие побарале од Бога да им допушти за да влезат во свињите (Матеј 8,31). Значи, без Божјо допуштање, ѓаволот не може ни кај животните да дејствува, а уште помалку кај луѓето.
Затоа ние Го молиме Бога да не заштити со Неговата рака на милоста за да не паднеме сосема при искушенијата, туку да ги победиме.
Кажувајќи ги зборовите "и не не воведивај во искушенија", ние како да велиме: "Оче наш", спаси не од искушенијата кои можат да не снајдат, а кои не можеме да ги поднесеме и кои ги надминуваат нашите сили, а при секое искушение, не не оставај без Твојата голема милост и Твојата благодатна помош.

 

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.Oce.nash.jpg
Автор: протоѓакон Ратомир Грозданоски - „Господовата молитва“
Издавач: “Магнат”- Скопје
Со благослов на Архепископот  Охридски и Македонски г.г.  Михаил

ПРЕДГОВОР

Возљубени браќа и сестри,
Голема е тајната и силата на Господовата молитва. Во толку кратка молитва, со малку зборови, содржана и искажана е голема духовна сила на молението.
Ако Бог е Отец на христијаните, тогаш тие не смеат молитвено да Го повикуваат преку молитвата "Оче наш" и Отец да Го нарекуваат, ниту Господовата молитва да ја кажуваат додека не се покаат и не се очистат од гревовите свои, оти така заповедал Свети апостол Павле и рекол: "Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!" (2. Тим. 2,19).
Како можеш да Му речеш на Бога "Оче наш," а живееш недостојно, сиот си во гревови и со својот карактер си станал ѓаволоподобен?
Оние, кои Бога Го нарекуваат Отец и кои се молат со "Оче наш" треба да бидат синови Божји, а синот треба да личи на отецот, треба да биде богоподобен во се: во своите мисли, во своите зборови, во своите чувства и во своите дела.
Ако си грешел, пак, брзо покај се и исповедај ги гревовите свои!
Направи и ти како што направил блудниот и непослушен син (Лука 15, 11-32). Погледни кон себе си и во себе си, согледај го гревот свој и обрати се — врати се кај Бога Отецот, па појди в црква кај свештеникот и пред него и пред лицето Божјо со смирение и покајание признај го и исповедај го својот грев, велејќи: — Оче згрешив против небото и пред Тебе и не сум веќе достоен да се наречам Твој син, но прими ме, оти се каам... (Лука 15,18-19). Тогаш Бог ќе ти прости и ќе те прими со радост.
И дури потоа заедно со сите христијани ќе можеш достојно да ја кажуваш молитвата "Оче наш" и Бога да Го нарекуваш твој Отец, а луѓето да ги чувствуваш како свои браќа. Така ќе имаш во себе вистинско богољубие и човекољубие, а тие се двете најголеми заповеди врз кои се темели целиот Закон и Пророците и преку кои се спасува човекот (Матеј
22,37-40).
Авторот.
 

Друго:

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6650
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6452
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5637
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная