Томас Хопко - ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)

Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство на Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другиот пак, за пари го предава со бакнеж.
Поминувајќи од еден празник до друг, од палми и гранчиња, да поитаме, верни, кон возвишеното и спасоносно прославување на Христовото страдање. Да ги гледаме Неговите доброволни страдања, кои заради нас ги претрпе и со благодарност да Му запееме достојна песна: Извору на милосрдието и прибежиште на спасението, Господи, слава Ти!
Вечерна на Цветници
Очистени со душата и духот, носејќи гранчиња на верата, како дечиња да пееме пофални песни на Христа, громогласно воскликнувајќи на Владиката: Благословен си, Спасителе, Кој си дошол да го спасиш Адама од древната клетва и Кој со човекољубието Твое благоизволи духовно да станеш нов Адам, Слово, устројувајќи сè за наше добро, слава Ти.
Утрена, Лазарева сабота
Величествен си, Владико Христе, во многуте чудеса кои ги направи. Зашто Ти со збор им даде светлина на слепите, ги отвори ушите на глувите и повикувајќи го пријателот Свој Лазар, како Бог, Ти го подигна од мртвите.
Големо повечерие, Лазарева сабота
Христос, радоста на сите, вистина, светлина, живот и воскресение на светот, во Својата љубов се откри на оние на земјата и Сам постана образец на нашето воскресение, дарувајќи им на сите божествено проштение.
Утрена, Лазарева сабота