логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Pokajanie5a.jpg

БОЖЈИОТ СТРАВ ВО ДЕЛО ЗА СПАСЕНИЕ НА НАШИОТ БЛИЖЕН

 

Ако некој види дека неговиот брат греши, не треба да го презре и ова да го премолчи, препуштајќи го на погибел; таквиот не треба ни да се прекорува, ни да му се зборува лошо, туку ова тре-ба да се каже, со чувство на страдање и со Божји страв на оној кој е способен да го избави или сами-от тој што го видел гревот негов на таквиот со љу-бов и со смирение да му каже: 'Прости ми, брате мој, ако не грешам, имам впечаток дека не постапуваме добро". Ако не те послуша, кажи го тоа на некој друг за кого знаеш дека има доверба кон него или тоа кажи му го на неговиот старец, или на авва, во зависност од значењето на неговото согрешение, како би можеле тие да го исправат, а потоа исполни се со спокојство. Ама ова можеш да го кажеш, како што рековме, само со цел да го исправиш својот брат, а не да празнословиш или да зборуваш лошо за него и не да би го укорил, не од желба да го разобличиш, или да го осудиш, и не прикриено, прикажувајќи се како сакаш да го исправиш, а во себе криеш нешто од веќе споменатото. Бидејќи, навистина, ако некој го каже ова и на самиот негов авва, но му се обрати, не да го исправи својот брат или да би избегнал лична штета, тоа е грев и станува збор за озборување; туку нека го испита своето срце да не има во него некакво страсно движење и, ако открие дека е така, нека не кажува.
Ако, пак, преиспитувајќи се внимателно, открие дека поводот да се обрати е состраданието и ползата, но одвнатре го измачува некакава страсна помисла, со смирение нека ја исповеда на својот авва и својата состојба и нека му каже она што имал намера за својот брат, говорејќи вака: 'Совеста ми сведочи дека сакам ова да го кажам заради исправување на братот, но чувствувам дека во мене се крие некаква збунувачка помисла - не знам дали е тоа од причина што со тој брат некогаш сум доживеал непријатност или тоа е искушение што не ми дава тоа да го кажам само да не би дошло до негово исправување, и тогаш твојот авва ќе разреши дали ова треба да го кажеш или не. А кога некој говори, како што рековме, исклучиво од полза за својот брат, Бог нема да допушти да дојде до збунување, подоцна да не би дошло до ожалостување или до штета. Во Отечникот се вели: 'Од ближниот и животот и смртта доаѓаат". Секогаш, поучувајте се од тоа, браќа, следете ги зборовите на светите старци, трудете се со љубов и со страв Божји да го барате она што е од полза и за вас и за вашите браќа; на тој начин од се што ви се случува ќе стекнувате полза и духовно напредување со Божја помош.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

Korica.LjubovtakonBoga.jpg

ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ

Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци

Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004

  Друго:

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА

ПРОРОК ДАВИД ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

 СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ 

Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ

ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ

  • КАКОВ ПОРЕДОК Е ПОТРЕБЕН ЗА ИСКАЧУВАЊЕ КОН СОВРШЕНСТВОТО
  • Авва Доротеј - ПАТИШТА НА ДОСТИГНУВАЊА НА СОВРШЕНИОТ БОЖЈИ СТРАВ
  • КОЈШТО СЕ ПЛАШИ, НЕ СЕ УСОВРШИЛ ВО ЉУБОВТА
  • ИЗРЕКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  •  Свети Ефрем Сириски - ЗА ДУШЕВНИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА 

  • Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

  • Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА 

  • Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ 

  • Св. Филарет Московски - ПРИКАЗНАТА ЗА МИТАРОТ

  • Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД

     

  •  



    Видео содржини

    Поуки од Светите Отци

    dobrotoljubie

    Духовност

    Јуни 10, 2023
    TVIT602

    Проскомидија

    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
    Септември 13, 2021

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

    Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

    Сеп 03, 2021 Беседи 5788
    Default Image
    Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 6605
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Живот во служба на Бога и на луѓето

    Јан 29, 2020 Беседи 6385
    3.angeli.so.truba
    Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

    Почитување на Пресветата Мајка Божја

    Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5585
    7.Vselenski.sobor
    Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

    Најново од духовност

    Православен календар

     

    18/04/2024 - четврток

    Велигденски пости; (строг пост)

    Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

    Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

    Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

    Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

    Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

    Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

    Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

    Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

    Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная