логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


В) ПОМАЖУВАЊЕТО НА ДАВИД, ПРАСЛИКА НА МЕСИЈАТА

Околу осум векови подоцна, народот Израилски, кој дотогаш немал друг Цар освен Бога, ја чувствува потребата од земен цар за да го води и за тоа му се обрнуваат на пророкот Самуил.
Ако Самиот Бог го назначува царот, Самуил е тој човек, набожен и мудар, сакан од целиот народ, кој треба да му ја открие мисијата на оној што Бог го избрал. Најнапред Бог беше избрал еден човек силен и убав од племето Венијаминово, по име Саул. Тој храбро го бранеше народот Божји, но неговата послушност ослабна. Тогаш Бог назначи еден млад човек на негово место. Он го избра кога последниов се уште беше младо момче: тоа ќе бид е првиот голем цар Израилски, Давид.
Самуил живееше со првосвештеникот уште од своето детство. Тој Го молеше Бога непрестајно. Неговите современици понекогаш го викаа „пророкот", односно оној што зборува од името на Бога или „видовитиот, оној што ги знае намерите Божји. Воземјата.тој ја вршеше должноста на „судија".
Бог му се обраќа на Самуил: „Оди во Витлеем зашто си избрав цар меѓу синовите на Есеј".
Кога Самуил пристигнува во Витлеем, оди во домот на Есеј и бара да ги види неговите синови. Прв се претставува Елијав, најстариот; Господ му вели на Самуила: „Не гледај ја неговата висока става, тој не е оној што го избрав". Пред Аминадава, неговиот помлад брат, Господ рече: „Ни овој не е. Јас не го гледам надворешниот изглед, туку ги испитувам длабочините на срцето". Седумте браќа минуваат така пред Самуила без ниту еден да биде избран.
Самуил го прашува Есеја дали нема други синови. Му одговараатдека најмладиот, Давид, сеуште младо момче, ги чува стадата. Одат да го бараат: тој е црвенкав, погледот му е жив, неговата става солидна. Господ му вели на Самуила: „Еве го царот што го избрав". Веднаш Самуил го зема рогот за помазување и сипа масло врз главата на младиот избраник кој, со маслото, ги добива квалитетите потребни за цар на народот Божји, на оној што треба да го води Израил и да го зачува Заветот востановен меѓу Бога и Неговиот народ уште од Авраама.
Постапката со која на овој начин Давид е посветен се вика помазување или миропомазание. Со овој гест на Самуил кој излева масло врз главата, Бог се излева во срцето на Давида кој станува цар Израилев пред Неговите очи. Отсега Давид е оној што Бог го избрал. „Помазаник" Божји — на грчки Христос, на еврејски „Месија" Божји — оној што е исполнет со Духот и кој може да го води Израила кон Бога во верноста и правдата.

Г) ПРОРОШТВАТА

Помазувањето е проследено со ветување што Бог му го дава на Давида:

Склучив сојуз со својот избраник,
Му се заколнав на Давида, мојот слуга:
Ќе го одржувам твоето потомство довека,
Ќе го соѕидам твојот престол за ситепоколенија...
Го најдов Давида, својот слуга,
Го помазав со своето свето масло...
Тој ќе ме призива: „Ти си мој Отец,
Бог мој и застапник на моето спасение...
А јас ќе Му ја запазам својата милост засекогаш
И мојот сојуз ќе Му биде верен". (Псалм 88).

Со ова ветување Бог се нафаќа да го продолжи неговото потомство, неговото поколение засекогаш; да му го даде неговиот престол, неговото вечно царство; односно, дека еден потомок Давидов ќе биде поголем од своите претци, дека неговото царство ќе има една друга димензија - димензија на вечноста. Тоа ќе го потврди псалмот 44,6 — 7:

Боже, Твојот престол е во сите векови,
Скиптарот на Твојата правда е скиптар на Твоето царство.
Ја сакаш правдата и го мразиш беззаконието,
Затоа Бог те помаза, твојот Бог,
Со масло на радоста позеќе отколку твоите соперници.

Затоа самиот Давид на својот потомок ќе му го даде називот „Господ" извикувајќи:

Господ му рече на мојот Господ:
Седи од Мојата десна страна
додека не ги положам
непријателите твои
под нозете твои (Псалм 109/110/, 1).

Овој вечен карактер на царството на потомокот Давидов, на идниот Цар Израилев, ќе биде потврдено од пророк Даниил кој, именувајќи го „Син Човечки", ќе рече за Него:

Неговата власт е вечна и нема да мине
и Неговото царство не ќе има крај. (Даниил 7,14).

Уште повеќе: не само што царството на Синот Човечки, на овој син Давидов, ќе биде вечно, туку ќе биде и универзално, ќе се простира на целата вселена:

Ќе ти ги дадам народите во наследство,
краиштата на земјата во посед (Псалм 2,8).

Псалмот 71 го опишува однесувањето на овој вечен и универзален Цар, неговата љубов кон бедните и слабите.
Околу два века подоцна, големиот пророк Исаија (чија мисија ќе започне 740 год. пред Исуса Христа) ќе го опише на зачудувачки начин Оној Кого Бог ќе го помаже со Својот Дух за да му овозможи да владее над својот народ:

Народот кој одеше во темнина
виде голема светлина;
на оние што седеа во мрачна земја
им засветли светлина.
Ти ја умножи нивната радост,
тие се веселат пред Тебе
како што се радуваат на жетва...
Зашто ни се роди дете,
Син ни седаде,
кому власта му е на рамото;
името ќе мубиде:
Дивен Советник, Бог Силен,
Отец вечен, Кнез на Мирот.
Неговата власт се простира
во бескраен мир
за престолот на Давида и за неговото царство
што го уредува и утврдува
во судот и во правдата
отсега и довека... (Исаија 9,1 -6).

Во 42 глава, 1 — 4 стих од книгата на Исаија, пророкот ќе ни го открие карактерот, основниот белег на овој Кнез на Мирот за кого Давид беше само праслика:

Еве го мојот слуга што го поткрепувам,
Избраникот мој кој и е мил на мојата душа;
Духот свој го положив врз него
за да им донесе суд на народите.
Тој не вика, не го подига тонот,
гласот негов не се слуша по улиците,
не ги крши здробените трски:
треперливиот пламен не го гаси,
суд донесува според вистината,
нема да му здодее, нити ќе се измори додека не
воспостави правда на земјата,
зашто далечните земји ја очекуваат Неговата наука.

Овој Син Давидов, „овој Потомок од коренот на Есеја" им донесува суд на народите, бидејќи Духот Господов е врз Него:

Еден потомок излегува од коренот на Есеја,
фиданка расте од неговите корени:
врз него е Духот Господов,
Дух на мудрост и на разум,
Дух на совет и на сила,
Дух на знаење и на стравод Господа (Исаија 11,1—2).

Да, Духот Господов е на Него. Самиот Он ќе го каже тоа преку устата на пророкот 61 гл. стих 1 од Исаија:

Духот Господов е на Мене, зашто Господ Ме помажа (Ме направи Христос). Ме испрати да ја пренесам Благата Вест на бедните, да ги завијам ранетите во срцето, да ја огласам слободата на заробените...

Овој текст е суштински бидејќи, не само што однапред ја опишува службата на ид ниот Христос, туку ни ја објаснува и самата природа на Неговото помажување: „Духот Гоподов е на Мене, зашто Господ Ме помажа".
Реалноста на Неговото помажување не е маслото што една човечка рака го излева врз Неговата глава, Туку Духот Господов кого Самиот Бог го излева врз Него: Он е Христос затоа што Бог го излева врз Него својот Дух. Христос е значи: „Оној врз Кого почива Духот" (Јован 1, 33). Затоа Исус ќе го прочита овој текст во Назаретската синагога и ќе го примени на Самиот-Себе велејќи им на насобраните жители: „Денеска се исполни ова место од Писмото, што го чувте" (Лука4,16-21).
Псалмите 2 и 88 ќе ни ја предадат врвната тајна за Христа: Он е, о неизмерливо чудо, Син Божји: Самиот Бог го потврдува тоа преку устата на псалмопеецот: „Ти си Мој Син, денес Јас Те родив" (Псалм 2,7) и „Јас го помажав со моето свето масло... Он ќе Ми вика: Ти си мој Отец" (Псалм 88, 21, 27).
Помазанието и синовството се, значи, поврзани едно со друго.

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: проф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5859
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6663
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6469
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5654
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная