логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Томина недела

Неделата по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил присутен. Подоцна, тој посакал Христос да му се јави за и него, за да го увери во воскресението. Осум дни по Пасха, апостолот Тома [наречен и Близнак] своето неверие го заменил со вера, кога неговите сомнежи ги отклонил самиот Господ, Кој влегувајќи низ затворена врата во собата во која апостолите биле собрани на молитва, го повикал Тома да ги допре Неговите рани. После таа случка, апостолот извикал: „Господ мој и Бог мој!“.

Денот е наречен и Антипасха, но не со значење „ден на безбожниците“, односно антипасхалистите. Зборот „анти“ не значи само против, туку исто така и кон, наместо. На овој ден завршува осмодневното славење на Воскресението Христово. Многу свети отци, како св. Јован Златоуст и св. Августин Ипониски, како и шпанската монахиња Етерија која во 4 век престојувала во Ерусалим, го сведочеле ова празнување.

Богослужебно, Томина недела е „мала Пасха“: се служи речиси истата Пасхална литургија. Покрај главната тема за исповедањето Томино [„Господ мој и Бог мој!“], спомнуваме и за славното слегување на Исус Христос во адот, каде на умрените им ја објавува Својата победа над гревот и смртта, и Своето вечно прославување [1 Пт. 3,18-19]. Поредокот на службата за овој ден, е сличен и со поредокот на службите на Дванаесетте Господови празници, само без паримии, но со литија и стихири.

Од овој ден повторно се совршуваат молитви за упокоените, по прекинот од Лазарева сабота [од овој период на условна забрана изземени се четириесетдневните парастоси]. Во понеделникот кој следи се служат парастоси на гробовите, преку кои живите членови на Црквата како да го празнуваат Воскресението заедно со нејзините упокоени членови. На парастосите и погребенијата сè до одданието на Велигден, наместо трисвето се пее пасхалниот тропар.

Во Византија, од Пасха до Антипасха не се случувале коњски трки, ниту пак било кои други игри. Оние кои се крштевале на Велика Сабота се облекувале само во бела боја, по што од овој ден продолжувале да се облекуваат вообичаено [секојдневно].

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2058
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 506
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная