логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Крф е најсеверниот остров во Јонскиот Архипелаг, втор по големина, а во православниот свет е познат како островот каде што почиваат нетлените мошти на св. Спиридон Чудотворец и св. царица Теодора, поради што голем број на верници го сметаат овој остров за неизбежна дестинација. Не помалку посетен е и манастирот на Пресвета Богородица – Палеокастрица.

Свети Спиридон Чудотворец

Светиот Спиридон е потекнува од едно мошне сиромашно, но многудетно семејство на Кипар. Се оженил во раната младост и него самиот Бог го благословил со многу деца. По упокојувањето на неговата жена, се предал на служба на Бога. Заради свoeтo oсoбeнo благoчeстиe бил избран за eпискoп вo градoт Тримифунт. Нo тoј и какo eпискoп нe гo прoмeнил прoстиoт начин на живeeњe, трудeјќи сe личнo сам oкoлу свoјата стoка и oбрабoтувајќи ја зeмјата. Сo Бoжја сила пoкажал мнoгу чуда: измoлил дoжд вo сушнo врeмe, гo запрeл тeчeниeтo на рeката, вoскрeснал нeкoлку мртoвци, гo исцeлил царoт Кoнстанс oд тeшката бoлeст, ги видeл и ги слушнал ангeлитe Бoжји, прoзирал вo иднитe случувања и вo тајнитe на чoвeчкoтo срцe, oбратил мнoгу кoн вистинската вeра итн.

Учeствувал на Првиот всeлeнски сoбoр вo Никeја и сo свoeтo прoстo, нo јаснo испoвeдувањe на вeрата, какo и сo мoќнитe чуда, пoвратил мнoгу eрeтици вo правoславиeтo.

Неговите свети и пречесни мошти се чувале на Кипар до наездата на арапите во седмиот век, кога биле префрлени во Константинопол, од каде што по втор пат, пред падот на Градот, биле префрлувани низ балканските земји, за на крај, околу 1460 година да бидат пренесени на Крф од страна на монахот Калохеретис. Жителите на овој остров го сметаат св. Спиридон за свој небесен покровител и застапник пред Бога, поради многуте чуда кои овој велик отец ги извршил за нив.

Литија со неговите мошти се одржува четири пати во годината, и на секоја од нив се спомнува за некој особен настан во кој верниот народ се уверил во застапништвото на светителит: на Цветници, кога според преданието, светителот го заштитил локалното население од чума, на Велика Сабота, кога по неговите молитви жителите биле избавени од глад, на 11 август, кога се случило чудото со избавување на островот од османлиската опсада во 1716 година, и првата недела од ноември, кога повторно, светителот го избавил островот од чумата што му се заканувала. Црквата што го носи неговото име се наоѓа во центарот на градот Керкира, и во неа секојдневно притекнуваат реки од верници од сите страни на светот, кои доаѓаат да се поклонат и да ги целиваат моштите, или да се заблагодарат за избавувањето од зла кои, според нивната вера, се случила по молитвите на овој светител.

Света царица Теодора

Покрај св. Спиридон, на островот Крф се чуваат и нетлените мошти на св. царица Теодора, жената на иконоборниот цар Теофил. Како што знаеме од црковната историја, токму оваа царица го свикала соборот на кој била осудена иконоборечката ерес, и се востановило празнувањето на Неделата на православието во првата недела од Постот.

Нејзините мошти се наоѓаат во црквата посветена на Пресвета Богородица – Спилиотиса и св. Власиј. Секоја година, во Неделата на православието низ улиците на Керкира се одржува литија со моштите на светата царица, по што се чита Синодиконот на Православието. Манастир Палеокастрица

На дваесетина километри надвор од градот Крф, на западната страна на островот, се наоѓа манастирот на Богородица Палеокастрица (врска до веб презентацијата на манастирот – http://www.panagiapaleokastritsa.com/ ), во кој моментално се подвизува осумчлено монашко братство, под раководство на Неговото Преосвештенство, Епископот Ефтимиј. Манастирска слава на овој манастир е празникот на Богородица – Животоносен источник.

Извор: http://pravoslavie.mk.

 

http://pravoslavie.mk/krf-ostrovot-na-sveti-spiridon-cudotvorec/

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2037
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2057
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 503
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная