логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

vselena.jpg
Добитникот на Нобеловата награда, професорот доктор по медицина Алексис Карел, ја нарекува молитвата најмоќниот облик на енергија. Според него тоа е сила еднаква на силата на земјината тежа. После него познатиот американски научник др. Х.Ј.Стовел, во едно чудесно откритие, ја измерил моќта на молитвата.
     "Бев циничен атеист...Еден ден работев во големата патолошка лабараторија на една клиника. Се бавев со задача како да ја измерам брановата должина и јачина на зрачењето на човечкиот мозок.
    Сакавме да истражиме што се случува во човечкиот мозок кога човекот преоѓа од живот кон смрт. Избравме една жена која боледуваше од смртоносен рак на мозокот. Жената беше духовно, психички потполно нормална. Гледајки воопштено, токму нејзината животна ведрина  беше изненадувачка, покрај нејзинота безнадежна телесна состојба. Знаевме дека е пред смрт. И таа тоа го знаеше. Исто така знаевме дека се работи за жена која живееше со вера во Спасителот Христос.
    Непосредно пред нејзината смрт, сместивме во нејзината соба високо осетлив апарат за снимање. Тој апарат требаше да ни покаже што се случува во нејзиниот мозок во последните минути. При тоа на креветот сместивме уште  и мал микрофон за да можеме да слушнеме што зборува, ако воопшто сеуште можеше  да даде било каков знак за живот.
   За тоа време ние се сместивме во соба до нејзината. Бевме петмина трезвени научници. Меѓу нас јас бев најтрезвен и најтврд. Полни со исчекување и внатрешна напнатост, стоевме под своите инструменти. Стрелката стоеше на нула и можеше да покажува се до 500 степени  во позитивно вреднување на десно и 500 степени во негативно вреднување на лево. Пред некое време , со помош на истиот апарат, ја меревме емисијата на една радио станица чија што програма беше испратена во етерот со јачина од 50 кЊ. Се работеше за порака која мораше да биде пренесена околу целата земјина топка. Со тоа мерење востановивме вредност од девет степени позитивно мерење.
      Ни се причини дека на болната и дојде последниот миг. Одеднаш зачувме како почна да се моли и да го слави Бога. Го молеше Бог да им прости  на сите луѓе кои во животот и направиле неправда. Тогаш ја изрази својата цврста вера во Бога со зборовите: " Знам дека Ти си единствен доверлив извор на сила за сите Твои созданија и тоа и ќе останеш". Му заблагодаруваше за силата со која Ја носел целиот нејзин живот, како и за сигурноста што смее да биде Негова сопственост. Му сведочеше дека нејзината љубов кон Него и покрај своето страдание, не се намалила. Во моментот кога зборуваше за простувањето на своите гревови преку Исусовата жртва, од нејзините зборови одекнуваше неопислива среќа. Конечно, ја зафати радост при помислата дека наскоро ќе смее да го гледа својот Искупител.
    Потресени стоевме пред својот апарат. Веќе и заборавивме дека всушност сакавме да истражуваме. Се погледнавме и при тоа не се срамевме од своите солзи. Толку бев обземен од тоа што го слушнав, што морав да плачам, така како што од своето детство не сум правел.
   Изненадно, додека жената сеуште се молеше, слушнавме на својот апарат некој звук кој што тропаше. Кога погледнавме, видовме дека стрелката покажуваше 500 степени позитивно и непрестано удираше на границата на апаратот.
     Нашите мисли се престигнуваа една со друга. Со техничкото мерење сега по прв пат ја откривме неверојатната реалност : мозокот на жената што умираше , која со молитвата беше соединета со Бога, разви сила која беше 55 пати посилна од силата на зрачењето на онаа светска радио станица!
   Во тој миг почна да се руши мојот атеистички поглед на свет. Стоев пред лицето на сезнајниот Бог. Ми се виде потполно смешно моето неверие. Така станав среќен Христов следбеник...".
  
      Од книгата " Помош од одондестраноста – што може молитвата", Rhom Verlag, Bietigheim

Подготви: Сузана Стефановска

Посети:{moshits}

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

« »