логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Насилството и вулгарниот јазик ја запоседнаа сцената

Каде сме ние, со нашиов актуелен наплив на крв, сперма и пот, зачинети со насилство, пцости и останатите сензации - на еден од споредните театарски колосеци, на кои секогаш се пренасочуваат
возовите што доцнат, вели театрологот Лужина

Насилство, вулгаризми, уличен јазик се' почесто е понудата од сцената на театрите во земјава. Авторите на „таквите“ претстави сметаат дека општеството требало да се преслика на сцената. Други, пак, се категорични дека на сцената на националните театри не може да се сквернави македонскиот литературен јазик. „Касапски кучиња“, „Ова не е американски филм“, „Чикашки перверзии“, „Големите очекувања“ донесоа младешка енергија на нашите сцени, но отворија и многу прашања.

За актерот Ѓорѓи Јолевски, националните театри треба многу да внимаваат на јазикот што го користат.

- Големите театарски куќи не би требало да го промовираат вулгарниот јазик, тоа повеќе им прилега на самостојни театарски групи, кои речиси и да ги нема кај нас. Тој јазик е препознатлив за т.н. „театар на улицата“, но кога големите театри го промовираат, тогаш има конфликт во нивната основна дејност - да ја едуцираат публиката. Театарот е едно од местата каде што македонскиот јазик мора да се негува. Актерите се амбасадори на нашиот јазик, а нам ни се заканува да го загубиме и тоа е страшно. Ако не зборуваме во театрите и во училиштата правилно, тогаш каде? - прашува Јолевски.

За театрологот Јелена Лужина, вулгарниот јазик во нашите театри е одлика на т.н. нова европска драма.

- Театарскиот тренд, кој како своевиден „насилнички мејнстрим“ успеал да ги маркира театарските сцени во текот на 90-тите години, ја наметна драматургијата што во недостиг на „попаметна“ квалификација, критичарите и театролозите ја нарекоа драматургија на крв, сперма и пот, односно, на сите видови телесни излачувања. Обидувајќи се да избегаат од емоциите, во текот на мачните 90-ти години драматургијата и театарот „забегаа“ накај насилството и физиологијата. Кога ги читате или ги гледате дури и најдобрите автори од таа фаза - Сара Кејн, Марк Рејвенхил, Мариус фон Мајернбург, Василиј Сигарев - таа физиологија и тоа насилство едновремено ќе ве згрозуваат, плашат, разгневуваат. Попатно, кон трендот инклинираше безмалку сиот опус на Дејан Дуковски. Неговиот странски успех најтесно е сврзан токму со трендовскиот подем кон кој успешно се приклучил - смета Лужина.

Билјана Срблјановиќ, Тена Штивичиќ се репрезенти на новиот европски бран, додава Лужина.

- Е, каде сме тука ние, со нашиов актуелен наплив на крв, сперма и пот, зачинети со насилство, пцости и останатите сензации? На еден од споредните театарски колосеци, на кои секогаш се пренасочуваат возовите што доцнат - вели главниот истражувач во Институтот за театрологија, при ФДУ.

Според директорот на Македонскиот народен театар, Сашо Миленковски, младите режисери треба да користат јазик што ќе им донесе нов сценски квалитет.

- Јазикот на секој народ е стожер на неговата особеност, медиум во кој живее мислата - извор на договори и недоразбирања. Јазикот може да биде и света земја на промислата на еден народ. Но, тој е жива материја, носи и амалгам на семантички променети значења, кои се во доменот на духот на времето, но и во доменот на колоквијалната мода. Во слободна земја, јазикот е израз на слободата, од што произлегува негово слободно користење на сопствен ризик. Ги охрабрувам младите режисери во ревизија на сценскиот јазик доколку тоа им носи нов сценски квалитет, нова онтолошка диоптрија. А како директор, мислам дека модата не е во мода - вели Миленковски.

Да се дозира употребата на уличниот јазик таму каде што навистина има функција, смета директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев. Последната претстава на таа сцена - „Касапски кучиња“ во режија на Бојан Зафировски била неопходна за Драмски да има побогат репертоар, но овој театар нема да продолжи со таа тенденција.

- Идејата на „Касапски кучиња“ беше да направи синтеза со филмската уметност, зашто двете се многу поврзани и најчесто филмот се потпира на драмски текстови. Ние сакавме да го направиме обратното. Драмски театар е граѓански репертоарен театар. На репертоарот имаме претстави од различен жанр и внимаваме на јазикот. Примерот со „Касапски кучиња“ беше еден од тие видови жанрови, но никако нема да стане тенденција. Младите одлично реагираат на претставата, но нема да продолжиме со таков тип претстави и тоа да биде тенденција. Некои театри сакаат на таков начин да се додворат на публиката и сметаат дека таа тоа го сака. Во наредниот период ќе се занимаваме повеќе со класика, зашто на нашиот репертоар ја има малку. Одамна не сме поставиле ново дело - објаснува Ѓорчев.

Тој додава дека во наредниот период Драмски театар ќе се занимава со поинаков театар. Режисерот Златко Славенски ќе постави претстава под наслов „Супер нова“, која ќе сублимира неколку автори.

Среба Пашовска

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 31, 2023

Промоција на Речник на медиумска писменост

Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата. Целта за неговото…
Март 09, 2023
Jovana.matevska

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел еден животен век без да ја раздвижат душата и да ја пуштат низ ребрата, кои таму се поставени само физички да ја додржуваат, но не и духовно да ја ограничат. Затоа што…

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Ное 29, 2022 Ликовна уметност 580
1926.Sava.SHumanovich
Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот…

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

Сеп 26, 2022 Ликовна уметност 904
TViTer448
„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји.…

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 1345
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »