логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail



Скопје, 27 март (МИА) - Правејќи театар, се учиме да го видиме тоа што е очевидно но не го гледаме, бидејќи немаме навика да гледаме. Тоа што ни е секојдневно останува невидливо за нас. Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот.

Ова е дел од меѓународната порака по повод Светскиот ден на театарот 27 Март, која годинава ја напиша познатиот бразилски театарски режисер, драмски писател и политичар Аугусто Боал.

- Кога гледаме подалеку од привидното, здогледуваме угнетувачи и угнетени во сите општества, во етничките заедници, кај половите, класите и кастите. Гледаме еден неправеден и суров свет. Треба да креираме еден поинаков свет, зашто знаеме дека е тоа возможно. Нам ни е дадена привилегијата да создадеме поинаков свет со наши раце, на сцената и во животот, истакнува Боал.

Македонската порака по повод Светскиот ден на театарот оваа година ја напиша Ѓорѓи Јолевски, актер на Македонскиот народен театар. Во неа тој, меѓу другото, нагласува дека театарот е идеална уметничка творба која нуди средба со самиот себе.

- Театарот е магија која е многу конкретна во своето предупредување, коментирање на реалноста но и дијагностицирање на аномалиите на таканаречената реалност...Актер сум и светот го гледам преку призмата на театарот. Тоа е местото каде што се чувствувам жив. Местото каде што можам слободно да дишам. И да верувам дека мојот партнер – гледачот, после добиената доза волшепство, ќе се врати во својот свет променет, наведува Јолевски во својата порака.

Одбележувањето Светски ден на театарот е иницирано на 9. Светски конгрес на Интернационалниот театарски институт - ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од наредната година тој се слави на 27 март - датумот кога е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз. Денес тој на различни начини се одбележува од речиси сто национални центри на ИТИ.

Интернационалниот театарски институт ИТИ е основан во 1948 од УНЕСКО и е најважната меѓународна невладина организација во областа на изведувачките уметности. ИТИ настојува да ја промовира интернационалната размена на знаења, да го стимулира творештвото и да ја зголеми соработката меѓу театарските луѓе и заемното разбирање со цел да се зајакне мирот и пријателството меѓу народите.

Настаните што низ светот се организираат на Светскиот ден на театарот се обид да се остварат тие цели. Интернационалната порака се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред претставите во театрите низ светот. Жан Кокто е автор на првата меѓународна порака во 1962 година. Од 1997 Македонскиот ИТИ центар го одбележува Светскиот ден на театарот и со македонска порака. хс/дма/8:45



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…
Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 615
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 936
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 1014
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »