логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Москва, 16 октомври 2011 (МИА) – Во Москва синоќа свечено беа отворени Деновите на македонската култура во Русија, со концерт во реномираниот Конзерваториум „Чајковски“, на кој со Московската филхармонија како солисти настапија оперските уметници Ана и Игор Дурловски.

Манифестацијата, која ќе трае до 18 октомври, ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која ги нагласи пријателските односи меѓу Македонија и Русија, посебно во областа на културата.

-  Оваа ноќ во Москва е историски датум со неизбришливо значење за руско-македонските духовни односи, кои ги одбележуваат епохите од свети Кирил и Методиј до свети Климент и Наум и градот Охрид како словенски Ерусалим, од каде што рускиот кнез Владимир пред повеќе од илјада години го пренел  вечниот пламен на христијанската љубов што трае до ден-денес, рече Канческа-Милевска.

Во своето обраќање таа ги спомна културните врски со Русија на најистакнатите творци и интелектуалци  во македонската култура и наука.

- Големиот македонски поет Константин Миладинов ја напишал својата митска песна „Т’га за југ“ во Москва; македонскиот книжевник и преведувач  Рајко Жинзифов целиот свој живот му  го посветил на руско-македонското зближување; првиот македонски митрополит Партенија Зографски, со своите дела го одбележал историскиот сон на руско-македонското духовно единство.  Григор Прличев, вториот балкански Хомер, ја напишал првата пансловенска граматика во Македонија, а врвниот интелектуалец на македонската национална политичка  револуција,  Мисирков, ги поврзал своите визии за модерна Македонија со својата безгранична љубов спрема Русија во своето капитално дело „За македонцките работи“, истакна министерката за култура.

Канческа-Милевска посочи и дека минатогодишните Денови на руската духовна култура во Македонија и оваа манифестација, која покрај во Москва ќе се одржува и во Санкт Петербург, зборуваат за континуитетот и желбата заеднички да се надминат границите на сопствениот културен простор.

Концертот во Конзерваториумот „Чајковски“ го водеше холандскиот диригент Артур Арнолд. Покрај арии од делата на Хендл, Моцарт, Белини, Верди, Доницети, беа изведени и обработени македонски народни песни.

Деновите на македонската култура во Русија дутре продолжуваат во Санкт Петербург и завршуваат во вторник. хс/ва/10:08



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…
Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…

Беседи

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

« »