логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Запис со јад, со скрб, со достага во душата

Петре Бакевски

Никој не го сопрел времето. Ниту за добро, ниту за лошо. Ниту за животот, ниту за смртта. Несопирливо си врви тоа и кога зема и кога дава. И кога дарува и кога казнува. Но, сепак, тоа и таквото својство на времето знае да се вгнезди во срцето, во душата, знае да крикне, да офне, знае кога-годе да ја пробуди совеста, да ја укори, да ја коригира грешката на глувиот одмин.

Ех, големи и тешки облаци од достаги во мислите. Надрочени непогодици. Одминало времето на настанот, а веста стигнува со големо задоцнување. Светкавицата светнала отаде небото, а звукот отпосле патува, патува... Како далечно ехо. Како неверчив знак што ти ја стресува душата. Растреперуваш. Замолкнуваш. Горчливо подголтнуваш. Пелин. Умрел пријател. Човек. Писател. Громовник на зборот. Поклоник на добрината. Одврзувач на јазлите на злото. На лицемерието. На омразите и на завистите. Позитивна личност. Дарбалија. Со озарено лице, со пријатна благоугодна насмевка.

Тој човек, тој пријател и писател има име. Се вика Борис Вишински. Добро познат човек, личност, творец од поголем формат, оригинален во осумдецениското создавање и оформувањето на своето битие. На својот карактер. На својот профил. И на своето повеќезначно дело.

Ете ја злоочната вест: умрел Борис Вишински.

Во неверица дојде таа вест. Дојде задоцнето. По смртта, по погребанието, по ненадејното, тивко и нечујно заминување од земниот живот.

Ја шептиме таа вест низ скопскиот студец со стегнати заби. Ја цедиме веста од мразулците на овенатите стреи на очуденоста. Со задршка во зборот, во скрбна здивка, ја проверуваме кај пријатели. Еднаш, уште еднаш, многупати, таму-ваму, и с? во недорек. И добро е што е така, сомнежна, дај боже да не беше така. Ама сепак веста била точна, болна, неповратна: умрел Борис Вишински. Веќе бил мртов. Веќе бил погребан. Веќе си ја преселил душата во небесните пространства на прошката. Не оставил во недоумение - зошто си заминал сам?! Ама знаеше тој, си мислам во себе, таму, во вечниот дом на починот секогаш се заминува сам, осамен, во молк и во тишина, тихум-тихум, без врева, во спокој со спуштените клепки под капакот на дрвениот ковчек на судбината.

Знае, ќе се срдиме и ќе се лутиме. Ама, исто така знае дека ќе го бараме низ ширната „Партизанска од Тафталиџе до Буњаковец. Тука шеткаше, тука ги одмеруваше и чекорите и мислите, тука катаден пладнуваше, тука е, ќе го споменуваме. А, има зошто да биде споменуван. Има многу работи. Пред се - човештината, добрината, благоста, душевноста што им ја вдахнуваше на зборовите што ги изговараше. И над се трајно ќе го паметиме по делото. По книгите. Во обемното творештво. Тоа дело не ни припаѓаше само нам, на Македонците. Тоа дело беше распослано низ целиот свет. На сите меридијани. На многу, навистина на многу, речиси на недобројни јазици.

По тоа Вишински беше специфичен. И свој во своето битие. Беше најпреведуван македонски писател. За наши прилики, просто неверојатно. Затоа и нашата книжевна средина реагираше со - зазор. Со неверица. Некогаш со подбив. Безочно. Простачки. Паланечки. Провинциски. Тој на тоа реагираше со ширна и ведра мисла. Велеше, колку душмани дома, стотина пријатели повеќе во светот!

И така беше. И сам сум се уверувал во тоа. Многупати сум бил сведок на мноштво срдечни средби со голем број негови пријатели во светот. Го почитуваа, го ценеа, му ја сакаа и му ја прифаќаа неговата литература. Повеќето негови романи, неколкуте книги раскази и новели. Доживуваше неверојатно многу преводи. И сите тие беа проследени со фантастични и одушевувачки прикази од угледни, познати писатели и книжевни личности од светот. Ние овде, дома, низ книжевните дувла на зависта и омразата, намрешкани се чудевме на тие успеси на Борис. Многупати ги газевме под стапалките на жолчноста, а занесно и самофалбено живеевме и се препелкавме во зачадените гнезда на локалните возвеличени манипуланти на книжевните вредности. Го потценувавме светот, го исмејувавме, му се ругавме. Ние си имавме наша мера, тукашна, само наша, во лажен зрачец обвиена само до првото бртце на нашето провинциско слепило.

Борис Вишинскии беше човек кој одамна ги беше надминал нашите причудливи бртца. Таква му била судбината. Уште во најраната младост живеел во Турција и во Иран, па во Париз, Стокхолм и во Рим. Патувал низ цел свет. Беше полиглот. Зборуваше многу јазици. Имаше многу пријатели низ светот, особено писатели и издавачи. За развојот и афирмацијата на македонската литература во светот има направено недобројни афирмативни акции. Има објавено и пласирано повеќе антологии, а речиси нема македонски писател кому му нема презентирано преводи на некој од светските јазици. Со голем удел е вграден во развојот на „Струшките вечери на поезијата“, на „Рациновите средби“, на „Деновите на сесловенските просветители“ во Рим... На неговата животна и творечка полица на сеќавањето трајно и горделиво ќе стојат романите „Сенки и жед“, „Виножито“, „Лавина“, „Клисура“, „Тесно море“, „Круна од песок“, „Кожа во облаци“ и „Крстот на Богомил“, збирките раскази „Дрвени брегови“, „Барбара“ и „Молитви“. Во последните „Молитви во еден расказ“ ќе запише: „Човекот е во постојано бегство пред животот, пред луѓето, пред смртта, пред себеси!“

Зар го предвиде и последното самотно бегство од нас!

Тихувај пријателе Борисе, тихувај и не се срди на молкот македонски за тебе. Тие што треба да зборуваат за тебе, безобѕирно молчат. Што да се прави, такви се, наперчени, ниту мртвите ги слават, ниту живите ги почитуваат! Биди си спокоен: ти го надмина животот!

Борис Вишински сто отсто беше наш човек. Но, сто отсто беше и на светот.

 Извор: Утрински весник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1281
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1604
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная