логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

17 мај 2012

Солт лејк трибјун - Солт лејк

@BarackObama е на Твитер. Исто и @MittRomney. Како и сите оние гласачи кои ја следат претседателската трка 2012, го знаеле тие тоа или не.

Кандидати, стратези, новинари и политички зависници се придружија на Твитер, скретницата за социјално вмрежување каде информациите од фаворитот до базата се споделува преку пораки со 140 карактери, попознати како „твитови“.

Додека релативно малкумина гласачи се на Твитер - според студијата која ја направи Пју рисрч центарот која открива дека само околу 13 проценти од полнолетните американци се придружиле на оваа веб страна - тоа станува есенцијална алатка за кампањите за тестирање на главните теми, и во споделувањето вести со политички поврзаните „влијателни личности“ кои ги процесираат и споделуваат овие пораки со поширокиот свет.

Да поедноставиме. Кога еден гласач ќе биде изложен на каква било  информација поврзаната со политичката трка, шансите да се биде во тек се филтрираат прво преку Твитер.

„Палетата на разноликост на луѓето кои се на Твитер е можеби релативно малечка, но тоа е политички мотивирана публика чие влијание се протега и додека се жонлајнж (на интернет) и кога не се“, вели Хедер Ламер, професор по комуникации на универзитетот во Минесота, која ги истражува социјалните медиуми. „Не е директната порака таа која има најголемо влијание врз луѓето - туку е тоа индиректната порака“.

Никој не верува дека кампањата ќе биде добиена или загубена преку Твитер, туку е тоа само еден малечок дел од огромниот комуникациски обид преку кој се одвива претседателската кампања во сајберпросторот. Но, со добро спакуван напад со 140 карактери, кандидатите влијаат врз покривањето на изборите, одговараат на обвинувањата или ги наметнуваат темите за разговор.

Се разбира, ова не е прв пат технологиите да го менуваат начинот како се одвиваат кампањите. Радиото, телевизијата и интернетот беа прифатени во кампањите, овозможувајќи им на гласачите повеќе достапност, и повеќе контрола во нивните пораки. Но радиото и телевизијата се во моментов најслабо посакуваните медиуми - од јавноста па се до новинските мрежи. Никогаш порано базичните технологии, како што е Твитер, не им дале и гласност и моќ на милионите гласачи, а на кандидатите ова им дава можност со реално време да ги следат ефектите од нивните пораки и да ги менуваат во лет, ако е тоа потребно.

А тоа значи дека наративот од кампањата во 2012 засекогаш ќе се смени.

Пред четири години, Твитер беше релативно млад и беа испратени само 1,8 милиони твитови на денот на изборите во 2008. Сега, Твитер добива исто толку на секои осум минути.

Обраќањето на Обама на синдикатите во 2012, привлече 800.000 твитови, велат од Твитер. А твитовите во кои се спомнува Рик Санторум скокнаа од меѓу 10 и 20 на минута на 2.500 во минута, кога излезе веста дека тој се откажува од трката за републиканска претседателска номинација.

Но кампањите и на Обама и на Ромни активно го прифатија Твитер, употребувајќи го директно да комуницираат со подржувачите и, што е уште поважно, да го усмеруваат политичкиот дијалог на начин кој е далеку поефективен од веб страните. На ум секогаш треба да ја имаме и опасноста од Твитер, заради кои тимовите во изборните штабови го следат сајтот од евентуални проблеми на кои треба да одговорат, па се до следењето на гафовите на ривалите кои се идеални за искористување.

„Во нашиот тим разбираме дека најважните теми во оваа кампања се работните места и економијата, а не контроверзите на денот објавени на Твитер“, вели портпаролот на Ромни, Рајан Вилијамс. „Но мораме да следиме се и да ги следиме сите аспекти од трката. Твитер ни помага да го држиме прстот на пулсот заради брзоменувачките настани во новиот медиум“.

Влијанието на Твитер минатата недела се покажа на дело.

Обама во предупредувањето дадено за студентската публика, дека каматите на нивните студентски кредити може да се удвои ако конгресот веднаш не делува, ги натера студентите да го кажат својот глас преку Твитер.

„Твитнете им! Научете ги и вашите родители како да твиткаат!“, им рече Обама, замолувајќи ги во пораките да ја додаваат фразата „не ја удвојувајте мојата рата“ (#dontdublemyrate).

Воведувањето во кампањата на Обама на кампањската алатка наречена „Јулија“ исто така покажа на што се се подготвени двете партии за да го кажат последниот збор на Твитер.

Тимот на Обама обзнани интерактивен слајдшоу на нивната веб страна, на кое е прикажано како некоја измислена жена наречена Јулија може да има корист од претседателските политики во нејзиниот живот.

„Следете ја Јулија од 3 до 67 годишна возраст“, твитнаа од тимот на Обама со линк до алатката - и се беше јасно освен нивото на проширувањето на веста меѓу корисните на Твитер, кое потоа се прелеа во друг социјален медиум, и на крајот во новинарските приказни.

Од својот двор, пак, републиканците веднаш одговорија преку Твитер - поврзувајќи ја Јулија со тековната економска криза.

„Не и кажавте на Јулија колкав долг и оставивте?“, твитна Шон Спајсер, портпаролот на Републиканскиот национален комитет.

„На основа на денешниот лош извештај за невработеноста, излегува дека Јулија се откажува од барање работа“, твитна Ари Флечер, поранешниот портпарол на Џорџ Буш откако минатиот петок беа објавени бројките за невработеноста кои прикажуваат срамежлив пораст на бројот на нови работни места.

Ворп брзината на Твитер ја прикажува и можноста и предизвикот за кампањите колку истите можат да бидат непријатни во врска со одржувањето на дисциплината во испраќањето на пораки.

Кампањата на Ромни изгледа ја загубија предноста откако стратегот на демократите Хилари Роузен, забележа дека претпоставената жена на кандидатот на републиканците, Ен, домаќинка и мајка на пет сина, „никогаш не работела ниту ден во нејзиниот живот“. Анкетите покажуваат дека Ромни лошо котира меѓу женските гласачи, а неговите советници бараат начини како да го затворат овој јаз меѓу половите во нивната кампања.

По коментарите на Роузен, кои преку Си-Ен-Ен силно експлодираа и на Твитер, од тимот на Ромни лансираа Твитер фидбек од жената на кандидатот.

„Избрав да останам дома и да израснам пет момчиња. Верувајте, тоа беше тешка задача“,напиша@AnnDRomney во нејзиниот прв твит воопшто. „На сите мајки им е дадена можност да си го изберат својот пат“, напиша таа во вториот.

Вклучувањето на Ен Ромни на Твитер брзо привлече неколку илјади следбеници. Но исто така предзвика и наслови во весниците и помогна демократите да бидат означени дека немаат симпатии за жените кои остануваат дома со своите деца - што беше поен за кампањата на Ромни, кој отиде дури и подалеку од публиката на Твитер.

Твитер и на двете кампањи исто така им зададе многу главоболки.

Тимот на Обама беше приморан да се брани за време на контроверзноста со Роузен, иако таа дури никако и не беше поврзана со обидите на претседателот за реизбор. Затоа од кампањата ја ангажираа Мишел Обама да и врати на Роузен.

„Секоја мајка тешко работи и секоја жена заслужува да биде почитувана“, твитна првата дама.

Во февруари, Ромни одржа економски говор во Форт Филд во Детроит - една од главните држави која човекот од Мичиген мораше да ја добие додека се тркаше со ривалот Санторум за номинација од Републиканската партија.

Но по неколку часа, репортерите почнаа да твитаат фотографии од скоро празната рагби арена, и од малиот простор кој беше резервиран за Ромни. За тоа време, поранешниот гувернер на Масачусетс се обраќаше на присутните, што се покажа дека беше погрешно избрано место и наместо тој, арената стана главна вест.

Твитер исто така помогна во оставката на портпаролот на Ромни за надворешна политика, Ричард Гренел, делумно заради неумесните твитови кои ги испрати по повод гостувањето на јавни личности на телевизија, меѓу кои и водителот на Ем-Ес-Ен-Би-Си, Рејчел Медоу, и Њут и Калиста Гингриџ.

Том Розенстиел, директорот на проектот на Пју истражувачкиот центар за Врвни дострели во новинарството, рече дека факторот на умешност е една од главните стапици на Твитер.

„Има повеќе шанси да бидете посрамотен од тоа што ќе го напишете на Твитер, отколку да бидете пофален“, вели Розенстиел. „Нештата кои стануваат вирални, стремат да бидат вицови и посрамотвачки“.

Тој додава и дека „Твитер го има тој квалитет да биде систем за алармирање кој се издгинува над бројот на луѓето кои го користат“. ат/11:52

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

« »