логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ПОИНАКВО МИСЛЕЊЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА ЗА РЕЛИГИСКАТА ПОУКА 


Нова Македонија: Македонскиот Уставен суд го поддржува верскиот фанатизам?

Во 1999 година Советот на Европа во кој членуваат сите европски држави, меѓу нив и Македонија, освен Белорусија, донел Препорака за религија и демократија што се однесува и на верското образование. Во тој вид образование, Советот гледа шанса младите да се спасат од изопаченото сфаќање на религијата, кое денес во светот создава многу проблеми, па дури овозможува и регрутирање терористи

Советот на Европа, кого сочинуваат 47 европски држави, освен Белорусија, и низ чиј експертски филтер таму некаде во средината на деведесеттите ни минуваше секој поважен закон, пред точно десет години, во 1999-та, донел „Препорака за религија и демократија 1396“ објавена во Службениот гласник на Советот во јануари 1999 година која се однесува на државите-членки. Тоа во овој момент за нас не би било толку битно, доколку не станува збор за препорака што се однесуваат и на религиското образование кое кај нас неодамна беше укинато со одлука на Уставниот суд.

Препораката не е донесена случајно. Европските држави, меѓу кои има и такви чија државност и чија црква се најмалку 30 пати постари отколку што е тоа случај со нас (што е уште поинтересно, во моментот на донесување на препораката Македонија веќе имаше четиригодишен статус на членка на Советот), во точката 8 заклучиле:

„Многу конфликти исто така се појавуваат од меѓусебното непознавање, стереотипите кои произлегуваат и, најмногу од отфрлањето. Во еден демократски систем, политичарите имаат должност да ја заштитат целокупната религија од поврзување со активности кои се извршени, на пример, од страна на фанатични религиозни малцинства“.

Фанатизам

Значи Советот, односно неговото Собрание воочил уште на крајот од минатиот милениум дека еден од клучните проблеми за многу конфликти е незнаењето и стереотипите, како и дека политичарите имаат улога да ја создадат линијата која ги раздвојува религијата и верата од нејзината интерпретација од страна на фанатиците.
Лекот, според Советот е во образованието. Затоа во точката 10 се вели дека „образованието е клучот за борба против незнаењето и стереотипите“. И додава:

„Наставните планови во училиштата и универзитетите итно мора да бидат ревидирани, за да се поддржи подобро разбирање на различните религии“.

Со други зборови, тоа значи дека во училиштата на европските држави треба да се овозможи верско образование, зашто тоа е начинот за борба против стереотипите и незнаењето што, пак, го смалува ризикот од конфликти врз верска основа и оневозможува религиските теми да паднат во рацете на религиските фанатици. А, како фанатиците ја извршуваат таа своја улога, може лесно да се види преку дејствувањето на Ал Каеда или, ако сакате, преку делата на муџахедините во текот на војната во БиХ. Следењето на оваа логика, не значи ништо друго освен дека Уставниот суд на Македонија, со својата одлука всушност му прави услуга на верскиот фанатизам и ги потхранува стереотипите и незнаењето во врска со религиите во Република Македонија. Колку треба да се биде стручен за да се направи тоа, е сосема друга приказна.

Повеќе учење

Но, според истата препорака, Советот на Европа повеќе го претпочита изучувањето на религијата „како основен дел од историјата, културата и филозофијата на човештвото“, отколку давањето „религиозни инструкции на сметка на часовите во врска со религиите“. Како што еднаш веќе рековме, тоа значи помалку молење на часовите, а повеќе учење со цел „да се поддржи подобро разбирање на религиите“. За земја како Македонија каде пред само осум години се водеше војна меѓу македонските христијани и албанските муслимани, таквото образование сигурно е еден од клучните моменти за обезбедување мир во наредните години. Но, кој знае, можеби тие од Советот на Европа не знаат што прават. Токму затоа веројатно Белорусија не е членка, па што и фали.

Поради сево ова, Парламентарното собрание на Советот на Европа, смета дека треба да се „осигури слобода и еднакви права на образование на сите граѓани без оглед на нивните религиозни убедувања, обичаи и обреди, да осигури еднаков пристап кон јавните медиуми за сите религии и да промовира едукација во врска со религиите“.

Исто така, Советот на Европа побарал да им се препорача на државите членки да го „забрзаат учењето во врска со религиите како групи на вредности кон кои младите луѓе мора да развијат разумен пристап, во рамките на едукацијата поврзана со етничкото и демократското општество“. Значи, поентата на Советот на Европа не е младите да научат да се молат, туку да развијат разумен пристап кон групата вредности што ги нудат религиите.

Спротивното би значело да се игнорира дека на истите тие млади луѓе, религиските вредности можат да им бидат претставени во изопачена варијанта, а тогаш работите навистина стануваат сериозни.


Демократијата и религијата не се некомпатибилни

Според Советот на Европа, битно е да се „промовира учењето во училиштата за компаративна историја на различни религии, нагласувајќи го нивното потекло, сличностите на некои од нивните вредности и разликите во нивните обичаи, традиција, празници; да ги охрабри проучувањата на историјата и филозофијата на религиите и универзитетски истражувања во врска со тие предмети, паралелно со теолошките студии..., да се избегне - во однос на децата - каков било конфликт помеѓу државната едукација во врска со религијата и религиозните убедувања на семејствата во однос на оваа многу чувствителна проблематика“.

Впрочем еве неколку извадоци од Препораката за религија и демократија:

„Демократијата и религијата не се некомпатибилни, напротив...

- Религијата, преку нејзината морална и етичка обврска и вредностите што ги поткрепува, нејзиниот критички пристап и културно изразување, можат да бидат основен партнер на демократското општество...

- Проблемите се појавуваат кога властите се обидуваат да ја користат религијата за свои цели или кога религиите се обидуваат да ја злоупотребат државата...

- Многу конфликти се појавуваат од меѓусебно непознавање, стереотипите кои произлегуваат...

- Образованието е клучот за борба против стереотипите и незнаењето....Наставните планови во училиштата и универзитетите итно мора да бидат ревидирани за да се поддржи подобро разбирање на различните религии...

- Да се промовира едукација во врска со религиите...

- Да се забрза учењето во врска со религиите како група на вредности кон кои младите луѓе мора да развијат разумен пристап...

- Да се промовира учењето во училиштата за компаративната историја на различни религии, нагласувајќи го нивното потекло, сличностите на некои од нивните вредности и разликите во нивните обичаи, традиција, празници итн...;

- Да се охрабри проучувањето на историјата и филозофијата на религиите и универзитетските истражувања во врска со тие предмети, паралелно со теолошките студии...;

- Да се избегне - во однос на децата - било каков конфликт помеѓу државната едукација во врска со религијата и религиозните убедувања на семејствата...
 
Автор: Дарко Јаневски  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 943
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2493
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

01/05/2025 - четврток

Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная