логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Мислите на Карл Маркс се општествени идеи во кои човештвото има вградено огромна количина интелектуална инвестиција. Не постои општествена мисла што добила повеќе шанси, која била повеќе анализирана, на најразлични начини пробувана, а завршила со толкав неуспех
„Капитализмот, паралелно со бездушната експлоатација стреми и кон се поголем технолошки напредок. Таквиот технолошки напредок ги уништува работните места на работничката класа, која е истовремено најголемиот потрошувач на добрата произведени со капиталистичкиот начин на производство. На тој начин, капитализмот ќе остане без потрошувачи, по што нужно следи неговата пропаст“.На ваков начин Карл Маркс ја објаснува „трулоста“ на капиталистичкиот економски систем. Според него, технолошкиот напредок е негативна појава која креира невработеност и се поголема сиромаштија, која на крајот го урива и целиот систем. Значи, според Маркс, онаму каде владее технолошкиот напредок, каде технолошкиот процес на производство е континуирано развиван и модернизиран, таму би требало да има најмногу невработени и најголема сиромаштија. Денес технолошки најразвиени земји се Јапонија, САД, Германија, В.Британија, Сингапур, и др...и сите тие, според Маркс, би требало да имаат најголема невработеност и најмногу гладни, бидејќи нели, технолошкиот напредок зад себе остава невработеност и намалена куповна моќ.

Се разбира, ова не е ниту почетокот ниту крајот на Марксовите заблуди. За мене посебно е интересен делот каде Маркс почнува да го анализира соодносот меѓу човекот и приватната сопственост (која според Маркс треба да се укине). Тој почнува со теоријата за „човековата природна состојба“. Под „човекова природна состојба“ Маркс подразбира човек во „раната фаза на цивилизацискиот развиток, кога приватната сопственост се' уште не постоела како категорија“. Понатамошниот цивилизациски напредок, Маркс го смета за помалку или повеќе несреќен процес, во кој доаѓа до класно раслојување на човековото општество. Според Маркс, човековата нормална состојба е состојбата на пештерскиот дивјак, односно неговата камено-временска орда, каде навистина постои социјална еднаквост, односно каде уловениот плен се дели на еднакви делови со цел ордата да се одржи на број. Понатамошниот спонтан општествен прогрес, кој низ процесот на иновации и слободна размена доведува до појава на капитализам, прогрес кој во никој случај не може да биде еднаков за сите луѓе, според Маркс е голема грешка која треба да се исправи преку социјалистичкото општество, кое во својата терминална фаза би значело воведување комунизам, а со тоа и конечно враќање на човековата „природна“ „бескласна“ состојба.

Она што денес останало од ваквите марксовите идеи, се тоталитарните режими во Африка, обединети во фамозниот „Самит на Неврзани Земји“ група на ладнокрвни убијци и суперкорумпирани диктатори, од кои за дел се верува дека поседуваат канибалистички апетити. Токму како и пештерскиот дивјак (пролетер) од бајките на Карл Маркс. Во тие земји навистина нема социјални разлики, бидејќи сите луѓе се претворени во живи скелети. Технолошкиот развој е непознат поим, а вината за сиромаштијата, секогаш е на друго место. Виновен е колонијализмот кој е мртов неколку децении, виновен е американскиот (и воопшто западниот) капитал...виновни се сите освен „неврзаните“ диктатори и идеите на Карл Маркс.

Од друга страна, интелектуалните спинувања на злосторствата направени токму во името на Марксовите дела, се приказна за себе. Уште со падот на Берлинскиот Ѕид, емотивно погодените интелектуалци лансираа теорија која живее до ден-денес. Според нив „системот бил добар, но лошо спроведен“ односно диктаторите од ХХ век биле главните виновници за неуспехот на Марксовите „прекрасни идеи“.

Тие што навистина го читале Карл Маркс знаат колку е ваквата идеја неточна. Сепак Карл Маркс беше тој кој ја осудуваше парламентарната демократија, нарекувајќи ја „буржоаски политички систем“. Идејата за воведување диктатура е идеја на Карл Маркс, а не на Сталин, Ленин и останата црвена дружина. Карл Маркс е тој кој повикува на насилство, на кое му дава поетско име „Револуција“. Впрочем и масовните егзекуции спроведени во поранешните комунистички земји, беа објаснувани со поимите „класна борба“ „револуција“ „борба за социјална правда“...поими кои се теоретски разработени и промовирани токму од Карл Маркс, а не од црвените диктатори.

Лојалност кон ваквите идеи може да се развие само кај луѓе кои негуваат интимни симпатии кон одреден политичко-економски систем, односно луѓе кои никогаш не се сретнале со спротивни идеи, кои за голема несреќа се неспоредливо поуспешни од оние на Карл Маркс. Самиот податок, дека ниедно капитално дело од областа на класичниот капитализам се' уште не е преведено на македонски јазик, јасно говори за идеолошкото слепило кое е присутно во Македонија. Како впрочем да се објасни емотивната вознемиреност кај повеќето приврзаници на Карл Маркс, кога овој се коментира во негативен контекст?

Мислите и идеите на Карл Маркс, се општествени идеи во кои човештвото има вградено огромна количина на интелектуална инвестиција. Едноставно не постои општествена мисла која добила повеќе шанси, која била повеќе анализирана, дебатирана, на најразлични начини пробувана, а завршила со толкав неуспех. Треба ли да потсетам на „самоуправувањето“ според кое работниците управувајќи со претпријатијата би требале да постигнуваат највисок степен на продуктивност? Има ли таков кој денес верува дека „самоуправувањето“ може да доведе до поголем степен на продуктивност, отколку приватниот капитал?

Понатаму, социјализмот е единствениот општествено-економски систем во чие име се пеани песни, пишувани рецитали, вајани уметнички дела, пишувана е проза, итн. Просто е неверојатно колку многу добронамерна човекова енергија е потрошена, со цел идеите на Карл Маркс да создадат поубав и посреќен свет, а добиено е нешто сосема спротивно. Она околу кое што сепак повеќето се сложуваат, е дека спроведувањето на идеите на Карл Маркс, односно спроведувањето на самиот социјализам како општествено-економски систем, беше експеримент од колосални размери, кој заврши со падот на Берлинскиот Ѕид.

Она околу кое што треба да се обединат паметните луѓе во нашата земја, е јасната идеја дека Македонија несмее повеќе да биде земја на експерименти. На Македонија и е потребен системот кој го создал најголемото изобилие во историјата на човештвото, а тоа е класичниот капитализам. Се друго е експеримент со крајно неизвесен резултат.
Виктор Трифуновски

 


Дневник 18.05. 2009

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 943
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2493
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

01/05/2025 - четврток

Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная