логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на првата самостојна изложба на фотографот Божидар Барлакоски.

Се надеваме дека ќе бидете во можност да присуствувате на настанот и да ја објавите веста во вашиот медиум.Изложбата „Окото на градот“, составена од 37 фотографии ќе биде изложена во вторник, 15 ноември, 2016 г. во „Јавна соба“ во Скопје, со почеток во 20 часот. Божидар Барлакоски, роден 1984 година во Прилеп, активно работи со фотографија седум години и е член на Фото-кино клубот “Прилеп. Добитник на повеќе од дваесет меѓународни награди за фотографија, меѓу кои и бронзен медал за фотожурнализам од Toronto Camera Club, PSA сребрен медал за фотографија во Кипар, Сребрен медал за фотографија во Украина, Гранд при – златен медал за колекција на фотографии на денови на македонската фотографија 2014 година , како и бројни признанија и дипломи, а своевремено една фотографија од Барлакоски е објавена на веб-страницата на National Geographic како избор на денот. Учествувал како член на жири комисија на два меѓународни конкурси за фотографија и работи како фоторепортер.


Изложбата ќе биде поставена во Јавна соба и во наредните неколку дена и ќе биде од продажен карактер. „Окото на градот“ е првата самостојна изложба на фотографии што Барлакоски ја поставува во Скопје.


„Фотографиите се сублимат на неколкугодишно гледање на градот преку објективот и како тој нѐ гледа нас. Урбаната средина фатена низ фотографии од секојдневни моменти на животот кој врие на секој агол позади кулисите на градот.

Окото на градот, од сите страни и за сите лица на градот“, вели Барлакоски за изборот на фотографии за изложбата.

Изборот на фотографии може да го погледнете на следниот блог http://bit.ly/2fPgP0y,

а за какви било понатамошни информации, слободно контактирајте нѐ на овој мејл

или на телефонските броеви

Александра Спасеска 078230784

Божидар Барлакоски 077857297



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie