логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Приказна за навредите
covek so vreka_1.png

Еден човек дошол кај некој старец и гледајќи ја неговата крајна незлобливост го прашал: „Ти си толку мудар, ти си секогаш добро расположен, никогаш не се озлобуваш. Помогни ми и мене да бидам таков“. Старецот се согласил и го замолил човекот да донесе компир и проѕирна вреќа. „Ако на некого се озлобиш и ја сокриеш навредата“, рекол старецот, „земи компир, напиши го на него името на човекот со кој си имал конфликт, и стави го тој компир во вреќата“.

„И тоа е сè“, во недоумица прашал човекот. „Не“, одговорил старецот. „Треба секогаш таа вреќа да ја носиш со себе. И секогаш кога некого ќе навредиш, додавај во вреќата уште еден компир“. Човекот се согласил. Поминало извесно време. Неговата вреќа се наполнила со многу компири и станала прилично тешка. Било многу непријатно постојано да ја носи со себе. Освен тоа, компирите што ги имал ставено на самиот почеток се расипале. Некои про’ртиле, некои се распукале и давале непријатен остар мирис.

Тогаш човекот повторно отишол кај старецот и му рекол: „Невозможно е оваа вреќа да ја носам со себе. Како прво стана претешка, а како второ компирот се расипа. Предложи ми нешто друго“. Но старецот одговорил: „Тоа исто се случува и во човечката душа. Само што ние не го забележуваме тоа веднаш.

Постапките се претвораат во навики, навиките во карактер, кој раѓа лоши пороци. Јас само ти дадов можност целиот тој процес да го набљудуваш од страна. Секогаш кога ќе се решиш да се навредиш, или напротив да навредиш некого, само размисли дали ти е потребен тој товар“.

 

Извор:

 

Detsko.katche.jpg

 

Камчиња во водата

Секој заслужува љубов
Мој си е морковот
Злато, темјан и смирна
Животот е како ехо
Детето и песокот
Приказна за двата чувари
Клинци во оградата
Гнев и Смирение
Манастирска убавина
Разумно дете
ПОСЛУШАНИЕ ОД ЉУБОВ

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…