логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Во еден женски манастир имало една монахиња, која живеела богоугодно и го измачувала телото со многу постење, малку спиење и слично. Лукавиот демон многупати ја лажел. И се јавувал како светол ангел, доаѓал секоја ноќ и говорел со неа. Еднаш, кога се исповедала, духовникот ја прашал дали живее монашки, а таа му одговорила: „Со помош на твоите молитви, живеам добро, чесен оче".
Кога чул таков горделив одговор, духовникот многу се натажил, па и рекол:„Уште еднаш така да не си одговорила, па макар да си правела се најдобро".


Монахињата рекла: „Да знаеш, оче, дека од небото слегува ангел, со кого разговарам, па затоа ти одговорив така". А духовникот на тоа и рекол: „Црниот и темен ангел има обичај да се преобразува во светол. Поради тоа, кога ќе дојде тој ангел да те посети, прочитај ја молитвата Богородице Дево, радувај се... и, ако е ангел, ќе остане додека ја дочиташ до крај, ако, пак, побегне, тој е ѓаволот,
кој има цел да ти напакости и да ти донесе големо зло".


Таа ги послушала добрите совети на духовникот и кога и дошол ѓаволот во вид на ангел, таа почнала да чита: „Богородице Дево, радувај се..." и тој исчезнал како чад. Кога тоа го видела монахињата, се растреперила од страв и се разболела, така што по долго време одвај оздравела.


Секој да знае дека штом некому му дојде некое зло од ѓаволот, или од телесни или од световни искушенија, не треба да бара други лекарства, освен да се моли на Господа на нашиот Исус Христос и на Пресвета Богородица. Тие две имиња се најмоќно оружје на христијаните и секој е должен да ги има за да ги победува сите видливи и невидливи непријатели.

 

Извор:

Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

 

Друго:

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4033
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3417
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3249
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…