логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Знакот на крстот да се става на „царската диадема" на украси на војниците, на делови на телото, и тоа: на главата, на градите, на срцето, а исто така на жртвениците и на постелите. Ако е потребно да ги изгониме демоните, ние го употребуваме крстот, а исто така тој помага за исцеление на болести.
Свети Бенедикт ја осенил со крсен знак чашата во која имало отров и стаклото прснало како да е удрено со камен.
Свети Јулијан ја прекрстил подметнатата чаша во која имало отров и го испил отровот не осетувајќи никаква тегоба на своето тело.
Света Маченичка Василиса Никодимиска се оградила себеси со крсен знак, застанала во средината на пламенот и останала неповредена.
Светите маченици Авдон и Сенис се прекрстиле кога ги пуштиле на нив лутите ѕверови и ѕверовите постанале ненападни и кротки како јагниња. КРСТНИОТ ЗНАК било најсилното оружје против големите демонски искушенија кај древните подвижници, како што е и денес. Најгрозните ѓаволски страшилишта се раселувале во ништо како чад, само кога човек би се прекрстил.
Така благоволил самиот Господ Исус Христос на некогашниот знак на злостор и на срамот, крстот, по Своето распнување на дрво да му даде сепобедлива сила и моќ.


Свети Јован Златоуст

 

 

 

Избор од ФБ профил на:Николај Филотеев

Фото- Преминпортал: Фрески-св,вмч.Димитриј, Скопје

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2870
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2681
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…