логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaПред откривање на моштите на св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го вршеше преоблекувањето на моштите, се измори и задрема крај нив. Го здогледа пред себе светителот кој му рече:
"Ти благодарам што се потруди околу мене. Уште те молам, кога ќе ја извршуваш Литургијата, спомни ги моите родители" - и ги изговори нивните имиња (ереј Никита и Марија).

Јас се навикнав на ладно и дожд, само не можам да се навикнам на лошото време во срцата на луѓето. Ако вие навистина ме љубите и ме сакате, не правете му на никого зло. Само непријателите и човечката злоба мене ме измачуваат, прават да страдам...
Љубете ги своите ближни!.. Кога ќе видам добар човек, јас се радувам повеќе од сé и нема за мене друга радост!

Болките предвремено раѓаат старост – тоа што начинот на животот го одзема, времето не може да го востанови.

Богатството е најревносен додворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгодно е да направиш зло.

Ниту една придобивка не е подобра од пријател – меѓутоа, никогаш не придобивај за пријател лош човек.

3.angeli.so.trubaЛитургијата е најдобриот пробен камен за нашата духовна состојба: живи ли сме или мртви – што се гнезди во нас, какви страсти, какви душевни немоќи?
Зошто луѓето често пати биваат така студени кон Литургијата?
– Од недостаток на расудување, од маловерие и неверие и од житејски страсти…

7.Vselenski.soborЗошто ние, почитувачите на мирот, немилосрдно и непрестајно војуваме?

Зошто ние, втемелените на камен, пропаѓаме, утврдени во аголниот камен,

се распаѓаме, повикани на Светлина- потемнуваме?

Зошто ние, слугите на Словото, се доведуваме во... празнословие или...

Кои работи им се својствени на децата? – Детето, ако некој го натепа, плаче, а со радосните се радува; ако го скараат, не се гневи, а ако го пофалат, не се превознесува; ако му обрнат поголемо внимание на неговото другарче, не е љубоморно; ако му земат нешто од она што му припаѓа не се лути; ако му остават помало наследство – не бара повеќе и не оди по судови; не го бара на сила своето, на никого на му завидува; ако е сиромашно, не тажи;

3.angeli.so.trubaХристијанскиот живот се гради од соединување на две волји: Божествената – вечно иста, и човечката – подложна на колебање. Бог Себе на човекот му се открива на најразлични патишта. Он не врши насилство врз човечката волја. Ако со љубов Го прифаќаме кога ни се приближува, Он често ќе ја посетува душата со кротоста и смирението Свое. Може да се случи, како што за тоа сведочи историјата на христијанската вера, Он на човекот да му се јави во велика Светлина. Душата, гледајќи Го Христос во Светлината на Неговата љубов, тежнее кон Него.

Значи, штo има нeвeрoјатнo вo тoа штo Слoвoтo (Синoт Бoжји)

сe јавил какo чoвeк да гo спаси чoвeштвoтo?”

Навистина и ниe ги прашувамe нeвeрницитe oд нашитe дни:

вo какoв вид виe би сакалe Бoг да сe јави, акo нe какo чoвeк?

3.angeli.so.truba Поука прва

           Телото е како харфа на која душата, разумна и бесмртна, како музичар свири. Душата го движи телото, а таа самата себе се подвижува, зашто движењето на душата не не ништо друго туку живот на душата. За телото велиме дека живее кога се движи, а умира кога престанува во него движењето, т.е. кога го напушта душата... Животот пак на душата е Логосот Божји, и таа се умртвува штом ќе се оддели од заедницата со Него.

Верувај во Господа и љуби Го, чувај се од нечистите помисли и од телесни задоволства и, како што е напишано во книгата Мудри Соломонови изреки, ‘не измамувај се со пренаситување на стомакот’, бегај од гордоста, моли се непрестајно, читај псалми пред и после спиење, проучувај ги заповедите што ти ги даде Светото Писмо, спомнувај си за делата на светите, та твојата душа помнејќи ги заповедите Божји да може да се угледа на нивната ревност...

Умот не е душата, туку е дар Божји, кој ја спасува душата. Богоугодниот ум оди пред душата и ја советува да презира сè што е привремено, светско и пропадливо, а да ги сака вечните, неземните и непреодните блага така што човекот, живеејќи во телото, со својот ум да го замислува и да го созерцава она што е небесно и божествено.

 „Пославно од сите други дела што човек може да ги направи е – исповедањето на своите гревови пред Бога и старците, осудувањето на самиот себе, и подготвеноста за напади од секакви искушенија до последен здив“.

3. Некој друг го праша: „Што да направам за да Му угодам на Бога?“,

Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од  демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.

Пред сѐ, треба да знаеме дека демоните не се создадени во таква состојба, поради која се нарекуваат демони, зашто Бог не создал ништо лошо. И тие биле создадени добри, но паднале од небесното мудрување и сега се вртат околу земјата. Тие ги измамиле Елините со привиденија, а нас христијаните ни завидуваат и прават сѐ што можат за да ни попречуваат да се издигнуваме на небото; за да не се издигнеме ние таму,

 Не е убаво да мислиме дека на Бога Му е добро или лошо поради човечките дела. Бог е добар и го прави само тоа што е добро, на никого не му прави ништо лошо, останувајќи секогаш ист и неизменлив, а ние кога сме добри, тогаш општиме со Него, како слични со Него, а кога сме лоши, поради нашата разлика со Него, се одделуваме и оддалечуваме од Него.

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во сите свои дела. Тогаш им станува слатко да го носат Божјиот јарем. Тогаш се остварува смислата на Христовите зборови: “Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 29-30).

3.angeli.so.trubaШто го натерало нашиот Господ Исус Христос да ја соблече својата горна облека, да ги препаша своите бедра со убрус, да тури вода во мивалникот (Јн.13,4) и да им ги измие нозете на оние кои се подолни од Него, ако не (намерата) да не’ научи на смирение? Да, Он тогаш тоа со пример ни го покажа. И навистина, сите кои сакаат да бидат примени во првобитниот чин, ќе успеат единствено преку смирението, со обзир на тоа што во почетокот движењето на гордоста било причина за паѓање од небото.

3.angeli.so.truba"Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од

3.angeli.so.trubaНе познавајки ги догматите на својата вера,многу свети маченици велеле:Верувам онака како што утврдиле светите отци.Човекот кој така го исповедал Христа,го ставале на маки.Односно,тој не знаел на гонителите да им даде докази за својата вера и на тој начин да ги убеди,но затоа имал доверба во светите отци.Мислел:Како да не им верувам на светите отци?

3.angeli.so.trubaНајголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа .

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1057
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…