логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Свети Игнатиј Брјанчанинов

ЗА ПЛАЧОТ 1

Го прашал еден брат авва Пимен за тоа што треба монахот да прави. Аввата одговорил: "Авраам, кога дојде во Ветената Земја, купи гроб, и преку тоа место почна да владее со Ветената Земја". Братот прашал какво значење има гробот. Аввата одговорил: "Тоа е место на плач и ридање."
На авва Пимен му се припишува и оваа изрека: "Плачот е двоен: дејствува и чува."


Го прашал братот авва Пимен: "Што да правам со страстите што ме разбеснуваат?" Старецот му рекол: "Да плачеме со сета сила пред Бога, додека Он не се смилостиви на нас."


Го прашал братот авва Пимен: "Што да правам со гревовите мои?" Старецот рекол: "Оној кој сака да се избави од гревовите што живеат во него, со плач се избавува од нив, и оној што не сака повторно да падне во гревови, со плач го избегнува падот во нив. Тоа е патот на покајанието предаден од Писмото и Отците, кои рекле: плачете, друг пат освен плачот немате."


Минувајќи еднаш низ Египет, авва Пимен здогледал една жена која седела покрај гроб и горко плачела. Тогаш ТОЈ рекол: "Ако и од сиот свет се соберат луѓе да ја тешат, нема да ја оттргнат нејзината душа од плачот. Така и монахот, треба постојано да има во себе плач."


Еднаш преподобниот Пимен одел со авва Анувиј во околината на градот Диолка. Кога здогледале една жена која плачела горко над еден гроб, застанале да ја слушнат. Потоа, откако одминале малку, сретнале еден човек и Свети Пимен го прачтл што се случило со жената па така горко плаче. Човекот одговорил: и умреа и мажот и синот и братот. Тогаш авва Пимен, обрнувајќи се кон авва Анувиј, рекол: "Ти кажувам, ако човек не ги умртви своите плотски желби и не стекне ваков плач, не може да биде монах. Сето житие на монахот е плач."


Старецот еднаш рече: "Плачот ја чини науката (душевната дејност, душевниот подвиг) на монахот. Ако нема плач,тој не ќе може да се сочува од растроеност и смут". Јас му одговорив: кога сум во ќелијата, плачот пребива со мене, а ако пак некој дојде кај мене или јас излезам од ќелијата, тогаш веќе не го наоѓам. Старецот на тоа одговори: "Тоа е така затоа што не си го усвоил плачот, но како да ти е даден на заем". Го замолив да ми ги објасни тие зборови. Старецот рече: "Ако човек се потруди со сета сила да стекне плач, тогаш секогаш кога ќе сака, ќе го добива во своја служба."
Го прашал братот авва Пимен, кон што треба да е насочено вниманието на оној што молитвено тихува во ќелијата? Старецот одговорил: "Јас како човек пропаднат во кал до гуша, со тежок товар на плеќи, викам и молам кон Бога - помилуј ме!" Помилуј ме, тоа е израз на оној кој утврдил во душата плач. Плачот кога ќе постигне напредок, не може да се облекува во многумислие и многусловие, туку се задоволува, извонредното духовно чувство да го изрази со кратка молитва.


Го прашал еден брат авва Пимен за монашкото делување. Старецот рекол: "Кога Бог ќе не посети со повик кон вечноста, за што ќе се грижиме?" Братот одговорил: за нашите гревови. Старецот рекол: "Точно! Според тоа, да влеземе во нашите ќелии осамувајќи се во нив, да си спомнеме за нашите гревови и Господ ќе не слушне." Овде не се мисли на површно, рамнодушно сеќавање на гревовите и нашата гревовност, туку за сеќавање соединето со покајание и плач.


Кога се упокоил авва Арсениј, Свети Пимен, на веста за смртта на великиот, заплакал и рекол: "Блажен си ти, авва Арсениј, зашто ти цел живот плачеше за себе. Оној што не плаче овде, ќе плаче вечно. Плачењето е неизбежно. Или овде, доброволно или неволно таму, во вечните маки."
________________________
1 Алфавитен Патерик, букви П и А

 (продолжува)

Издавач: Библиотека СЛОВО ОД  ВОДОЧА

 Друго:

ЗА СОЛЗИТЕ

 

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2954
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2783
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…