логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Игнатиј Брјанчањинов

zalez.d.jpg

Велелепното светило на денот го измина својот дневен пат, се приближи кон залезот. Се спушти до самото море, и сега, божемно двоумејќи се над него, ги праќа прошталните зраци на земјата, подготвено да се нурне во бескрајното море. Ја набљудувам таа величествена глетка преку прозорецот од мојата ќелија, од закрилата на тивкото пребивалиште! Пред мене се Кронштат, и спротивниот брег на Финска, и морето прекриено со шари. Над морето лебдее руменото сонце, со краевите веќе ја допира морската површина. Сонцето на залезот му дозволува на човековото око да го гледа, а за сето време на своето дневно патување останува недостапно за окото, оградувајќи се од него со неиздржлива, заслепувачка светлина.

Какво созерцување ќе му донесе оваа глетка на осамениот монах? Какво вдахновение ќе се излее во моите гради при читањето на овој лист од светата книга, напишана со раката на самиот Бог – природата?

Таа книга постојано се отвора за оние коишто не престануваат да се очистуваат со покајание и со оддалечување од секаков грешен потфат – и оној груб, и оној едвам забележлив. Таа се отвора за оние коишто се одрекле од земните насладувања, од суетната расеаност. Таа се отвора за следбениците и за учениците на Евангелието, за љубителите на небесната слава и за вечните насладувања, за љубителите на скромната и тивка осаменост, за оние коишто ја засакале осаменоста за во неа да добиваат изобилно богопознание отстранувајќи го од себе сето она што нè оддалечува и нè заклонува од Бога.

Големата книга на природата е запечатена за читатели коишто се нечисти, коишто гревот ги обвиткал со темнина, ги нурнал во телесни насладувања, а празната забава им го завртела и им го поматила умот. Тие залудно, поради својата гордост, сметаат дека се нејзини читатели! Тие во неа читаат мртво, голо слово; не Го читаат Бога, содржината на книгата на прородата: Бог неописливо е опишан, опеан со песните на Духот, песни силни, но нечујни за човековото уво, свечени, свети, песни коишто го обземаат и го освојуваат слухот на препородената душа.

Пред таа книга ќе се појават на судот, според учењето на големиот апостол на незнабошците, на денот на страшниот суд Божји, племињата и народите од сите векови на животот на светот, коишто останале во жално, смешно идолопоклонство, во бедно непознавање на Бога, и таа ќе ги осуди. Кога она што е во Бога невидливо за телесните очи, се гледа во Неговото дело – природата, тогаш јасно се гледа вечната Негова сила и Божеството, па така тие немаат изговор (Римјаните 1:20).

Постои книга поголема и побожествена, поблажена и пострашна од книгата на природата: Евангелието.

Остроумниот и разумен читател, којшто таа книга на животот ја чита со животот, Евангелието го води до самиот Бог, го соединува човекот со Бога; книгата на природата го става својот читател во собранието на ангелите, и го прави гледач и проповедник на Божјото величие. Штом ја виделе книгата на видливата природа, издадена во чинот на создавањето, ангелите Му испеале пофална песна на Бога; слично на нив, и човекот кој со очистено око ја гледа природата, Го слави и го велича Бога во песни. Евангелието построго од природата го осудува читателот ако не разбира. Тогаш, вели апостолот, колку ли потешка казна ќе заслужи оној, што го погазил Синот Божји и ја сметал за нечиста крвта на заветот, преку која е осветен, и Го похулил Духот на благодатта?„Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатам“ вели Господ (Евреите 10:29, 30). На христијанинот ќе му биде судено според Евангелието. Тоа Господ го објавил: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден (Јован 12:48). Макар што во  книгата на природата се чита Бог, Творец и Добротвор, семоќен, премудар, предобар, бесконечно повисок од секоја твар, достоен да Му се поклони разумната твар, сепак, се чита Бог Кој, според Својата суштина, е недостапен за сознанието, за создавање каков било конкретен поим за Него, Бог повисок од секое сознание и од секој поим. Евангелието ни открива Бог Кој е еден и триипостасен по суштина; го открива началото – Отецот, го открива родениот од Отецот, совечниот на Отецот – Синот, го открива Оној Кој исходи од Отецот – Духот, славен и достоен на поклонување со Отецот и со Синот, еднаков со Нив, едносуштен со Нив; го открива и го благовести Искупителот, го води човекот и кон поклонување на вистинскиот Бог, но и кон посинување од Бога, кон соединување со Бога. Книгата на природата ја осветлува видлив, величествен џин – огромното и светлозрачно сонце; во Евангелието и од Евангелието блеска сонцето на вистината – Бог, кој се понизил до очовечување, до јасли и пештера, до погубување од раце на злосторници, блеска Првородениот од мртвите, Отецот на идниот век, Спасителот наш Господ Исус Христос. Слеп човек не може да биде гледач на чудата на природата; помрачен од гревот, слуга на светот и господар на овој свет не може да го препознае Христа и Неговото свето Евангелие. И светлината во темнина свети, и мракот не ја опфаќа. Зашто, секој што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината. А кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него. Секој што Го одречува Синот, нема и Отец  (Јован 1:5; 3:20, 36; 1 Јован 2:23).

Сонце на залез е жива слика на состојбата на христијанството во нашето време. Сјае истото сонце на вистината, Христос, Тој испушта исти зраци; но тие веќе не излеваат иста светлина и иста топлина како во претходните времиња. Тоа е затоа што зраците не паѓаат директно врз нас, туку одат кон нас само косо, само пролетуваат и заминуваат покрај нас. Тие зраци на Сонцето на Вистината се Светиот Дух: „Светлина и давател на светлина на луѓето, преку кој Отецот се познава и Синот се прославува и од сите се препознава“.

Светиот Дух меѓу првите христијани наоѓал многу живи садови, живи храмови, достојни Тој да се всели во нив, да пребива во нив. Такви биле апостолите; таков бил првомаченикот Стефан; такви биле речиси сите членови на Црквата, којашто ја зацврстиле апостолите; такви биле светиите од сите времиња. Наоѓајќи христијанин верен на Христос, Светиот Дух слегувал врз него, го возобновувал според образот на Новиот Адам така што во неговата душа и во неговото тело внесувал непропадлива светлина од Бога и го исполнувал својот храм со духовни дарови. Духоносните луѓе изобилно го ширеле Христовото учење преку силата на духовниот збор, зацврстуван со силата на даровите на Духот, на своите браќа им пружале брзо и оплеменето напредување, учејќи ги – вели апостолот – на секоја мудрост, та сите нив да ги претставиме совршени во Христа Исуса (Колосјаните 1:28).

Денес, кога се зголеми бројот на богати со знаење, со вештини, со сè што е материјално, денес ги снема преподобните (Псалм 11:1). Погледнувајќи на синовите човечки, барајќи достоен сад во таа маса на самонаречени образовани, просветени, православни, Светиот Дух искажува жална осуда за нив: Нема ниеден разумен, нема кој да Го бара Бога. Сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема ниеден. Грлото нивно – отворен гроб; со јазици свои мамат; под јазици нивни – змиски отров, устата нивна е полна со клетва и горчина. Нозете нивни им се брзи во пролевање крв; пустош и маки по нивните патишта; тие не го познаа патот на мирот. Страв Божји нема пред очите нивни. (Римјаните 3:11-18).

Ете ја причината поради која Духот Божји нè избегнува, а Тој, навистина, е вистинското наследство на вистинските христијани, кои за сите нови Израилци го стекнал нивниот пресвет Родоначалник. Духот Божји е Свет, и почива во самите светии коишто себеси се распнале за светот, коишто го распнале телото свое со страстите свои и похотите (Галатјаните 5:24). Уште во Стариот Завет е јавено за Него: Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело (Битие 6:3). Тој преблаг Дух во раната Црква се симнал врз огласениот Корнилиј само во облик на крсни збор, и го исполнил со разни дарови, а сега нè избегнува, нас коишто веќе сме измиени со крштевањето, со намера да бидеме верни и православни, нè избегнува, макар што Тој , како Бог, не гледа кој е кој; нè избегнува за да не нè направи уште погрешни, со припојување на тешкиот грев на оскрбување на другите со нашите гревови, а тој грев го оскрбува Светиот Дух и го принудува да се оддалечува.

Денес зраците на Сонцето на вистината не паѓаат право на луѓето! Поради сè почестиот материјален, телесен живот, ретко, ретко се наоѓа на земјата жив сад на Светиот Дух. Човечките срца, поради својата нечистотија, станаа неспособни за непосредно примање и носење на Неговите слова; поспособна од човечките срца станала безживотната твар, барем онаа неизвалкана од гревот. Каде денес почиваат зборовите на Духот? Во книгите на Светото Писмо и во светите угодници Божји, во книгите напишани по наговор и под влијание на Светиот Дух. Светиот Дух на своите избраници им принесувал разни дарови, им назначувал разни служења. Едни назначил за пророци, други за апостоли, трети за пастири и учители, четврти за маченици за Христа, петти за нивно очистување со монашки подвизи заради Христа. Даровите се различни, различно е и служењето, но почетокот, изворот е ист: Светиот Дух, кој на секого му доделил дар, на секој му одредил служење по Своја волја и власт, како Бог. И книгите на светите Божји луѓе ги напишале, со помош на различни дарови на Духот, садовите на Духот коишто имале различноо служење, но сите се напишани или по наговор или под влијание на Светиот Дух. Светиот Дух веќе со самото тоа го покажува степенот на славата на своите живи храмови, и од еден блеска посилно, од друг поумерено. Како што ѕвездите на видливиот, небесен свод се разликуваат една од друга во слава, така е разновидно и духовното напредување на светите Божји луѓе коишто сјаат на црковното небо. На нивното дууховно напредување е сообразна и светлината којашто ја зрачат нивните книги: но сите тие се на небото, сите даваат светлина, мирис на Светиот Дух. Токму тие книги се светлина на залезното Сонце на вистината којашто преблагиот Бог ја одредил да ги осветлува последните часови на христијанскиот ден.

zalez.d2.jpg


(Св. Игнатиј Брјанчањинов: Аскетски огледи)

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits} 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6648
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6444
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная