логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Менаџирање на проблемите во општеството: деновиве бевме сведоци на протестите на една група луѓе, коишто себеси се нарекуваат жртви на транзицијата во Македонија, и чијшто проблем се состои во спреченоста да го издефинираат својот економски, т.е. социјален статус. До кога овој проблем како нерешлива загатка во некој антички мит, ќе се влечка по ходниците на нашето секојдневие? Зошто не го решаваме? Решението е многу просто...

 Проблемот на стечајците – наш заеднички проблем

 hristos.kurbinovo.jpgВо Црквата начинот на кој постоиме е соборноста. Соборниот начин на постоење е она „новото“ што Црквата му го донесе на светот. Секој е една единствена, неповторлива и оригинална личност, но никој не е изолиран и не постои сам по себе. Дури и да живее на северен леден пол, човекот и припаѓа на заедницата, тој е дел од целината, алка во синџирот, носејќи ја во себе човечката природа. Адам е целото човештво, милијардите човечки суштества повикани да станат Христос.  И можеби христијанската наука за спасението на човечкиот род ќе немаше ни од далеку врска со политиката на живеењето на оваа планета, да не бевме по дефиниција сведоци на секојдневните реални и многу видливи проблеми коишто неотстапно ни се закануваат со некаков прекин на животот во земјата – било на политички, на економски, или на социјален план... Незадоволните излегуваат на улиците и го манифестираат својот протест, со тоа што ги попречуваат другите (задоволните) во нивното извршување на обврските. Со задоцнување од неколку века, како и сè друго на овие простори, на улицата помеѓу Жена парк и Парламентот, покрај стандардните шатори само што не никнале транспаренти со содржина НО ПАСАРАН... Анахронизам или јаве? Заради единствената човечка природа, и заради суштинската меѓусебна поврзаност на сите луѓе, ја имаме способноста за емпатија. Немаме право да бидеме набљудувачи без коментар како колегите од SNN или EURONEWS, бидејќи се работи за луѓе со кои секојдневно ги разменуваме погледите меѓу тезгите на пазарот, влегувајќи во продавница, кино, автобус. Да се остане нем на овој морничав егзистенцијален крик е повеќе од злосторство.Истовремено, разврзокот на овој и премногу чувствителен општествен јазол е толку многу едноставен, што можеби токму тоа е причината за тешкото доаѓање до него. Како да не можеме да ја пронајдеме Аријадна, да си ја одигра својата ролја во приказната. Па заради неуспешниот кастинг, нашата приказна забегува.Сакале ние тоа да го признаеме или не, конецот за кој станува збор ( а кој ни недостасува), ќе нè одведе во една насока за која можеби сè уште не сме подготвени. Тоа е состојбата на зрелост.Одлика на зрелоста е, првенствено, прифаќање на последиците од сите наши дела. Одлика на зрелоста е визионерството, т.е. да можеме според законите на логиката да ги предвидиме последиците од нашето дејствување.Одлика на зрелоста е способноста за одговорност.Сè додека сите ја префрлаат одговорноста на други, проблемот нема да има решение не затоа што не постои, туку затоа што се избегнува неговото ставање на маса. Нашево општество во моментов нема ниту глава ниту опашка, т.е. има застрашувачи облик на безглаво чудовиште што војува самото против себе, и ни втерува страв во коски, поради чувството дека нештата постојано ни бегаат од контрола.  Сè додека СИТЕ ние, кои според последниот попис направен на територијата на РМ се водиме како Македонци, не најдеме сила во себеси да ја победиме сопствената себичност, не ќе можеме да ја видиме светлината на крајот од тунелот, во рациновска смисла.Одговорноста секогаш е наша. Лична. Без разлика колку владееме со економијата, правото, политиката... без разлика колку владееме со ситуацијата;
од сите видови власт на овој свет, најубаво е да можеме да владееме со себеси. Тогаш можеме да ја понесеме одговорноста не само за себе...

 

 

Сестра Макрина

 

Посети:{moshits}

 


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4033
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3249
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…