логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот
Христов маченик
Сава стратилат
и со него седумдесет војници
24 април / 7 мај

Седумдесет свеќи се запалија од тебе
свет стратилате Саво,
кој пламен благодатен од Господа прими,
и со таа свита храбро пристапи
кон војската маченичка Христова,
нурнувајќи се во водата на искушенијата
за спасение на човечките души.
Не престанувај за нас да се молиш
пред одарот на простувањето.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов новомаченик
Дука
24 април / 7 мај

Мачениче свети, Дуко исповедниче,
не само што стариот човек
помогнат од благодатта Божја го соблече,
туку пред сите маченичкиот пдовиг
нова облека за тебе устрои,
кои рацете на највештиот земен кројач
не можат да ја состават,
затоа за нас моли се свети мачениче
да се спасат душите наши.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
преподобна мајка
Елизавета
24 април / 7 мај

Мажественоста на душата твоја сол стана
за многумина кои малку се допреа до твоите
за Христа подвизи о блажена Мајко Елизавето,
а Он те обдари со сила од која треперат демоните
и чудата сведочат за љубовта
со која Он ја прими ревноста твоја:
јагнињата да се спасат и при Него приведат.
Спомни си за нас мајко преподобна
од светите мирни живеалишта.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Евсевиј, Неон, Леонтиј, Лонгин
и други со нив 40 маченици
24 април / 7 мај

Молитвите на великиот Георгиј
го запалија огнот во срцата ваши,
о Евсевие, Неоне, Леонтие, Лонгине
и сите вие чија душа поита кон светлината Христова.
Раните маченички патека станаа
по која вие восходивте до Господа во слава Негова,
затоа спомнете си за нас вие горостаси на верата Христова.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов новомаченик
Николај
24 април / 7 мај

Надевајќи се на твоите молитви свети новомачениче,
денес ние пред Господа припаѓаме
и од Него милост за нашите души бараме,
затоа што ти честа и наградите минливи
од овој свет ги отфрли, и со вера поита
Името Христово да го исповедаш
о Николае свети Божји угодниче.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Тома јуродив
24 април / 7 мај

Антиохија ти се поклонува и Бога Го прославува,
о Томо харфо која смирението го возвеличува,
а ние удел земаме во славословието за тебе,
кое со срце и усти кон Небесата
 и на земјата го вознесуваме.
Се надеваме на твоите молитви бидејќи
ти луд умре за светот, а во Христа
мудро се роди пребивајќи сега во вечни векови.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Православен календар за 07/05/2021
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021лето Господово

 

Од Верскиот календар:

Светиот маченик Сава Стратилат    

Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни маки; го биеја, го стружеа со железо и го гореа со свеќи. Но не им подлегна на смртоносните маки, а се јави жив и здрав. Неговите другари, војници, гледајќи дека на Сава очигледно му помага Бог, се обратија кон Христа. Седумдесетмина од нив беа веднаш убиени со меч. Самиот Господ му се јави во затворот на Свети Сава во голема светлина и го укрепи Својот маченик. По ова Сава беше осуден на смрт со потопување во вода. Го фрлија во длабока река, па Му ја предаде душата на Бога во 272 година.

 

Преподобна Елисавета    

Во раната младост прими монашки чин во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде Бог исцелуваше различни маки и болести кај луѓето. Ноќе на молитва ја видоа целата обвиена во небесна светлина. А нејзините мошти после смртта беа исцелителни, па на гробот притекнуваа мноштво болни и страдалници. Се упокои мирно во 540 година.

 Светите маченици Пасикрат и Валентин

Судијата мачител и неговиот брат Папијан, кој заради страв од маките отпадна од Христа, го наговараа да се одрече од Господ, но Пасикрат ја стави раката во оган и извика: „Телото е смртно и со оган изгорува, но душата е бесмртна и не ги чувствува видливите маки!“ Мајка му многу го поддржуваше и го храбреше да истрае докрај. Го убија заедно со Валентин. Маченичките венци тие ги стекнаа околу 228 година.

Преподобен Тома Јуродив

Секогаш кога по манастирска работа ќе појдеше во Антиохија, Тома се правеше луд заради Христа. Некој Анастасиј не сакаше да му ја даде побараната милостиња за манастирот, а му удри шлаканица. Но Тома му прорече: „Отсега ниту јас ќе примам од Анастасиј ниту Анастасиј ќе може да ми даде!“ По еден ден умре Анастасиј, а Тома се врати во манастирот и издивна. Вака се исполни пророштвото на светиот човек. Свети Тома се престави во Лафна кај Антиохија во времето на патријархот Домин (546 г. – 560 г.).

Светите маченици Лука и Никола

Лука беше прекрасно момче и кројач по занает, пострада за Христа во 1546 година. Никола прими мачеништво за Христа во 1776 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2597
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2391
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

БEСEДА  за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

БEСEДА за цeлта на раздeлувањe на дарoвитe, службата и звањeтo

Затoа Свeтиoт Дух ги раздeлил дарoвитe и направил eдни апoстoли, други прoрoци, трeти благoвeсници, пастири и учитeли, та свeтиитe, oднoснo христијанитe, да сe усoвршат. Какo штo сe пoдeлeни чeста и...

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

« »