логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ih3387

СВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ХАРАЛАМПИЈ

„Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“

(Предсмртната молитва на свети Харалампиј)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина и свое длабоко значење. Православниот христијанин треба да го знае значењето на своето име и да се соживува со него, зашто нашето име го крие и нашиот карактер, нашите способности и дарби. Не случајно и Господ Исус Христос во една прилика на свети апостол Петар му рекол: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја…“ (Матеј 16: 18). Христос ги кажал овие зборови, зашто ја знаел цврстата вера на свети апостол Петар, а името Петар значи „камен“. И навистина, свети апостол Петар бил цврст во верата како камен, па до ден денес светата Црква почива на такви сигурни темели.

Името на светителот честопати кажува многу повеќе, отколку целото негово житие. Имињата никому не му се случајно дадени. Тие претставуваат симбол и карактеристика на личноста, а во исто време соопштуваат и една вистина за правиот христијански живот. И името на денешниот светител Харалампиј не е никаков исклучок. Неговото име во превод значи: „човек кој зрачи со радост“. А каква е таа радост со која Харалампиј зрачел?

Овој голем светител бил епископ во Магнезија и пострадал за Христа на 113-годишна старост. Кога настапило страшното гонење против христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криел од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедал Христовата вера. Сите маки ги претрпел како да се наоѓал во туѓо тело. А кога од него ја одрале кожата, незлобивиот светител им рекол на царските војници: „Ви благодарам, браќа, за тоа што го иструживте моето старо тело, зашто на таков начин вие го обновивте мојот дух за нов, вечен живот“. Свети Харалампиј направил безброј чуда и многумина ги покрстил во верата. Дури и царската ќерка Галина го напуштила незнабоштвото на својот татко и постанала христијанка. Откако бил осуден на смрт и донесен на местото за погубување, свети Харалампиј ги подигнал рацете кон небото и се помолил на Бога за сите луѓе, Бог да им даде телесно здравје и душевно спасение и да им ги умножи земните плодови: „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“. По завршувањето на молитвата, овој свет старец ја предал својата душа на Бога пред џелатот да го спушти својот меч врз неговиот врат. Пострадал во 202 година, а неговото свето тело го зела царската ќерка Галина и чесно го погребала.

Свети Харалампиј бил старец, кога омразата против небесните тежнеења на христијаните поттикнала уште едно гонење. Римскиот цар Септимиј Север, кој бил претставник на војничката каста чија целокупна моќ лежи во насилството, одлучил да го уништи сето она, кое неговите злобни претходници не го уништиле. Христијаните не ги гонел само умоболниот Нерон, ниту Марко Аврелиј бил нивни пријател, ниту, пак, Трајан успеал со пролевањето на христијанската крв да го уништи нивниот дух. Христијанството, сепак, живеело и напредувало. Насилникот и убиецот Септимиј Север, откако по пат на цареубиство ја освоил власта во 193 година, исто така се обидел духовните вредности на христијанската вера да ги потопи во море од крв. Насекаде започнала потера против христијаните, и младите и старите биле фрлани во затвори, биле мачени и убивани. Исто така и Харалампиј, епископот на градот Магнезија, бил фатен и изложен на маки, со цел да ја поколебаат верата во неговата душа.

Харалампиј тогаш имал 113 години. Тој бил современик на свети Јован Богослов, сведок на сите гонења против Црквата кои, почнувајќи уште од времето на Нерон, удирале по Христовото тело со многу мали прекини. И ете, во својата библиска длабока старост дочекал да им погледне во очи на своите сопствени маки. Но, зарем еден таков сигурен сведок на стогодишното исповедање на Христовата вера можел да се исплаши од оваа средба? Зарем тој, кој со десетици години слушал и гледал како вистинските христијани се радуваат во маките за што поскора средба со Спасителот, сега, во длабока старост можел да се откаже од својот Спасител?

Житието на овој светител нè принудува да си го поставиме прашањето: Што е мачеништвото? Мачеништвото не е само мака. За христијанинот, мачењето во него е споредна работа. Мачеништвото е можност и прилика да се посведочи вредноста која ја содржи евангелската вера. Тоа е посведочување и на оној главен плод од Христовата благовест – радоста од сознанието дека сме синови Божји, дека му припаѓаме на Божјото царство и дека повеќе не сме робови на смртта. Преку верата се влива во душата божествената радост на победата. Затоа, историјата на мачеништвото, пред сè е историја на победничката радост на мачениците, отколку нивните маки.

Гонењето на Септимиј, Харалампиј го сфатил како можност да ја посведочи и својата вера во бесмртниот Христос. Затоа не се плашел, и покрај строгите забрани на властите, да проповеда за верата која на луѓето им ветува вечен живот и вечна радост. Во тоа дело бил потполно мирен и кроток и никаков бес кон гонителите во неговото срце немало. Имено, тој бил спокоен не само во својата вера дека вечно ќе живее, туку и во својата љубов кон секој човек, кон сите без разлика. На мачилиштето стапнал со цел да прими дар од Бога: ослободување од телесната старост и стекнување вечна младост за својот дух. Тогаш, зошто би ги мразел своите мачители? Тој немал ни лични причини за такво нешто. Затоа им заблагодарил на мачителите. Жив го дереле, а тој ги нарекувал браќа.

На лицето на свети Харалампиј биле оцртани староста, која не може да се победи со злоба, зашто не жали за младоста на телото, и љубовта која не знае за граници, ниту за години. Оваа негова карактеристика многумина ги привлекла кон верата, која твори големи чуда. Светиот човек ги прогонувал и демоните, секако, со силата на својата кротка љубов. Демоните не ја поднесуваат љубовта и бегаат од оние кои се способни да љубат, зашто тие единствено нешто што умеат е да мразат. Ниту радоста од духовната љубов можат да ја поднесуваат. Харалампиј тогаш светел од радост. 113 негови години му припаѓале на вечниот и бесмртен Христос. Па како тогаш да не се радувал? Денот на погубувањето бил ден за неговата средба со Христос. Зарем вредело и зарем имало време да мисли на мечот и на тркалото на човечката мизерна злоба? Тој Го носел Христос во себе, пораснал во Него и се возвеличил до мерката на Христовиот раст. Од таа висина тој можел само да љуби и да простува во името на Бога, кој сè простува само за еден мал гест на искрено покајание.

Најпотресни и најдлабоки се молитвите за простување искажани од устите на светите маченици. Молитвата на свети Харалампиј била куса и јасна: „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“. И Бог го зел при себе уште пред службениот џелат на една насилничка империја да го спушти мечот на неговиот покорен врат. На таков начин, целиот обземен од небесна радост, светиот старец Харалампиј стекнал вечна младост за навек. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1029
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 994
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

« »