логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


 18.01.2013 год.

ДОДЕKА СЕ РЕШАВА ЦРKОВНИОТ СПОР

Богословијата доби образовна автокефалност

МПЦ-ОА се бори да ~ се признае црковна самостојност, но нејзините образовни институции веќе од поодамна се прифатени од сите православни цркви

Православните цркви, кои се уште не ја признаваат автокефалноста на МПЦ-ОА, сепак целосно и безрезервно ги прифаќаат македонските православни образовни институции. Па, така, теолозите со завршено средно богословско училиште и со Богословски факултет, без каков и да е проблем, ги продолжуваат школувањата на институциите во православните земји. Дипломите што ги добиле кај нас се прифаќаат дури и во Србија и во Грција, земји чии православни цркви прават најголеми проблеми за признавањето на нашата црковна автокефалност. Уште подобра е ситуацијата кога е во прашање односот на Руската, Романската, Бугарската и другите православни цркви.

Уважувањето на нашите црковни образовни институции завчера доби нов импулс откако Московската духовна академија на Руската православна црква потпиша договор со универзитетот „Свети Kирил и Методиј“, од кој произлегува дека ќе бидат признаени документите за образовните и за научните степени на Богословскиот факултет на МПЦ-ОА, кој е дел од универзитетската заедница. Минатата година, познатиот руски теолог Андреј Kураев, кој предава на Духовната академија на Руската црква, беше во посета на МПЦ-ОА.

Митрополитот Агатангел, кој раководи со Македонска православна богословија, вели дека третманот на нашите црковно-образовни институции покажува дека проблемот за нашата црковна автокефалност е само политички.

- Тоа е доказ дека другите православни цркви добро знаат оти тука дејствува црква која е жива и активна. Да беше поинаку немаше да постои целосно рамноправен третман на образовните институции. Ниту самата СПЦ никогаш досега, во изминативе 45 години откако постои Богословијата, не направила проблем кога нашите матуранти посакале да го продолжат школувањето таму - вели владиката Агатангел.

Тој додава дека на Богословскиот факултет сега предаваат двајца професори што завршиле теолошки студии во Москва и во Санкт Петербург. Јеромонахот Григориј Настески од Скопската епархија минатата година одбрани докторска дисертација на Богословскиот факултет на Бугарската православна црква во Софија. Веќе со децении нашите матуранти и студенти го продолжуваат теолошкото образование на факултетите на католичката и на протестантските цркви. Моментно тројца наши млади студенти, кои претходно го завршиле средното богословско училиште на МПЦ-ОА, сега студираат на Теолошкиот факултет на Грчката православна црква во Солун. Тие таму посебно го усовршуваат византиското црковно пеење бидејќи во нашата црква постои дефицит на кадри што се подготвени да го применуваат. Тоа се први македонски студенти што учат таму, а како помош примаат и стипендија од МПЦ-ОА.

- Тоа е доказ дека нашите дипломи се валидни секаде во православниот свет, а тоа покажува со какво уважување се третираат знаењето и подготвеноста, претходно стекнати на нашите образовни институции - вели Петко Златевски, професор на Богословскиот факултет.

Бранко ЃорЃевски- Дневник

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3414
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…