логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Треба да знаеме, дека Светата Причест ние не ја добиваме како награда или „бонус“ за некои наши подвизи, дека сме биле свети, туку тоа претставува Дар од Бога којшто го примаме од послушност. Никој никогаш нема да биде достоен за Причест, ние неа ја примаме единствено по милоста Божја. Но, ова не значи дека не треба да сме подготвени за да го примиме овој Дар.

Кога сме се крстиле, ние во Крштението сме умреле со Христа за гревот, стариот човек сме го удавиле, а сме се родиле за нов и обновен живот. Сме раскрстиле со гревот и, во таа смисла, секогаш (треба да) сме подготвени за Причест. Но, тоа не значи дека сме безгрешни, напротив, ние постојано се бориме со стариот човек, стариот Адам во нас (Причеста е лек кој ни помага во таа борба, оти, да си споменеме, Христос не дојде за праведните, туку за грешните). Св. ап. Јован вели: има грев за смрт и грев не за смрт (види 1Јн 5,16) и тука можеме да го дадеме одговорот; имено, ако се запазуваме од поголемите гревови (за смрт) кои нè одлачуваат од причестувањето и се бориме со секојдневните слабости (грев не за смрт) кои, пак, не нè изопштуваат од црковната заедница, можеме слободно и редовно да пристапуваме кон светите тајни (како што вели истиот апостол: Знаеме дека секој роден од Бога не греши, но родениот од Бога се пази…,1Јн 5,18). Во поширока смисла, целиот наш живот треба да биде подготовка за причестување, како и самиот тој наш христијански живот да биде плод и резултат од благодатта на причестувањето (Без Мене не можете да направите ништо – вели Христос).


Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, нема да имате живот во Себе – ова е императивот кој нè повикува постојано да пристапуваме кон Причеста. Од друга страна, тука е ап. Павле: А човекот нека се испита прво себеси, па потоа нека јаде од овој Леб и нека пие од оваа Чаша, зашто кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува Телото Господово (1Кор 11,29). Се наоѓаме како во некоја стапица: од една страна, ако не се причестиме – нема живот за нас, а од друга, ако не сме достојни (=подготвени) – добиваме осуда. Да се избере непричестувањето како решение, исто така, е грев, затоа што ние се јавуваме како судии за самите себе (а тоа не е правилно). Единствено решение е да бидеме постојано подготвени за примање на светата Причест.

Овој проблем се јавува, затоа што повеќето верници немаат соодветно богословско образование и опит на духовен живот. Односно не постои соодветната катихеза (поука) како што тоа било во минатото. Должноста на свештеникот/пастирот е да им помогне на парохјаните да се осознаат себеси како заедница и да ја подготви таа заедницата редовно да учествува во светите тајни, т.е. да се остварува како Тело Христово во Литургијата. И тоа да биде сознателно учество.

(продолжува)

Прв дел

Г.Г.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1109
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1047
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…