логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Текстот е објавен во “Култ” – весник на независната младина за културна и ментална деконтаминација, 2006 г.

 

episkop.kliment.jpgСовремениот човек во 21-иот век, втурнат меѓу перспективите на бескрајно малото растојание на атомот и несогледливите граници на космосот, меѓу останатото, се наоѓа пред конечен избор: да биде хуман т.е. човечен според секуларниот или религиозниот модел. Интенцијата и на двата различни модели е човечноста. Прашањето кое се отвора пред нас е според кои критериуми се формулира вредноста на човечноста.

И додека главниот критериум за религиозниот хуманизам е личноста на Богочовекот Христос, совршен Бог и совршен Човек, кај секуларниот хуманизам, самиот човек доживеан како натура индивидуа супстантиа ратионабилис е основа за хуманистичкиот модел. Дефинирајќи ги основните постулати на овие два модели, несомнено ќе забележиме и изразен антагонизам помеѓу нив. Идејното и тековно движење преку институционална форма, етаблирана во структурите од религиозен и секуларен карактер, моќно влијае и ја формира физиономијата на нашата денешна цивилизација, од многумина доживеана како Западна цивилизација.

Грчкиот теолог Христо Јанарас вели дека Западната цивилизација е во ќорсокак. Тоа се огледа не само на теоретски план, туку и во очајот и апсурдот кои се насетуваат во секојдневниот начин на живеење. Но и покрај тоа, тој инсистира дека критиката на религијата од страна на просветителството, либерализмот, марксизмот, фројдизмот, атеистичкиот егзистенцијализам и научниот агностицизам со својата неумолива прецизност се чини историски оправдана.

Од друга страна пак, маркантно е мислењето на рускиот епископ Иларион Алфеев со кое целосно се согласуваме дека ако секуларните форми се прогласат за универзални и се натурат на целото население во Европската унија, ние ризикуваме да создадеме таква Европа која никогаш нема да може да стане дом за милиони луѓе чии вредносни системи и стандарди на однесување се религиозно мотивирани.

Секуларните стандарди за темите “слободна љубов”, хомосексуална пракса, прекинување на човечкиот живот по пат на абортус, контрацепција или еутаназија ја изнудуваат вознемирената реакција на религиозно изградениот човек поклоник на традиционалните религии.

Токму ова е појдовната точка врз која секуларното и религиозното нужно треба, час поскоро, да ја развиваат својата конструктивна дебата на глобален план. Единствено дијалогот, кој ќе се одвива пред очите на изморениот современик, ја дава аргументација која ќе му помогне да го одбере хуманистичкиот модел што ќе го препознае како свој. Онака како што јас го препознав мојот именуван како теохуманизам.

Израснат сум и воспитуван во семејство сочинето од три генерации, во кое секогаш свечено сум ги доживувал зборовите на дедо ми: "синко, во животот пред се треба да бидеш човек". Образован во духот на соц-реалистичкиот атеизам, како средношколец во стиховите на Киплинг препознавав фрагменти од комплексниот мозаик на човечноста, кои пулсираа со релационата условеност меѓу пунктните точки "ако можеш" и "ќе станеш".

Возбудливата потрага се одвиваше и низ делата на многу други автори за конечно сидрото на мојот живот да го фрлам во водите на Библијата, затоа што таму, во личноста на Оној Кој Е, го пронајдов Човекот што го барав. Вечноста не е во минатото, ниту во иднината, туку во сегашноста илуминирана од светлината на Триипостасниот Бог. Мигови од неа гледав во насмеаното детско лице, во нажалените очи на ближниот, во иконата на Света Троица од Андреј Рубљов во мојата монашка келија...

По ова, за мене епохално откровение во мојот внатрешен свет, необично и чудесно почнаа да се расплетуваат замрсените конци на многу нешта и да се открива значењето на тоа да се биде човек. Тогаш разбрав зошто во етимологијата на црковнословенскиот збор человек се крие значењето "со чело кон вековите".

 Човечноста е конституирана од вечноста. Одземајќи му ја димензијата на вечноста, човекот го лишувате од човечноста. Било кој општествен систем што го прави тоа во својата основа е нечовечен т.е. нехуман. Враќањето кон вечните вредности иако е личен избор сепак треба да биде грижа и на општествениот систем кој би овозможил амбиент на личноста да избира по кој критериум ќе го вреднува своето постоење.

Затоа мислам дека религиозниот вредносен систем не само што не е застарен и демодиран туку е актуелен и, за над педесет посто од вкупното светско население, единствен модел за хуманост. Обидот да се супституира овој традиционален христијански хуманизам со секуларната либерална хуманизација значи тотален диктат на западната хуманистичка идеологија кој секогаш ќе се восприема како милитантен атак за општествата основани на религиозни норми.

Дијалогот како процес на хармонизација на двата различни вредносни системи на хуманост во мерката на реалните можности, излегува на сцена пред човекот на нашето време. Верувам дека мојот современик сигурно ќе се одлучи за подобриот модел.

Епископ Климент Хераклејски

 

Посети: {moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5842
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6449
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5636
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная