логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

′′ Светлината влегува низ пукнатините на нашата душа..."

7.Vselenski.sobor

,, На сите жалосни радост “

( Писмо до лице кое боледува од психичка болест )

Ми пишуваш дека си имал стравови и панични напади, а подоцна како средновечна личност веќе имаш депресија. Истовремено велиш дека копнеeш за духовен живот, дека сакаш да се угледаш на подвижниците, на оние кои вложиле големи усилби и воделе сурови битки со себе за да го запознаат Бога. Додека го посакуваш тоа, истовремено не можеш да го постигнеш истото и тоа те разочарува, ја засилува твојата тага и вина. Сакаш одговор од мене. Она што смирено можам да ти го кажам не како мудрец, туку како страдалник, не преку мојата доблест, туку преку моите постојани падови, е следново:

1. Бог е личност и создава уникатна и неповторлива врска со секој човек. Кога ги читаме житијата на светиите, се восхитуваме на Божјата милост. Гледаме дека врската со Господ е реална и достижна. Инспирирани сме од љубовта и копнежот на светиите да најдат начини на кои ќе го вкусат Божјото присуство во својот живот. Но, тоа е една работа, а друга работа е да сакаме да го копираме нивниот начин на живот. Тоа не е возможно, затоа што нивниот, но и сечиј пат е личен пат.

2. Бог сака нешто уникатно од тебе. Патот кој што ти го открива за да се сретнете и средбата која што Тој ја определил со тебе се уникатни. Тие се за тебе, за твојата приказна, опит и искуство. Бог никогаш не побарал нешто од тебе што го немаш или не можеш да го поднесеш. Затоа, немој себично да си наштетуваш. Прифати се онаков каков што си, она што можеш да го трпиш, и тоа дај му го на Бога.

3. Конечно, да се вратиме на почетокот за да одговорам на твоето прашање.Луѓето кои имаат некакви душевни искушенија не можат и во никој случај не треба да го напрегаат нивниот нервен систем, затоа што тој е изморен и можеби е повреден уште во детството. Тие треба да чинат малку, едноставни и радосни работи.
Духовниот живот не е притисок, стрес, упадливост, гнев и тага. Старец Емилијан Симонопетриски говореше за една ′′ радосна аскеза ",  Св. Порфириј пак, за еден духовен живот, чиј карактеристичен елемент не е насилието кон духот, туку љубовта и радоста.


Затоа, не се исцрпувај во нештата кои ги надминуваат твоите сили. Оние нешта кои не се за тебе не ти се од полза ". Она што треба да го правиш е да го носиш крстот на болеста. Велејќи ′′ Благословено да е името Господово ", и тогаш ќе видиш дека Бог ќе те исполни со благодат.
Фактот дека го носиш овој крст уште од детството не го остава рамнодушен Бог. Прифаќајќи ја раната, на еден необјаснив начин ти ја исцелуваш, правиш да омекне.
Правилото на твојата молитва е трпение и прифаќање на ранливоста и слабоста на твојата душа. Ова те води кон смирение, кон љубовта и оттаму кон славословие и длабока молитва.

7.Vselenski.sobor

Затоа едно ′′ Ти благодарам Господи ", кое што ќе го каже еден болен човек, ги надминува стотиците молитви на бројаницата.
Ако докторот процени, земи ги лековите со смирение и славословие кон Бога. Медицинската и психолошката помош му помага но не го заменува духовниот живот во Христа. Психијатријата зборува за ′′ душата ′′ како невробиолошка структура, а Црквата - како Божји лик и егзистенцијален центар на човечкото суштество, но ова се различни нешта и не се збунувај.


Исто така, не се збунувај кога ги читаш отците на Црквата кои зборуваат за тагата. Една работа е дистимијата (форма на хронична депресија), унинието, периодичната и преодната фаза на тага низ која сите поминуваме, а друга работа е клиничката депресија. Отците зборуваат за тагата и дистимијата
( променливо расположение ), не за депресијата, па дури и кога го спомнуваат терминот, не го користат на истиот начин  како и науката. На оваа тема е потребно да се расудува и да се внимава што се слуша и што се чита.


Обиди се едноставно, смирено и нежно да ја исполнуваш Божјата волја, која е љубов, сочувство, прошка и снисходливост кон сите. Кажувај ја Исусовата молитва - “безмолвие без посебен рецепт”, само за да го научиш својот ум да брза кон самиот Христос.
Живеј секојдневно со радост, со пријатни нешта, со пријатели, сам, како што се чувствуваш подобро. Изразувај се творечки, движи се, љуби и дозволи им на другите да те љубат. Живеј без вина, бидејќи таа потекнува од нашето патолошко јас, нурни се во морето на Божјата љубов и тогаш ќе видиш дека твоите гревови се капки во океанот на Божјото милосрдие. Не копај во минатото, живеј за денес и замисли си го утрешниот ден.
Трпението и прифаќањето што ќе ги покажеш за твојата состојба ќе завршат како храна во одгледување на твоето битие, за да се појави Христос, исполнувајќи го твојот живот со светлина и радост.


Нашите проблеми не мора да исчезнат, но кога ќе дојде благодатта, сè се  облекува во радоста на Духот. Тој живее во тебе и Тој создава сè.

3.angeli.so.truba

о. Харалампос Пападопулос

 

Bogonosci.bg


Превод:Симеон Стефковски

 3.angeli.so.truba

5ти ноември 2020 лето Господово

Друго:


проф.во ДМБУЦ " Илија Николовски - Луј", преведувач, соработник водител во духовни емисии „Училиште за Животот“ и „Евангелска вистина“

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1481
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1844
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1649
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…