Павел Пападопулос: Направете го вашиот дом место за утеха, прошка и разбирање
Духовен човек не е оној кој ја истражува и црпи од светската мудрост, ниту морален човек, туку оној кој расте во Љубовта.
Ако се осмелам да кажам кој е духовен човек, би рекол дека тоа е човекот кој љуби. Бидејќи бесконечноста, за која сите сме повикани е љубовта во Христа, односно искрената љубов, несебичната љубов, љубовта која може да ја достигне жртвата на Крстот без да крие злоба во себе.



Нашиот крст ќе стане наше Воскресение само тогаш кога ќе го прифатиме и кога смирението ќе влезе во нашето срце,смирение кое ќе ни донесе покајание. И тоа повторно ќе ни ја донесе радоста во нашиот живот наместо “смртта” што ја чувствуваме постојано.























