логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Драга м. В!

Колку што човекот навистина, а не привидно е поблиску до Бога, толку повеќе се чувствува недостоен и грешен, погрешен од сите луѓе. Така се чувствувале светите отци. Примери има многу, сетете се сами.

Параболата за митарот и фарисејот

Цариникот од друга причина се чувствувал себе за грешен. Но, станувајќи свесен за својата грешност, не се оправдувал, туку се молел за прошка од Господа и – ја добил. Сите луѓе имаат неисплатлив долг пред Бога. Никакви подвизи не можат да го исплатат неговиот долг, а како што Господ вели па дури и да се исполни сè што ви е наредено (т.е. сите заповеди), или да се сметате себе за непотребен слуга. Значи сите ние, кои секогаш ги нарушуваме Божјите заповеди, обврзани сме да го имаме цариниковото душевно настроение. Во себе не треба да се бараат никакви заслуги, дури и при вршењето на подвизите. Ние сме. секогаш бескорисни слуги. Само милоста Божја им простува на оние кои се каат и ги води во Царството Божјо.

Ете зошто светите отци и Господ ни забрануваат да тежнееме кон возвишена состојба на духот. Целиот наш внатрешен подвиг треба да се сосредоточи на покајание и на сè што води кон покајание, а Божјото ќе си дојде само од себе кога местото во нас ќе биде – чисто и ако сака Господ. Ако подвижникот нема искрено чувство на грев и нема смирено срце, тој сигурно паднал во прелест, Особено тој што се наоѓа во молитвен подвиг, должен е да ја има молитвата на цариникот и неговата понизност, инаку ќе го излажат бесовите (злите духови), и ќе западне во високомислење, суета и прелест. Господ нека нè избави од тоа.

Ова е одговорот на Вашата желба да знаете, што значи да се има расположението на цариникот. Господ во приказната за фарисејот и цариникот ни покажал како треба да се молиме и со какво душевно настроение, а како не треба (преку фарисејскиот пример).

По доаѓањето на Спасителот и Неговото страдање, молитвата на цариникот светите отци ја замениле со Исусовата молитва. Смислата им е разбирлива.


Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2011, стр. 12

 

Извор : Бигорски манастир

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1057
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…