логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Арх. Рафаил (Карелин)

Кога би ме прашале што е најпрекрасно во овој свет, би рекол: лицето на небото завртено кон горите.
Наутро снежните врвови изгледаат како облаци или јата лебеди кои, уморни од летот, се спуштиле на камените карпи. А дење облаците, обоени од зраците на сонцето, - како да се извезани со златен пораб, - стануваат налик на врвови на гори кои, откинувајќи се од земјата пливаат по небото како огромни санти мраз во синкастиот океан.

Небото е длабоко како човечкото срце. Небото никогаш не е едно и исто, како ни човечката душа. Небото е секогаш ново, како да го гледаме прв пат. Можеме со часови да гледаме, не одвојувајќи ги очите, во неговата бескрајност да ги набљудуваме облаците кои ја менуваат својата форма, за миг слични на воздушни замоци, за миг на кринови во кристална вазна, за миг чудовишта кои стапиле во меѓусебна борба. Во гората боите се гледаат како низ проѕирен кристал, тие се контрастни и силни. Има малку полутонови и премини од светло кон темно, како сигурна рака да ја насликала таа претстава, не мешајќи ги боите на палетата.

Ноќе ѕвездите со своите благи трепетни светкања стануваат слични на бисери растурени по дното на бајколикото море. Понекогаш се чини како ѕвездите да се искри на космичкиот оган кои се вивнале нагоре позади хоризонтот и се замрзнале во ладниот простор на ноќта.

Необично е изгрејсонцето во горите. Него не можеме да го пренесеме во бои на платно, можеме само да го видиме со своите очи. На исток се појавува светла трака над горите. Од почеток таа има нејасна боја, како бранови на пролетно речно изливање, потоа станува светлосина, а потоа румена. Се чини дека зората ја раскинува црната завеса на ноќта и дека, блескајќи со боите на виножитото, ја пее својата песна, слична на победничка химна. Како врвовите на гората да се будат од сон, а во кладенците и провалиите, кои во ноќта изгледаа како темни сенки кои ги фрлаат горите, се појавува магла, - како од бездната да се подигнуваат бранови од сивкастосин чад. Во тие моменти небото личи на синкаст топаз, а потоа на лазурит. Сонцето излегува овенчано со зраци и се чини како по светлосиниот лазурит да течат потоци од растопено злато.

Утрото во горите по нешто потсеќа на создавањето на светот, а изгледот на пустинските гори – на она време кога земјата сеуште не била осквернета од гревот. Тука има особена убавина – убавина на задлабоченост во мисли, како камен насреде огромни цветови, израснати во бајковна градина.
Во гората секогаш е тишина, но посебна милозвучна тишина, осенета од дишењето на ветрот или жуборот на сребреникавото поточе кое како чипкаст вез на старинско писмо, се вртка меѓу камењата.

Кавказ го нарекуваат цар на горите, а монасите и отшелниците кои живеат во неговите пештери се цареви довереници и пријатели на кои тој им ги отвара капиите на своите камени дворци и на кои им ја дарува својата вековна ризница – тихувањето, во кое исчезнува самото време, а срцето го чувствува здивот на вечноста.

Прекрасно е зајдисонцето во горите, кога се чини дека облаците се осветлени од пурпурна боја. Тие личат за миг на венец од румени цветови, за миг, кога ветрот ги брка кон запад, - на зданија зафатени од оган, на опламенети градови или острови, полеани со крв. Кога се тоа олујни облаци, тогаш небото личи на страниците од Апокалипсата.

Што го привлекува монахот во горите? Зошто во неговото срце се буди радост, како овошка меѓу карпи и дрвја, која со своите корења продрела во камења, а душата сама почнува да пее без зборови и глас? Тоа е тајна која не се открива од уста, затворена со молитва. Овде душата разбира што значи она што е изразено во зборовите на псалмот: … Ти прекрасно светлиш од пустинските гори.

Горите се царство на молчењето, и затоа мојот збор му отстапува место на молчењето – таа песна во слава на горите.

Горите се образ на духовното искачување во кое е потребен непрестан духовен подвиг и труд. Провалиите и јамите под нозете се темните амбиси на гревот, скриени во човечкото срце, а змиите, притаени под камењата, се страстите кои со своите отровни заби ја рануваат душата кога духовниот поглед на подвижникот ја губи острината и кога заборава дека вечниот живот и вечната погибел се решаваат во длабочината на неговото срце, и дека не е најважно тоа што се случува надворешно, туку она што е внатре, во самиот него.

Во тихувањето на горите монахот го бара тихување на својата душа, во тоа молчење да се чујат зборовите на Исусовата молитва, сите сили на неговиот дух да се соединат со вечно новото име на Бог и во притемнетоста на одврзаноста од земното, во кое човекот остава слики на своите вообразби и расудувања на својот разум, - во таа мистична ноќ, - името на Исус Христос да сјае во неговата душа како утринска ѕвезда. Убавината на небото и гората го учи за Најголемата Убавина, а дека горите и небото се само сенки на таа убавина. Монахот е како трагач за богатство. Тој постојано ја бара молитвата, како ризница, ја сака како да ја нема. Царството на горите е неговото добро, а тихувањето на пустините неговата радост.

Каде е она време кога подвижинците заминуваа во горите, оставајќи ги царствата и кнежевствата, како што војниците, напуштајќи ги своите домови, одат во борба со непријателите? Нивните подвизи не можеа да исчезнат, нивните молитви се како невидлив покров распрострен над нашата земја. Горите на Кавказ напоени се, како од безбројни реки и извори, така и од благодаттта и од нивните подвизи и трудови. Вековите го нафрлаа својот невидлив покрив на земјата и овде с# се промени, но Кавказ остана ист.

Кога горите би имале уста, тие нам би ни ги откриле имињата на оние чии тела лежат во гробниците скриени од светот, но чии души сјаат како ѕвезди на небото. Ние не ги знаеме тие имиња, но чувствуваме благодат во горите на Кавказ, како пред нас да се отвара завесата на времето. Таа радост е сведоштво за нивното невидливо присуство. Затоа ние, прославувајќи ги светите подвижници, се молиме и на оние чии имиња се сокриени од нас до воскресението на мртвите.

Сите светии, во кавкаските гори кои сте засветлиле, очистете ги нашите души од ниските страсти, и ние да ја видиме светлината на Горската (Таворската) Убавина – Светлината на Вечното Преображение.

Подготви: Михаила Поповска

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3013
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2264
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…