логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Мрежи

Вее снегот  насекаде
тешко дека нешто ќе одмине
плетката си го прави своето
за него не наликува ни на сито.

Дождот неуморно паѓа
неможе да влезе во сечија лаѓа
и наросени неможе да ги видиме
лесно го отфрлаат тоа бреме.

Ветрови разнишуваат
дрва, камења, творенија,
нив не ги ни допираат
небаре за нив се умиленија.

Незнаев но погодував
гледајќи ситни мрежи за мали риби
и јас во нив се заплеткував
кога помислував дека имам тегоби.

Окцата им се различни
зависно од нивните намени,
но нема големина на риба
која нив ги одмина.

Распрострени се по море, езеро,
бег од слобода  - не е недело,
на секого по патот попреку
стремат да го свлечкаат удолу.

Ако се одлепи од копнено море
само погуст станува воздух,
погледот е насочен горе
туркајќи се против злиот дух.

Го обвиткуваат срцето
небаре е само нивно,
мајчински ги чуваат страстите
не даваат да порасните.

Најубаво стојат - на очите,
вистина изобличуваат пред нас,
ги произведуваат  така немоќните
сите да учат во еден клас.

Има ли бег
од овој непријателски заплет,
има ли раствор
употребен да ублажува умор?

Алат создаден, наумен,
продор да прави во оваа напаст,
или мудрост на најсилен
да избегне ваква пропаст.

Не најде човекот во векот
бегство од овој затвор,
дрскост има човекот векот
докторска наука – злотвор.


Но, тука си Ти Пријателе,
Творец на добро,
На живот Двигателе,
Кој се’ устрои премудро.

Решение даде надумно
Огнени мечеви подари,
да не бидам петел на моето гумно
да фатам борба која нема да ме умори.

Ти си Витез на моето срце
Чистач на неговите страсти,
Борец за мојата слобода
Чувар на Твојата капија.

Од мене како Питач бркан
само ја побара мојата волја,
да ти отворам како на гладен
кој приоѓа во неволја.

Сакаш навистина
само една желба да имам -
сам во небиднина
никогаш да не останам,
во мрежи заплеткан
пусто да талкам.

Да Те повикам насамо
мрежи да искинеш надумно,
огнена кочија за мојата душа
ќе пратиш за оној кој Те слуша.

Сидрото ќе го подигнеш
брод ќе заплови кон небеса
разум да разбере
Црквата е Твоја невеста.

Срце ќе ослободиш
во небесна капија ќе претвориш
очи да прогледаат
Тебе да Те видат.

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго:

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4519
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3797
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…