логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Житие, Песнено последование и Молебен канон кон преподобниот и богоносен отец наш Ефрем Филотејски и Аризонски (07.12.2020 16:03)

3.angeli.so.truba

Во Сонора се јави како жител во пустина,
таму, сред безводната земја, отче Ефрем, богоносен.

Со љубовта кон Христа, извор нов,

за наслада ни дари, денес, ти,

за да пијат сите верни,

и песнословејќи да воскликнуваат:

Слава на Тој што крепост ти дал,

слава на Тој што те овенчал,

слава на Тој што низ тебе

и нам ни дава благодат.


(тропар на преп. Ефрем Филотејски и Аризонски)


 

            По повод празникот на успението на светиот Старец Ефрем Филотејски и Аризонски, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, деновиве излезе од печат книгата „Житие, Песнено последование и Молебен канон кон преподобниот и богоносен отец наш Ефрем Филотејски и Аризонски“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.

Книгата е издадена по повод дваесет и пет години од возобновувањето на женското општожително монаштво на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима, и е посветена на светиот Старец Ефрем Филотејски и Аризонски.

Службата посветена на преподобниот Старец Ефрем Филотејски и Аризонски е од типот на таканаречените служби според Типикот на Ерусалимската химнографска традиција, и според својата структура е триделна. Во неа се вклучени празнични стихири од Мала вечерна, Велика вечерна и Утрена.


На Утрената, покрај тропарот, седалните, светилните и хвалитните стихири, се застапени и два канона, првиот на глас 4, подобен: Ἀνοίξω τὸ στόμα μου., со акростих: „Те воспевам во денот на покојот твој“; и вториот, на глас 8, подобен: Ὑγράν διοδεύσας., со акростих: „Со твоите молитви, молитвен дар [за нас] измоли“.


Мелодиските формули се според моделот на светогорските празнични песнопенија предназначени за сеноќните бденија.


Ова, всушност, е прва служба (последование), оригинално напишана на македонски јазик, според правилата на византиската химнографска традиција, и е посветена на светиот и преподобен отец наш Ефрем Филотејски и Аризонски, во чест на неговото успение (25 ноември / 8 декември).

 3.angeli.so.truba

***

Каков, од венци, свет песнопој,*

да исплетеме, Ефреме свети?*

Ти кој со молитвата, духовно,*

вознесен беше до Сонцето,*

срцето го смекна како восок,*

и дух,* смирен, ти си стекнал, внатре, во него,*

ко сад,* исполнет со молитва, благодатно,*

извор на утеха стана,* за нас рајска храна,*

како скапоцен и свет дар,*

во домот, молитвено пред Бога,*

за сите преславно.*



Каков, со песни, глас пофален,*

да запееме, Ефреме свети?*

Животот на молитва посветен,*

твоето тело го освети,*

стоејќи неуморно пред Бога,*

без страв,* тајник созерцателен си постанал,*

без глас,* ти во умиление си пребивал,*

затоа, немој да запреш,* да се молиш, за нас,*

пред Спасителот и Бог наш,*

за оние, сега што ти пеат,*

и слават, восхитно.*

 
3.angeli.so.truba 

Каков, од песни дар, достоен,*

да принесеме, Ефреме свети?*

Ти кој преку љубов Божествена,*

посвети многу во молитва,*

стоејќи неуморно пред Бога,*

без страв,* сите искушенија ги совлада,*

и смел* молитви постојано си кажувал,*

затоа немој да запреш,* да се молиш за нас,*

пред Спасителот и Бог наш,*

за оние сега што ти пеат,*

и слават, тајнику.*




Слава: Глас 6. (самогласен)



Во денот на твоето успение,

вселената доби нов молитвеник пред Господа.

Со благодатта Божја, окрилен,

си ги презрел сите грижи овоземни.

Себепосветен на молитва,

сотрудник на благодатта бидна

и апостолски дарови прими.

Со промислата Божја, си ја посетил Канада и Америка,

на монашкиот живот таму, сред безводната пустина,

ти си поставил цврста основа,

и по целата земја си родил многу чеда духовни.

Празнуј, отче Ефрем, преподобен,

зашто сега во Царството на Господа,

ти си другар на Христа;

Него моли Го, да ги спаси

и помилува душите наши.



(извадок од Велика вечерна)

3.angeli.so.truba

 Извор: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7356

 8ми декември 2020 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2767
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1944
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »