Одредени датумот и местото на потпишување на Актот за канонско единство меѓу РЗЦ и МП
Одредени датумот и местото на потпишување на Актот за канонско единство меѓу РЗЦ и МП
|
(29.12.2006)
Синодот на Руската Православна Црква донесе решение за датумот, местото и процедурата на потпишувањето на Актот за канонско единство меѓу Руската Задгранична Црква и Московската Патријаршија. Ова на 26 декември го соопшти митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија (ОНЦВ МП). Одлучено е Актот да биде потпишан на 17 мај 2007 година, на празникот на Вознесението Господово, пред почетокот на Божествената Литургија во храмот на Христа Спасителот, после што епископатите на Московската Патријаршија и на Руската Задгранична Црква ќе се обединат во совршувањето на Светата Тајна Евхаристија. Синодот на Задграничната Црква во проширен состав донесе аналогно решение на почетокот на декември, соопшти митрополитот Кирил. „Ставена е точка на процесот на преговорите“, изјави за медиумите претседателот на ОНЦВ МП. „Навистина, остануваат на дневен ред некои технички моменти што треба да се прецизираат и затоа нашиот Синод ја покани делегацијата на Руската Задгранична Црква пред потпишувањето на Актот за канонско единство да ја посети Москва заради разрешување на преостанатите прашања.“ Во однос на првата заедничка Божествена Литургија, владиката Кирил истакна дека „постои предлог причестувањето да се изврши според Пасхалниот чин, кога се отворени Царските двери, за сите присутни да го почувствуваат историскиот момент на заедничарење околу заедничката Чаша на претставниците на Руската Православна Црква и Руската Задгранична Православна Црква“.
Покрај тоа, Синодот донесе решение да ја отповика екскомуникацијата на двајца клирици што своевремено преминаа во РЗПЦ од идеолошки причини: епископот Ефтихиј (Курочкин) од поранешната Омско-Тјуменска епархија и свештеникот Владимир Карелин од Курганската епархија.
Известува: Седмица.Ru
|
Преземено од официјалниот сајт на МПЦ
http://mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=1655


„
Со благослов на патријархот Московски и Руски Алексиј II, на територијата на Русија започна со работа 24-часовна православна мобилна служба „Дознај од свештеникот 09399“.
Во вторник Ерусалимскиот патријарх Теофил замина за Истанбул за да се сретне со Цариградскиот патријарх Вартоломеј во барање на излез од црковната криза во која западна Ерусалимската патријаршија во последните денови. Минатата недела неочекувано Кралството Јордан го отповика официјалното признавање на Теофил за Ерусалимски патријарх, бидејќи „тој не ги исполни ветувањата што ги даде на Јорданската Влада при својот избор“. Оваа одлука дојде во моментот кога се очекуваше Израел да го признае Патријархот после неколку годишно одлагање. Според информирани лица, и на палестинските власти исто така им се прави притисок да ја откажат поддршката на патријархот Теофил. Овој акт го става патријархот Теофил во исклучително тешка ситуација и веројатна е можноста да се пристапи кон избор на нов патријарх.
























