логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

Продолжувам таму каде што застанав минатиот пат: го поставив прашањето дали може и интелигенцијата да биде разочарана од својот народ, а не само и постојано (како што е состојбата на социјалните мрежи) народот од неа. И ако вистинската интелигенција има постојана обврска да го кажува своето мислење и со тоа да го води својот народ, нема ли и народот барем една обврска – во време кога секој има компјутер (ама ретко кој чита книга), да биде просветен и заинтересиран барем за државотворните моменти од сопствената историја, кога со гласање треба да си ја реши својата судбина? И конечно: можно ли е еден стар турски збор, „сеир“, да биде темел на нашиот менталитет и „духот на македонскиот народ“, романтичарски кажано? Лингвистиката вели: да „сеириш“ значи – со уживање да набљудуваш нешто.

Кажав и минатиот пат: свесен сум дека секој говор за народот е генерализација која говори за просекот, а не за исклучоците. Иако не сакам стереотипи и генерализации за народите и групите, барем едно знам сигурно, од искуство: мојата генерација израсна на СЕИРЏИЗМОТ како доминантна колективна животна филозофија (чест на исклучоците што се држеа до личност и персонализам). Затоа, во оваа колумна, под „народ“ ги подразбирам мојата генерација и нејзините деца. Јасно е дека тој народ е главно „градски“ и е резултат на масовната миграција на релација село – град, од 50-тите до 90-тите години на минатиот век. Нашите татковци дојдоа од село или помали градови; повеќето од нас се родија во Скопје, а некои од мојата генерација дојдоа како „прво колено“ од помали средини. За тој народ пишувам овде. Под „сеирџизам“, пак, со мала модификација на горната лингвистичка дефиниција, подразбирам: колективен конформизам, кога на друг му препушташ да ја заврши твојата работа, а ти седиш отстрана и критикуваш и, уште, СЕ РАДУВАШ АКО НЕ УСПЕЕ. Сеирџизмот во таа моја смисла е троен поим: егоизам, злорадост и склоност кон озборување на оној што не успеал. Три погубни нешта на едно место. Лично знам луѓе од мојата генерација што откако ќе ги испратеа најблиските на аеродром, остануваа да го гледаат полетувањето и на следниот авион, со рацете во џебови. Тоа го правеа особено откако ќе се случеше некоја авионска несреќа во светот. Што сакаа да видат?! Дали и тој авион ќе полета, откако нивните најблиски безбедно полетале?! Така и гласаме: со очекување некој да падне, а не да полета вистинскиот.

На прв поглед, нашите синови и ќерки го отфрлија тој морбиден сеирџизам и наводно израснаа на нови вредности. Но не е така. Компјутерите им всадија еден софистициран, западен модел на сеирџизам: моралната незаинтересираност за другиот. Ако во другата хотелска соба се слушаат женско врескање и шлаканици, тешко дека некој од младиве ќе се замеша да ја одбрани жртвата. „Си има полиција за тоа“, рече синот на еден мој другар, кому му се случило истото тоа при еден престој во Шпанија: некој маж тепал жена во соседната соба. Така, сеирџизмот на татковците, како есенција на егоизмот и злорадоста, нужно доведе до морална анестезија кај децата. Таа морална тапост е всушност мислење дека некој друг, овластен, треба да се справи со злото, а не јас, не – личноста. Така, ни се случи пренос на одговорноста за справување со злото – од личност кон институција. Таа западна „вредност“ идеално се накалеми на нашиот вроден, „источен“ сеирџизам.
Сеирџизмот и денес е жива народна особина, особено во односот недопросветен народ – интелектуалци. Недопросветениот народ сеирџиски гледа гладијаторски борби по колумни и на ТВ-екрани. Интелектуалците што сметаат дека им е јавна должност да кажат што мислат, главно ги смета за будали што викаат „царот е гол“. Има и еден итарпејовски потсмев во тоа народно поимање на интелигенцијата, кое се супсумира во реченицата „Можеби е поучен, ама јас сум поитар“. Еве ви типска слика: еден сосед, службеник што живее од филозофијата „нишај врата, земај плата“, на денот на секое гласање стои потпрен на училишната ограда (училиштето е гласачко место), грицка семки и регистрира кој излегува да гласа. Има синџирче што често знае да го витка на десниот показалец, од досада, прво надесно, а потоа налево (сеедно му е лево или десно): класичен сеирџија. Понекогаш знае и да праша (особено на нишан му се интелектуалците): „Шо бе, ќе гласаш?!“ Има во неговиот тон силен сеирџизам, како да сака да каже – биди сто пати доктор на науки, глупав си како тиква. А таква самоувереност може да дојде само од материјална згриженост: за него знам дека има „линкови“ по целото општество. Плус има „нивчиња“ што „не ги работи“, туку ги издава. Има и бугарски пасош. Нема деца. Што му значи нему – какво и да е гласање?

Големиот хрватски поет Силвие Страхимир Крањчевиќ, во антологиската песна „Мојсеј“, покажа како народот зад грб го исмејува пророкот што го избавува од ропство. Пророкот го моли Господа да го изведе неговиот народ од ропство, Господ го опоменува дека ќе биде разочаран од народот, но овој упорно моли и, конечно, го измолува. И кога ќе се сврти зад себе, да му каже на народот дека го довел во Хананската земја и го избавил од ропство, гледа: народот веќе си изградил златно теле и му се клања на новиот идол, а не на Јахве. И уште добива поруга: „И тргна џагор народен / се слушна од толпа поруга: / Тоа ли е земјата Хананска? / За ова ли нè влечеше низ пустина / да згниеме на згаснати огништа?! / И кој право тебе ти даде / Со сила да нè ослободиш / По своја волја, ко на ортома / од казаните на Земјата мисирска?“
Како гласа таков „народ“? Кога мисли „да“, излегува, ако не се успие и ако нема „метеж“ (градски народ е тоа!). Кога мисли „не“ или е воздржан – не излегува. На таков сеирџиски „народ“, заинтересиран само за партиски мисирски казан, интелигенцијата нема многу што да му даде. Наместо постпостмодерна уметност, треба да му даде просвета, и тоа повеќе воспитание од образование. А тоа не се дава по колумни, туку по семејства и училишта.

Партиите, пак, многу полесно доаѓаат до народот од просветителите. А зошто? Затоа што „народот“ од партиите може и да добие, а од знаењето не добива конкретна корист. Ако може – некое референтско местенце, некое дуќанче под пониска кирија, макар и шоферско местенце во општина, кога бате или вујче ќе дојдат на власт. Ете, тоа бара претпладне од партиите таков „народ“ (или изродот од здравиот народ), а попладне, за истото тоа („лична корист“) по социјални мрежи ги обвинува јавните личности, будно следејќи ја секоја промена во нивната материјална состојба, која е транспарентна, за разлика од онаа на народот. Таков „народ“, уште и опремен со собни медиуми, е подготвен директно да комуницира со политиката: да ѝ се спротивставува, да ѝ се додворува и да се препорачува, да се бие меѓусебно, истребувајќи ги не само оние од непријателската партија туку и конкурентите од истата таа. А интелигенцијата што настапува јавно, убедена дека НАВИСТИНА од неа зависи опстанокот на заедницата, ќе изумре како непотребна. И сè ќе биде онака како што треба да биде.

Каква смисла има тогаш да се гине за идеја, без разлика дали била лева или десна? И онака, вистински „леви“ и вистински „десни“, подготвени да го жртвуваат животот за идеја има многу малку, кои заедно со уметниците подготвени да умрат за една слика или за една песна треба да бидат прогласени за национално богатство. Меѓу нив, вистинските идеалисти, лежи бесконечното море на прагматизмот на народот, кое ни Мојсеј не може да го раздвои. И сè околу тој однос на интелигенцијата со таквиот „народ“, на крајот може да се сведе на две клиширани реплики, познати од секоја сцена на раскин на еднострана љубов: „Не ти требам? Не ми требаш ни ти мене.“ Народот, вистинскиот, необразован ама чесен, секогаш бил голема и трагична книжевна тема. Овој и ваков, полузачевлен, не. Додека не дојдат подобри, морално чисти колена во македонскиот род. А ќе дојдат. Толку од толку.

 

 

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%d1%81%d0%b5%d0%b8%d1%80%d1%9f%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d0%bc/

Друго:

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3198
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3039
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »