логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail


 bogorodica.k.dol.jpg

Депонија за знаењето 
 
  
Ова е време кога образованието полека станува услужна дејност, а професорите – еден вид интелектуални келнери, кои треба да ја исполнат нарачката на клиентот. Студентите плаќаат (на приватните универзитети плаќаат и огнени суми), па почнуваат да веруваат дека ја плаќаат дипломата како стока, како што се плаќа автомобил при купување. Кој има пари за тој накит што се вика диплома, ќе го купи; кој нема ќе мора да учи. Таа девиза води кон целосно гнило образование – шупливо однатре, сјајно и раскошно однадвор 

Како и секој нормален човек, така и јас одвреме-навреме седнувам пред телевизорот. Не знам зошто го правам тоа кога принципиелно се обидувам што помалку да трпам зрачење со најразлични глупости од таа кутија; освен тоа навистина немам време за тоа. Телевизорот е за слободни луѓе, кои не знаат што со својата слобода, па имаат време да бидат робови. Па сепак, ме копка. Ме копка до каде може да се оди со невкусот, кичот, агресивноста. Не велам дека понекогаш нема да слушнам и видам паметно нешто (на пример добар фудбал), ама најчесто гледам глупости. Последното нешто што го видов и веднаш исклучив беше една реклама. Рекламата е за саемот на книгите, значи, за најписмените од писмените во државава - писателите. Рекламата е кратка и има текстуален дел од една граматички неточна реченица: „Саем на книга“. Јасно е дека треба да стои „Саем на книгата“ и дека она „Саем на книга“ би го напишал само некој кому мајчин јазик му е српскиот, во кој таквата реченица би гласела „Сајам књиге“. Некој буквално превел од српски без да размисли дали тоа кај нас функционира. Можел да напише и во множина: „Саем на книги“ и тогаш не би бодел толку очи, затоа што има и „Саем на автомобили“. Но „Саем на книга“, едноставно, кај нас - не оди.

Не е поентата во тоа што некој згрешил во слоганот за најписмените од најписмените во државата. Не е поентата во една обична граматичка грешка: нема да цепиме влакно со секира. Работата е многу, многу посериозна одошто изгледа. Прво, работата добива на тежина ако само за миг го преместите тој што го составил аграматикалниот слоган од една професионална област во друга. Замислете дека е хирург, на пример. Или пилот, не дај боже. Замислете ги еквивалентот на неговата грешка и последиците. Од овој слоган никој нема да умре; ќе настрада само нашето уво, кое полека ќе се навикне да го испушта членот, таму каде што некој проценил дека нема потреба: членот е вишок! Токму за тој тип македонско „мајсторисување“ пишував во минатата колумна!

Но да го оставиме и тоа настрана. Да отвориме малку поширока перспектива и да се запрашаме зошто се случуваат вакви (и не само јазични) грешки во една од „најписмените“ држави во регионот.

Нема потреба да ве убедувам дека Македонија полека ама сигурно (и покрај големиот број неписмени) станува земја во која знаењето станува знак на престиж. Гледам што се случува со студентите: ќе дипломираат кутрите, нема никаде работа, па запишуваат магистерски (постдипломски) студии. Умно. Зошто да седат попусто дома, да гледаат во една точка и полека да излудуваат додека стареат? Резонот е: подобро учен невработен одошто неучен невработен. Сега, со новиот систем на образование, сакал–нејќел со три години ќе добиеш диплома, а со една (или две) дополнение стануваш „мастер“, односно – магистер (по старата номенклатура). Тоа значи дека сега средното училиште стана како основно, факултетската диплома спадна на средношколска квалификација, а магистерската стана обична факултетска диплома. Докторатот е нешто како магистерските едно време. Тоа е светски тренд: девалвација на степените на образование. Не знам што се крие зад таквата (за мене) малоумна глобална политика во образованието. Најверојатно станува збор за желба што порано да се добијат тесно специјализирани кадри од инкубаторот на образованието, такви што потоа ќе бидат послушни запченици во механизмот, кои како идиоти ќе си ја гледаат само својата „специјалистичка“ работа, а нема да ја гледаат целината. Што значи – нема да им додеваат на оние што владеат и се задолжени за целината. Како и да е, знам дека таквата глобална политика во образованието кај нас произведе (во последниве години) многу, многу магистри, па природно – и доктори на науки. Живееме во земја во која магистерските наскоро ќе станат како возачка дозвола: потреба.

Таквиот пристап кон знаењето е всушност моден пристап. Тоа е конфекциско-јувелирен пристап: со знаењето се облекуваме, се китиме, го впишуваме со италикс во „си-вијата“ за барање работа, надворешно го консумираме, а всушност – сé помалку се учи и сé помалку се чита. Тоа го знам од лично искуство, од работа со студентите. Бројот на титули расте, знаењето реално се намалува. Постои, се разбира, реална разлика меѓу знаење и образование. Некој може да покаже дипломи за образование, но тоа не значи дека реално и знае. Доказ за тоа е и онаа реклама од почетокот на текстот. Не се сомневам дека тој што ја составил онаа аграмтикална реченица има диплома. Работата е што таа диплома е без знаење.

Освен тоа, ова е време кога образованието полека станува услужна дејност, а професорите – еден вид интелектуални келнери, кои треба да ја исполнат нарачката на клиентот. Студентите плаќаат (на приватните универзитети плаќаат и огнени суми), па почнуваат да веруваат дека ја плаќаат дипломата како стока, како што се плаќа автомобил при купување. Ретко кој сфаќа дека плаќа за да му бидат создадени што поквалитетни услови за учење. И таа девалвација учествува во создавањето модно-конфекциски, бижутериски пристап кон знаењето. Кој има пари за тој накит што се вика диплома, ќе го купи; кој нема ќе мора да учи. Таа девиза води кон целосно гнило образование – шупливо однатре, сјајно и раскошно однадвор.

И конечно, последното и не помалку сериозно прашање е: што се случува со толку многу „знаење“ (какво-такво, тоа си има покритие со дипломи), кога тоа не е употребено, кога се складира, како премногу стока или како муниција по магацините? Знаењето може еден ден да експлодира (дај Боже!), да стане свесно за самото себе и за својата неправедна неискористеност. Што со таа инфлација од невработени млади луѓе? Искуството покажува дека еден дел од нив, оние похрабрите засекогаш ја напуштаат земјата; тоа е нов бран македонско раселување, печалбарска тема за нова битова драма, за тројката Иљоски -Панов - Крле. Другиот дел останува овде и полека ама сигурно излудува: го претвора своето знаење во интелектуална фрустрација. Нема ништо потешко од тоа да поседуваш знаење што немаш каде да го покажеш, па мораш да се „преквалификуваш“. Еднаш ви пишував за шокираноста на еден дипломат, кој кај нас, на бензинска станица нашол вработен магистер по филолошки науки. „Таква земја на светов нема“, ми рече тогаш. Навистина нема. Прашањето е само: а дали треба да има?

Авторот е универзитетски професор и писател
  
   
Автор: Венко Андоновски 

Извор: Нова Македонија
 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 800
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1373
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 7986
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »