логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

Своевремено, мојот хрватски пријател и колега по перо, Миро Гавран, напиша комедија со ист наслов. Но тој мислеше на љубовен триаголник: во неговата комедија, една жена, која е хостеса во воз, живее истовремено во брак со Словенец и со Далматинец, зашто три дена од седмицата поминува во Словенија, а три дена во Хрватска. Комичниот заплет се должи на тоа што двајцата сопрузи не знаат еден за друг.
Јас во колумнава мислам на идеолошки, а не на љубовен триаголник. Очигледно е дека денес, кога се усвојуваат „прогресивните“ западни вредности на сите нивоа на општествениот живот, има „трет“ и во најинтимните односи меѓу сопружниците. Тој трет не е човек, туку идеологема. Тоа е – капитализмот. Или, народски кажано, „државата“. Така што може да се каже дека капитализмот станува маж на нашите жени, а државата (најчесто сведена на партија) жена на нашите мажи. И притоа, за разлика од комедијата на забуна, во која соперниците во триаголникот не знаат еден за друг, овде знаат, ама се прават дека не го гледаат третиот, со што се добива – трагикомедија.

За поимот на семејството станува збор: тоа не само што сè повеќе се менува под налетот на новите, глобализациски времиња туку како да станува и бесмислена појава. Или, ако сакате, станува збор за бракот, зашто тој обично се зема како синоним за семејството (иако постојат и хармонични безбрачни семејства). Не ми треба статистиката за да заклучам дека бракот денес изумира со брзина поголема од онаа со која изумреле диносаурусите. И дека наскоро да најдеш хармоничен брак ќе биде исто што и да најдеш жив диносаурус, а да најдеш ОДРЖЛИВ брак (еве еден бирократско-евроатлантски модерен термин) ќе биде исто како да си нашол костур од диносаурус. Сè што познавав од мојата генерација и генерациите по неа, или се разведе, или планира да се разведе, или „се крпи“ и одложува да се разведе. Што чума ќе е тоа со браковите?

Судирот меѓу западниот и источниот начин на живот, за кои се напишани стотици брилијантни книги и од источни и од западни мудреци, на теренот на семејството станува многу подраматичен одошто на теренот на општеството. На општествен терен работите се разбистрија, барем површно погледнато (каков што е впрочем, површен денес и светот): постојат „прогресивна“ и „конзервативна“ општествена тенденција. „Прогресивната“ се вика либералкапитализам или глобализам, а „конзервативната“ – национализам (под што се сведува неправедно и патриотизмот, особено на Балканот). Луѓето општествено се групираат, според сопствени убедувања, во едната или во другата група (иако често и по принуда, иако не им припаѓаат ни на едните ни на другите). И живеат. Но на теренот на семејството ситуацијата уште не е бистра: „третиот“ за повеќето луѓе е нејасен, и затоа уште не ни е јасно зошто браковите пукаат како муранско стакло под чекан.

Сите што гледале турски серии, за кои некогаш неоправдано се говори со потсмев, знаат дека во нив постои еден невидлив главен лик. Предмет. Тоа е софрата. На семејната маса во трпезаријата се одвива можеби најголемиот дел на сцените во овие источни ТВ-серијали. Таа маса е еден тажен музејски реликт, кој нè потсетува дека некогаш постоело (а Истокот со сите сили се труди и денес да постои) нешто што се викало семејство и дека неговите членови се собирале еднаш до двапати во денот барем да појадуваат или да ручаат заедно. Да се погледнат во лице, да си кажат или насетат кој со каква мака се бори. Денес ние не појадуваме, ниту ручаме заедно. Евентуално, може да вечераме, и тоа „надвор“: таков е животот на модерниот човек и на „западњаците“. Појадуваме по 10 часот (на работа), ручаме кога ќе стигнеме и со кого ќе стигнеме по работното време, а навечер – „таксирање“ деца на пливање, клавир, спорт, јазици, така што нема ни време за онаа „смешна“ маса за „диванење“, која му припаѓа само на кастингот на „безвредните“ турски серии.

Но! Не е важен појадокот, ниту ручекот: важен е чинот на собирање, со кој се потврдува симболички дека си припаѓаме еден на друг. Зошто ни е поважно да се собереме по работа на кафеанска маса, со колеги од работа, одошто со оние што ни се крвна врска? Либералниот капитализам, очигледно многу добро знае што прави: со луѓето најлесно се владее ако се растурат заедниците базирани на „крвна врска“ (нацијата е само симболична замена за семејството, и затоа се вели дека „иста крв“ тече во вените на еден народ). Значи: најдобро се владее ако се уништи нацијата, како симболична крвна заедница, и ако се растури семејството, како реална крвна врска. Тогаш се добива ИЗГУБЕН човек што може да се експлоатира и со него да се управува. Од тие причини, и со таква цел, незабележливо се усвои „европското“ работно време: да се почне со работа што подоцна (9 или уште подобро 10 часот), за да се заврши што подоцна (16 или 17 часот). Така, се „блокираат“ двете „свети семејни точки“ – заедничкиот појадок и ручек. Децата се изолираат од родителите, жените повеќе време поминуваат со шефот одошто со сопругот, а мажите со своите секретарки одошто со сопругата. Вешт сатанско-економски, корпоративен трик. Луѓето упатени во духовните нешта знаат дека сите религии се согласуваат: ѓаволот е најголем крадец на време. Ако на човек му го одземеш времето, му ги одземаш и разумот и срцето – тој, едноставно, нема време да мисли и да чувствува, односно да биде она што е – човек. Се претвора во кибернетичка машина што сака да биде побрза од секундата, која само некаде јури, јаде, сере и фука (така тврдат Делез и Гатари во „Анти Едип“).

Последиците се видливи, причината невидлива. Но интересно е и тоа дека последиците веќе не нè вознемируваат: кога ќе слушнеме дека некој се развел, обично велиме „е добро де, секој втор денес се разведува“. За децата од разведените бракови велиме: „Ќе пораснат, кој не си го нашол патот во животот? Деца израснале без родители, по домови, во војни…“. Да, ама дали сме ние навистина во (невидлива) војна, па децата да ни растат како сираци при нас живи, па уште и во брак? Порано се враќавме од работа во 14 или 15 часот. Имавме седум-осум часа за децата. Сега тие нè наоѓаат на мобилен да нè прашаат каде сме, за во 18 или 19 часот да стигнат на „попладневни обврски“.
И конечно, не е проблемот само во децата – тие секако физички ќе пораснат и ќе стекнат професија. Проблемот е многу поголем кога ќе се сфати дека, како што е НЕПРИРОДНО (а станува НОРМАЛНО) жената или мажот да поминуваат повеќе време со шефот или директорката одошто со сопругот/сопругата, со колегите да дружат повеќе одошто со децата, исто така не е ПРИРОДНО човек да не се грижи за никого, зашто кога човек не се грижи за никого, се расчовечува. Ние сме расчовечени мајки и татковци, зашто веќе не се грижиме за своите деца; ние сме расчовечени љубовници (сопружници) зашто не се грижиме ни за партнерот. Ние заборавивме дека почеток на секоја љубов е каритас, грижата за некого. Грижата е прв симптом на секоја љубов. Се разбира, ако се исклучи лажната грижа кон шефот (кариеризам), која е само егоизам, односно грижа за себе.

„Како не се грижам?! Па секое утро им оставам на децата и на жената пари на маса!“, крикнува модерниот, прогресивен, капиталистички воспитан маж. Да, така е, остава. Ама трагедијата е во тоа што и да ти остави некој вагон јаболка, а тебе ти треба само една круша за лек, ти сепак ќе умреш. Толку.

 

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/%D0%BC%D0%B0%D0%B6%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0/?fbclid=IwAR03XUmXtVcz8D5JQ6RdjpOyjhVOLE3zgxwjO-pZ1tfyveT8iZ7RISPZWfw

 

Друго:

Венко Андоновски: Третото раѓање на човекот ...

Венко Андоновски : Талент и самоубиство! ...

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3211
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »