логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Великиот пост во нашиот живот
прот. Александар Шмеман

kambanarija.krst.jpg4. ВЕЛИКОПОСЕН НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ

Ние ги посетуваме црковните служби, постиме и се молиме во одредено време, но со тоа не ја исцрпуваме сета содржина на подвигот на постот. За да може сето тоа да биде функционално и плодотворно, потребна е и поддршка од страна на севкупниот наш живот. Со други зборови, потребен е извесен „начин на живеење“ којшто не му е спротивен на постот, кој не го раздвојува нашето постоење. Во поранешните времиња, во православните земји самото општество создавало великопосна атмосфера на живеење, преку севкупноста на обичаите и навиките, како лични, така и колективни. Во текот на Великиот Пост сето општество се покорувало на одреден ритам на живеење, на правила коишто на одделни членови на тоа општество постојано им напоменувале за Великиот Пост. Во Русија, на пр., за тој настан постојано напоменувало великопосното ѕвонење на црковните камбани; театрите биле затворени, се одлагале други големи манифестации. Сами по себе, овие надворешни манифестации, се разбира, не можеле човекот да го поттикнат на покајание и да го насочат кон поактивен религиозен живот. Но, се создавала извесна великопосна атмосфера којашто го олеснувала личниот, индивидуалниот напор. Ние сме слаби, нам ни се потребни надворешни потстреци, символи, знаци. Се разбира, секогаш постои опасност надворешните символи сами по себе да бидат сметани за совршени и доволни за спроведување на постот, и наместо да потсетуваат на Великиот Пост, тие ја затскриваат неговата вистинска смисла и значење. Веќе напоменавме за таквата опасност, укажувајќи дека надворешните обичаи и правила можат да го заменат вистинскиот личен подвиг. Меѓутоа, при правилен пристап ќе забележите дека тие обичаи преставуваат некој вид преносен ремен, кој го соединува духовниот подвиг со сета севкупност на животот.  

Ние не живееме во православно општество, и затоа општествениот живот во нашето време не може да создаде великопосна атмосфера. Светот што нè опкружува, светот на кој му припаѓаме, не се менува поради Великиот Пост. Затоа од нас се бара дополнителен напор, потребно е уште еднаш да размислиме за религиозната врска меѓу надворешниот и внатрешниот живот. Духовната трагедија на секуларизмот, замреноста на нашата цивилизација, се состои во тоа што таа нè турка во вистинска религиозна шизофренија: поделбата на животот на два дела – на религиозен и на световен, без каква и да е врска меѓу нив. Затоа, за замена на надворешните символи и потсетувања нашето време бара особена духовна усилба. Шематски, оваа усилба може да се разгледува, како прво, во однос на нашиот домашен живот, и, како второ, во однос на животот надвор од нашиот дом.  

Во православниот светоглед домашниот живот, семејството, претставува основа на христијанскиот живот, примена на христијанските принципи во секојдневниот живот. Основите на христијанскиот светоглед се поставуваат токму дома, во секојдневниот начин на живеење и во духот на семејниот живот. Оној севтоглед, кој во почетокот може да биде дури и несвесен, но кој на крајот од краиштата станува решавачки фактор на сиот наш живот, не се создава во училиштето, па дури не и во црквата, туку во – семејството. Старецот Зосима во Браќа Карамазови на Достоевски вели: „... зашто, нема поскапоцено сеќавање во човекот, од сеќавањата од раното детство“. Преку тие сеќавања човекот е заштитен во текот на сиот свој живот. Мошне е важно што тој кажува, сеќавајќи се, како мајка му го водела на Литургијата на Преѓеосветени Дарови, се сеќава на убавината на таа служба, на неповторливата красота на великопосниот напев: „Да исправится молитва моя яко кадило пред Тобою...[Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан... (Псалм 140:2)]“. Во нашите црковни училишта денес се изведува импозантна работа по религиозно образование на децата; но таа може да направи мошне малку без домашна, семејна основа на тоа образование. Што треба и што може да се направи со Великиот Пост во домашниот, семеен живот? Бидејќи не може наеднаш да се каже за сè што се случува во семејството, ќе се задржам само на еден сегмент.

Без какво и да е сомнение, сите се согласуваат во тоа дека семејниот начин на живеење драстично е променет под влијание на радиото и на телевизијата. Нашиот живот е преполн со информации за настани во светот. Не треба никаде да се излегува или да се патува, за да се дознае што се случува во светот. Сиот свет постојано е во пределите на нашиот дофат. И малку по малку, елементарното искуство на внатрешниот живот, красотата на тој свет, просто исчезнува од современата култура. А ако не телевизијата, тогаш музиката: музиката престанала да биде она што го слушаме; таа се претворила во некаков музикален фон на разговор, на читање,  на занимање и сл. Таа постојана нужност од музика ја разобличува неспособноста на современиот човек да се насладува со тишината, да ја восприема не како нешто негативно, како отсуство на нешто, туку како услов за секое вистинско присуство. Ако христијаните од минатите времиња поголемиот дел од животот го минувале во мирот на тишината и на молчењето, што им давало можност целосно да се сосредоточат на својот внатрешен живот, современиот христијанин мора да направи особени усилби за да ги добие макар и елементарната тишина и молчење, нужни за допир со повисоката реалност. На тој начин, проблемот на радиото и на телевизијата во текот на Великиот Пост не е споредно прашање, туку, во извесна смисла, прашање на духовен живот или смрт. Треба да се разбере дека е невозможно во нашиот живот великопосната светла, надежна тага да ја изедначуваме со дожувувањата од гледањето криминален филм. Тие две доживувања се неспоиви, и едното од нив дефинитивно го уништува другото. Но, најверојатно е дека криминалниот филм ќе ја победи надежната тага; обратното може да се случи само со вложување особени усилби. Затоа првиот великопосен обичај, којшто можеме да го предложиме, е решително престанување со слушање радио и гледање телевизија за време на Великиот Пост. Во дадениот случај ние не се осмелуваме да предложиме совршен пост, туку макар аскетски, кој, како што веќе рековме, пред сè означува примена на „диета“ и воздржување. На пример, нема ништо лошо во тоа ако и понатаму следиме пренос на информации, или сериозни програми, коишто нè збогатуваат духовно и интелектуално. Но, она што треба да биде прекинато со постот е – „залепеноста“ до телевизорот, вегетирање на човекот кој е „прикован“ за екранот, пасивно консумирање на сè што му се сервира. Кога бев дете (тоа било пред да се појави телевизијата), мајка ми обично го заклучувала клавирот во првата, четвртата и во седмата недела од Великиот Пост. Тоа во моето сеќавање се врежало многу посилно од долгите великопосни богослужби, што дури и денес, доколку слушнам музика на радио во текот на постот, тоа ме повредува речиси во иста мера како да слушам богохулење. Ова лично сеќавање служи само како илустрација на тоа каков впечаток во детстката душа предизвикува надворешната одлука свесно донесена од страна на возрасните. Но тука, исто како и при употреба на посна храна, не е доволно само воздржувањето: тоа треба да има своја позитовна противтежа.      

Тишината, создадена со отсуството на световниот шум, нарушена само со дозволеното пренесување новости, мора да биде исполнета со позитивна содржина. Нашата душа се храни со молитва, но и на разумот му е потребна храна; имено, разумот на современиот човек е изложен на постојано бомбардирање од телевизорот, радиото, весниците, илустрираните списанија и сл. Ние предлагаме на чисто духовната усилба да се придода умствен напор. Ние ги игнорираме големиот број ремек-дела, ги пренебрегнуваме извонредните плодови на човековата мисла, вообразба и творештво само затоа што е многу полесно и попросто, откако ќе се вратиме дома од работа, изморени физички и умствено, да го вклучиме телевизорот или да се препуштиме на апсолутната празнотија на некое илустрирано списание. Би било добро навреме да си ја подготвиме програмата за Велкиот Пост. Да направиме список на полезни книги коишто би требало да ги прочитаме. Не е нужно сите тие книги да имаат религиозна содржина. Не се сите луѓе повикани да бидат богослови. Но, најдобрите литературни дела содржат многу богословска мисла, а сè што го збогатува нашиот разум, секој плод на вистинското творештво е благословено од Црквата и, правилно восприемано, добива духовна вредност. Четвртата и петтата недела од Великиот Пост се посветени на споменот на двајца големи учители на христијанскиот духовен живот: св. Јован Лествичник и преп. Марија Египетска. Треба да ни е јасно дека во образот на овие двајца светители Црквата отворено ни укажува дека таа очекува од нас збогатување на нашиот духовен и умствен внатрешен свет преку постот. Читањето и духовното размислување може да ни помогнат да го стекнеме тој внатрешен мир и неговата радост. Современиот секуларен свет не ни овозможува да ја вкусиме таа радост, вистинскиот призив на човекот којшто се пројавува во внатрешниот, а не во надворешниот свет; но, без таа радост, без поимањето на Великиот Пост како пат во длабочината на нашето човечко битие, Верликиот Пост ја губи својата смисла. 

Освен тоа, какво значење може да има Великиот Пост во текот на долгите часови што ги минуваме надвор од домот, за време на нашите патувања, додека седиме на работната маса, додека се занимаваме со извршувањето на професионалните обврски, кога се среќаваме со колеги и со пријатели? Тука не треба да се дава никаков конкретен рецепт, но може да се наведат одредени општи расудувања. Како прво, Великиот Пост е најдоброто време да го анализираме и измериме неверојатно површниот карактер на нашиот однос спрема луѓето, спрема стварите, спрема работата. „Однесувајте се спрема сите нешта со насмевка“, „не примајте ги нештата премногу серионзно“ – тоа се советите коишто, во стварноста, станале „заповеди“ на коишто со радост им се покоруваме, а тие значат: не врзувајте се, не распрашувајте се, не продлабочувајте ги вашите односи со луѓето; спазувајте ги правилата на играта коишто се состојат во соединувањето на пријателските односи со луѓето со целосна рамнодушност спрема нив; размислувајте за сè од материјална гледна точка, од аспект на материјална придобивка – со други зборови, бидете дел од овој свет кој постојано употребува големи букви за „свет“, „одговорност“, „внимателност“ итн., а вистински  го следи материјалистичкиот принцип според кој човекот се вреднува соодветно на неговата заработувачка. Великиот Пост е време на барањето на смислата: смислата на мојот професионален живот од аспект на позивот; смислата на моите односи со другите луѓе; смислата на мојата одговорност во животот. Не постои ни работа, ни позив кои барем малку не би можеле да бидат преобразени – не од аспект на поголема продуктивност и подобра организација, туку од аспект на човековата вредност. Нужно е да се погрижиме да ги продлабочиме сите наши човечки односи, зашто сме слободни луѓе коишто сме станале (често и без да сме свесни за тоа) робови на системот кој постепено уништува сè што е човечко во светот. И ако нашата вера има какво годе значење, таа мора да биде поврзана со животот во сите нејзини сложености. Повеќето луѓе сметаат дека неопходните промени треба да произлезат од револуциите, од надворешните промени на условите на живеењето. Но ние, христијаните, сме должни да покажеме дека, всушност, сè излегува од внатре – од верата и од животот според верата. Црквата, кога таа влегла во Грчко-Римскиот свет, не повикувала на револуција, укажувајќи на ропството. Но ропството станало невозможно под влијанието на верата и на новото вреднување на човекот и на животот. Еден светец – а свет човек тука означува  просто човек кој сериозно се однесува спрема својата вера – може да направи повеќе за промена на светот кон подобро, одошто илјадници печатени програми. Свет човек е единствениот вистински револуционер во овој свет.

На тој начин, Великиот Пост е време кога човекот повторно ја стекнува верата, но исто така  и животот, во нејзината божествена смисла, во нејзината свештена длабочина. Воздржувајќи се од храната, ние повторно го спознаваме нејзиниот вкус и се учиме да ја добиваме од Бога со радост и со благодарење. Скратувајќи ги разонодите, слушањето музика, непотребните разговори и површните размислувања, ние повторно ја разбираме огромната вредност на односите со луѓето, едноставно затоа што повторно сме го разбрале Самиот  Бог, затоа што сме се вратиле при Него и, во Него, сме се вратиле кон сето она што Тој ни го дал согласно Неговата бесконечна љубов и милосрдие.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1129
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1257
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1126
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

« »