Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Воздвижението на Крстот значи воздвижение на човекот, украсен со образот и подобието Господово, човекот кој живее во рајот во блажена и невина состојба. Спуштањето долу на Крстот го означува човекот оддаден на ѓаволски искушенија, човекот кој ги нарушува заповедите дадени од Господа, човекот кој би се спуштил и целосно би погинал, ако Христос, преку Своите страданија не го искупи сиот род човечки.
На 20.09.2016 година, во предвечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во присуство на многубројниот верен народ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица, а потоа прославата продолжи со голема Литија по улиците во центарот на Скопје.
„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна. Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил...
Жива вера е кога човекот го бара Бога веднаш, тука, кога тагува што со Него нема живо општење, што некаков ѕид му го заградува патот кон Бога Кој, всушност, е сосема блиску; кога повикува и бара од Него само живототворен допир. Тој не верува само во Бога, туку, исто така, Му верува на Бога. Другата „вера“ е повеќе „предворје“: човекот само мечтае за Бог, верува во Него, но верува во некој далечен Бог кон
Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали нашето страдање е сведоштво на Крстот Христов во овој свет или тоа страдање е празно самопромовирање и суета? И, дали од тоа страдање ја црпиме несоздадената енергија на Преобразувањето и Воскресението, или само предвкусот на смртта? Вистинско почитување и поклонување на Крстот значи вистинско сведоштво на Крстот Христов.
Примeритe на храбрoст и на трпeниe, кoи ги пoкажалe христијанскитe мачeнички, илјадници и илјадници oд нив, ги oсвeтлилe сo блeскава свeтлина страницитe на истoријата на христијанската црква. Нo кoлку штo сe за чудeњe oвиe примeри на дoбрoвoлни мачeнички, тoлку сe за чудeњe, и нe пoмалку, примeритe на христијанскитe пoдвижнички, пoзнати и нeпoзнати.
Каква трeба да бидe врската на чoвeкoт сo Бoга? Нeпрeкината и пoстoјана. “Прилeпи Му сe на Бoга какo син”, сoвeтува св. Антoниј. А св. Алoниј, гoвoрeл: “Акo чoвeкoт нe сфати дeка, oсвeн нeгo и Бoга нeма никoгo пoвeќe на свeтoт, нe мoжe да најдe спoкoјствo на свoјата душа”. Eдинствeниoт Бoг e дoвoлeн и прeдoвoлeн за сè штo мoжe чoвeчкoтo срцe да пoсака.
И страдањето, тој голем дар на луѓето од Бога, ако биде примено правилно, ќе стане за нас причина за благослов. Што и да претрпиме во овој век, не може да се спореди со идната награда во Царството Божјо, како што рекол апостол Павле: „Сегашните привремени страдања не се ништо, во споредба со таа слава, која ќе се открие во нас“ (Рим. 8, 18). Ако некој посака во овој живот да добие одговор на прашањето,
На празникот на пронаоѓањето на чесниот Крст, Митрополитот Повардарски отслужи Света Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици на Повардарската епархија, а пред чесниот Крст се поклонија голем број верници.
На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота,
Но, во овој вистински настан има и симболизам. Потпората укажува нагоре, кон Небото, на Христовата десна страна, и надолу, кон Адот, на Христовата лева страна. Една од петочните молитви на Православната црква јасно го објаснува ова значење:Среде двајца разбојници Твојот Крст се покажа како праведно мерило. Едниот го упатува во адот поради тежината на хулењето, а другиот се олеснува од гревовите заради познавањето на Богословието.
„Немојте да се жалиме и да Го обвинуваме Бога за сите неприлики, со кои во своето секојдневие се среќаваме. Имаме чувство дека Бог нѐ заборава, дека не нѐ слуша, не одговара на нашите молитви, ни испраќа сѐ нешто криво и наопаку. Но, не е така. Бог е еден добар кормилар кој таинствено нѐ следи, и напоредно со тоа ни остава сами да го управуваме кормилото на нашиот живот, зашто никогаш не прифаќа да...
Воздвижение на Чесниот Крст"На 27.09.2016 година, кога го прославуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 27. 09. 2016 година на Празникот Воздвижение на св. Крст – Крстовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, откако го изнесоа и Му се поклони на Светиот Крст, отслужи света архиерејска литургија во храмот посветен на Светиот пророк Илија во Радовиш.
Крстот не е знак на пораз, туку символ на доброволно смирение, живот предаден за другите, жртва и љубов. На него Христос умре од љубов. Гледајќи во него, ние ја гледаме сета љубов Божја како се излева кон нас. Денес, сите ние, со љубов и почит ги подигаме нашите мисли и срца кон Крстот Господов, се допираме до она до коешто светот не можеше да се допре, ја примаме доброволната жртва на љубовта Божја која вселува мир.
„Ниту збор повеќе не му реков на отец Памва, но и што можам да му кажам: навреди го – тој ќе те благослови, претепај го – тој до земја ќе ти се поклони, непобедлив е тој човек со такво смирение. Од што би се уплашил тој, кога самиот дури и адот го бара?...Тој и сите демони од адот ќе ги избрка или кон Бога ќе ги обрати!
Крстот Христов има огромна сила. На него Синот Божји, Господ Исус Христос се принесе на жртва за откуп на гревовите на сиот човечки род. Во црковните богослужбени песни, многу јасно и гласно се истакнува значењето на Чесниот и Животворен крст. Во тропарот се вели: Спаси ги Господи луѓето Твои... Со Крстот Свој заштити го Твоето жителство. Со овие зборови светата Црква, сите православни луѓе ги нарекува нејзини жители,..
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.
На 27.09.2016, на празникот Воздвижение на чесниот и животоворен Крст, Архиепископот Охридски и македонски г. г.Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.
Постојат толку многу препреки кои се појавуваат и го прават тежок човечкиот живот, а дните негови болни! Можеме да кажеме дека она што човекот го живее е сè она што може да се види, а тоа се препреки, проблеми, страв и болка. Но, тие препреки, слично на спортски достигнувања го челичат човечкото тело, и заради тоа Бог не ги отстранува од нас.