Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ
Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.
Да повторам: јас сум виновен за сѐ, и апсолутно никој друг!







На 8.12.2025 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше со Божествена Литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
На 7.12.2025 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов и во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм, „Св. Климент Охридски“ беше отслужена Празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким,
На 6.12.2025 година, традиционално, по 58. пат, беше прославен патрониот празник на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј,
Во твоето духовно бдеење ќе ти помогне постот – ниту над, ниту под мерката на твоите сили. За Божествените нешта не се размислува со прејаден стомак, велат подвижниците. Дури и наједноставните тајни на Света Троица остануваат сокриени за оној што е телесно наситен. Сам Христос ни даде пример
Некои луѓе ќе останат емотивно заглавени во своето детство.
Раскажувањето приказни отсекогаш било грандиозно дело. И Господ Исус Христос не поучуваше преку апстрактни идеи, туку преку параболи — стории, за сеачот кој сее, за заблудениот син кој се кае. Во тој ист дух, и филмските уметници успеале да исткаат современи параболи.
Големита дарови секогаш се придружени со големи искушенија — и пред нивното доаѓање, и по него. Така е, затоа што добриот Бог го знае нашиот болен нарцизам, тајната желба сè да присвојуваме за наша корист. Затоа, заедно со дарот и харизмата, Тој допушта и искушение.
Јоаким и Ана држејќи ја Марија за рака, застанаа пред петнаесетте скали по кои требаше да се искачат, за да влезат во храмот. Тие ја подигнаа Марија на првата скала. Во истиот момент, нешто силно блесна, необична светлина го осветли местото. Во тој момент, од десната и левата страна на Марија застанаа Архангелите Михаил и Гаврил

Православната Црква носи во себе една длабоко спознајна и неизмерно раскошна тајна, содржина што повеќе од две илјади години го оживува човекот и го држи светот во постоење. Тоа е Светата Литургија – изворот на животот, допирот со Возвишеното, местото каде човекот се преобразува,
Важно е, кога се молиш на претходно опишаниот начин, да не му дозволуваш слобода на сопственото тело. Молитва при која телото не страда, а срцето не плаче, е слична на неоформен плод; таквата молитва нема душа, велат духовните учители.
Современиот човек често вклучува радио или телевизија, иако нема намера да ја следи програмата. Тој едноставно не може да ја поднесе тишината.
Некогаш читав во една книга од областа на психологијата дека нашите мисли не се наша вистинска „сопственост“. Она за што размислуваме е резултат на воспитување, околности, времето во кое живееме, земјата во која сме родени. Да сме се родиле во друго време и друго место,
Постојат пламен што грее и пламен што гори; сето тоа зависи од изворот. Пламенот Христов преобразува; пламенот на лукавиот изгорува и руши. Христовиот пламен ќе го прегрнам; на другиот нема ни да му се приближам — ќе си заминам. Да внимаваме на пламените!
























