Знаејќи го ова се уверуваме дека лебот што го гледаме не е леб, иако со вкусот се чувствува, туку тело Христово; и виното што го гледаме не е вино, иако според вкусот така изгледа, туку крв Христова. За ова и Давид одамна пеел: „И лебот срцето на човекот го крепи, и душата се
Токму во оваа насока, поучно и утешително нам грешните може да ни nослужи целокуnниот живот на света Марија Егиnетска, кој е восхитувачки поради нејзините големи подвизи. Да размислиме за нашите гревови, но тие да не не соблазнат и одведат во очај. Еве,пред нас имаме nример на голема грешница и на големото милосрдие Божјо кое се nростува.
По многу години, кога големиот храм се закануваше да падне, се јави Богородица и го држеше, додека излезе надвор мноштвото народ, и никој не беше повреден.
Скопје, 2ви април 2023 год.- храм на св.арх. Михаил на празникот на св.вмч. Фотина и преп.Јован Палестински
Авва Зосим појде и на она место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се преставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“.
Денес си споменуваме на света Марија Египетска, светијата од која можеме да се научиме на многу нешта кои нам ни се нужни. Таа најнапред била грешница чија гревовност ја знаеле сите, жена која претставувала предмет на искушение и соблазна за сите. Како станала грешница не знаеме. Дали злото суштествувало во неа самата? Или, пак, била соблазнена, подвргната на насилие? Како станала блудница нема никогаш да дознаеме.
Од осамостојувањето на Р Македонија во 1991 година, сведоци сме на процес на дезинтеграција на македонскиот народ врз религиско начело. Вероисповедта или конфесијата се користи како повод за создавање не само нови верски заедници туку и нови етнорелигиски идентитети (заедници, народ). Тој нов етнорелигиски идентитет дури стекна одредена политичка улога, затоа што беше повод за одредени развојни политики.
Но, да се вратиме на романот на Хаксли и да направиме мала напоредна анализа. Дејството се одвива во некоја далечна иднина. Луѓето што живеат во неа не се раѓаат по природен пат. Нив ги штанцуваат во т.н. човекофабрики и од младини ги воспитуваат на одреден начин. Во тоа општество сите луѓе се среќни, бидејќи се отстранети сите чинители кои создаваат тага и жал: глад,
Поправо значи: „Биди свесен за фактот дека тоа што го зборуваш, правиш, претрпуваш или добиваш сега може да биде последниот настан или последното искуство во твојот сегашен живот“.
Во ваквиот случај, тогаш тоа ќе биде крунисување, а не пораз.
Вдлабочувајќи се сѐ повеќе во смислата на пустинското подвижништво, Епископот Теофан во 1872 година започна да живее затворнички живот. Ги прекина допирите со луѓето и престана да оди во манастирскиот храм на богослуженија, затворајќи се во посебно катче на пустинските престојувалишта, поради што е и наречен Затворник.
✥Благодарение на благото расположение
на нашето срце спрема него,
да може да им се спротивстави на негативните✥
Тој видел, лево од себе густ мрак, како непробоен ѕид, позади кој се слушало шум, викотници и метеж. Загледувајќи се повнимателно во мракот тој видел широка река која се бранувалa, напред и назад, лево и десно. Во неа имало многу луѓе и кога и да се појавел некој бран во реката - пред неговите очи и до неговите уши допирал некој таинствен глас кој му објаснувал:
Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес!
Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти” Богочовекот.
Денес целото зло се вселило во телото на човекот, за да го истера Бога од таму.
29.03 Среда
17:00 Великиот покаен канон на св. Андреј Критски (цел)
30.03. Четврток
7:15 Великопосни часови
8:15 Литургија на Претходноосветени Дарови
Стоејќи, Спасителе, пред гробот Лазарев и повикувајќи мртовец, си го подигнал како заспан. Отфрлајќи го распадливото, на Твојот збор излезе повиен во погребните повои. Сè е можно за Тебе, секоја твар Ти служи, Господи на љубовта, сè Ти се покорува: Спасителу, слава Ти!