г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски - „Вие што жеднеете, дојдете при водите…“
Kако што Фотина, жената Самарјанка, која разговарала со нашиот Господ и Го молела да ѝ даде „вода жива“: „Господи дај ми таква вода за да не ожеднувам“ и ние сега Го молиме Бога, преку зборовите во чинот на Осветувањето: „Освети ме мене и водите, Спасителу, Ти, Кој го земаш гревот на светот“.






На 18.01.2018 година, Водопост, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во храмот „Пресвета Богородица“ во Тетово, служеше Света Василиева литургија со вечерна богослужба, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво. Верниот народ се причести со Светите Христови тајни.
Кај нас, сепак, кога детето ни влезе во пубертет, почнуваме нови планови за негово покорување – детето сега треба да ми припаѓа уште повеќе, треба да видам што ќе прави со куќата што му ја изградив, како да го опколам со повеќе внимание, треба да го контролирам, да не би случајно да отиде далеку, да не земе некоја девојка која не ја одобрувам. Воопшто, родителите ...
Отстрани го гревот, и болестите ќе се отстранат, зашто ни се даваат за гревовите.
Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe. “Црквата e трлo - вeли свeти Јoван Златoуст - акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe тe растргнат... Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата ти e надeж и спасeниe.
Пред јавувањето на Господа пред народот и Неговото совршување на домостројот на нашето спасение, св. Јован Претеча бил испратен за да ги подготви луѓето да Го прифатат. Подготовката се состоела во повик кон покајание. Оттогаш, покајанието станало пат кон нашиот Господ и Спасител, предворје на верата во Него. Самиот Спасител Својата проповед ја започнал со зборовите: „Покајте се и верувајте во Евангелието“.
Потпората за нозете на Христовиот Крст е искосена, бидејќи се верувало дека во последните моменти пред Исус да го предаде духот, Неговото тело се згрчило и потпората била изместена. Но, во овој вистински настан има и симболизам. Потпората укажува нагоре, кон Небото, на Христовата десна страна, и надолу, кон Адот, на Христовата лева страна. Една од петочните молитви на Православната црква јасно го објаснува ова значење:
„Огнената река“ (The River of Fire) е една од најзначајните работи на д-р Александар Каломирос. Таа претставува остра критика на псевдохристијанската концепција на „одмаздничкиот“ Бог. Каломирос проблемот го лоцира во т.н. „Западно богословие“ со јуридичка димензија во сотириологијата, каде Бог се доживува како творец на смртта (како казна), а спасението – како избавување од неопходниот и праведен гнев Божји.
Иако Творец на универзумот, Христос не одбра да се роди во Ерусалим или Рим, туку во малото местенце Витлеем. Тој не одбра да дојде во познато или општествено влијателно семејство, туку во семејството на дрводелецот Јосиф и девојката Марија. Богомладенецот не одбра рождество во удобна палата опкружен со лекари и медицински помагала, туку во скромна и неудобна штала.
Гордоста не ѝ дозволува на душата да зачекори по патот на верата. Еве еден совет за неверникот: нека рече – Господи, ако постоиш, просветли ме, и ќе Ти служам со сето мое срце и душа. Поради ваквата смирена мисла и подготвеноста да Му служи на Бога, Господ ќе го просветли…
За полесно да го сфатиме настанот на обрезанието на Богочовекот Христос, најнапред треба да се потсетиме на две работи. Прво, на зборовите Христови: „Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто, вистина ви велам, дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сè“ (Матеј 5, 17–18). И второ, сè што Богочовекот во Божјиот Домострој направи, за нас и наше спасение го направи, а не за Самиот Себе.
Пред неколку години во мојот скит престојуваше еден човек, кој живеел спроти Православниот манастир, надвор од Лондон, познат по неговиот основач, Манастирот на Свети Јован Крстител во Есекс. Англичанецот живеел преку улица од манастирот. Но поради забуни од неговата Мајка Црква, тој сакал нешто подуховно, подлабоко…
На 11. 01. 2018, во предвечерието, кога Светата Црква го празнува споменот на + Преподобен Гаврил Велички; Светата маченичка Анисија; Преподобна Теодора Цариградска; Светиот апостол Тимон; Преподобна Теодора Кесариска; Преподобниот маченик Гедеон; Свети Дионисиј Закински, во манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, игуменот на манастирот, архимандритот Гаврил (Галев) во сослужение на јерејот Климент Станковски отслужи Вечерна богослужба.
Приказна за бoжeствeнoт Младeнeц Христoс. И двајцата гoлeми прoрoци, Исаија и Eрeмија, прoрeклe дeка Гoспoд ќe дoјдe вo Eгипeт и дeка oд Нeгoвoтo присуствo ќe сe трeсат идoлскитe храмoви и идoлитe ќe сe разурнуваат. Исаија пушувал: Eтe, Гoспoд ќe дoјдe вo Eгипeт и прeд лицeтo Нeгoвo ќe затрeпeрат идoлитe eгипeтски (Иса. 19:1; Јeр. 43:12). Кoга бoжeствeнитe бeгалци стасалe вo градoт Eрмoпoл (Каирo) и таму сe ...
Роднина на апостолот Павле, Евреин од оние Евреи што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба за грижа на сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето.
























