Исповедта е најдлабока потреба на секој човек
Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.






Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се вежбаат во доброто; како некој што постојано ни ги покажува нашите слабости и страсти и како одличен слуга во процесот на нашето самопознание.
Сто илјади други молитвени зборови не можат да ги заменат овие пет зборови:
Дошло до значајна промена во начинот на кој се подразбира прогресот. Во нашето западно општество, како и во сите таканаречени „традиционални" општества, прогресот обично се третирал духовно, односно се сфаќал како внатрешен прогрес. Од ренесансата наваму, прогресот стана надворешен прогрес, што подразбира насобирање само на материјални добра. Дојде до трансмутација, обезвреднување
По молитвите на светите Кирил и Методиј и св.вмч. Георгиј нека бидат од Бога благословени и преблагословени имињата на сите Вас создателите на овој величествен Божји храм, имињата засекогаш запишани, со златни букви, во нашата најнова историја.
Сo вeрата Христoс дoаѓа вo срцeтo, а сo Христа дoаѓа љубoвта. И така чoвeкoт сe вкoрeнува и сe втeмeлува вo љубoвта. Првин, вeрата, па пoтoа сo вeрата и присуствo на Христа вo срцeтo; па сo присуствoтo на Христа, присуствo на љубoвта, а сo љубoвта ситe нeискажани блага. Сo нeкoлку збoрoви апoстoлoт ни укажува цeла скала кoн сoвршeнствo. Пoчeтoк e вeрата, а завршeтoк e љубoвта.
Дали Бoжјата запoвeд за нeпрeстајна мoлитва (Лк. 18:1) важи самo за мoнаситe или за ситe христијани вooпштo? Кoга би важeла самo за мoнаситe, апoстoлoт Павлe нe би им пишувал на сoлунскитe христијани: мoлeтe сe пoстoјанo (I Сoл. 5:17). Апoстoлoт ја пoвтoрува запoвeдта Гoспoдoва oд збoр дo збoр и ја дава на ситe христијани, бeз разлика дали нeкoј e мoнах или e мирјанин.
Пред да почнеш да се молиш затвори ги очите и замисли си: дошол Исус повторно, Судот завршил, Господ ги избрал луѓето и си заминува со нив, а ти си останал и ги гледаш како се оддалечуваат.
Неволји
Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна вера. Без вера не може да му се угоди на Бога. Обрнете внимание на тоа, драги мои, дека ним им било неспоредливо потешко да веруваат отколку нам: нивната вера се хранела исклучително со Божјите ветувања, а пред нас сјае гоемото дело на искупувањето кое веќе се случило во светот.
Засакај го Христовото сиромаштво за да станеш богат во Христовото Божество. Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно. Постот е кочија што вознесува на небото. Постот раѓа пророци и дава мудрост. Постот е добра одбрана на душата, сигурен состанар на телото. Постот е оружје на смелите, училиште на подвижниците.
Соочувајте се со предизвиците во животот, барајте решенија и одговорите, не очајувајте. Не се осамувајте, туку и маката и среќата споделувајте ја со оние што ќе знаат да ве разберат и ќе знаат со искреност да пристапат. Надградувајте се: читајте, информирајте се, за да знаете да расудувате и да не дозволувате да бидете наведувани. А особено и најмногу од сѐ – учете ја и живејте по принципите на Евангелието и верата во Господ.
Ја имала среќата како свештеничка ќерка да биде опкружена со теолошка литература, што многу ѝ помогнало при разбирањето и преводот на „Улис“, каде што речиси во секоја втора реченица има некакво упатување кон Светото писмо.Во пресрет на промоцијата на нејзината книга „Творецот и сотворецот“, чија содржина лесно може да се насети од нејзиниот цртеж на Џојс на корицата, а која е закажана за 5 декември во Друштвото на писателите на Македонија,

По потекло е Македонец од околината на Скопје. Словенското име му е Управда. Го наследи на престолот својот чичко Јустин. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Веруваше и живееше според верата. За време на Чесниот Пост не јадеше леб и не пиеше вино, а се хранеше со зелје и пиеше вода секој втор ден. Завојува со дунавските варвари само затоа што ги кастрираа заробениците.
Ако сакаш да ѝ помогнеш на Црквата, подобро е да се промениш самиот отколку да се обидуваш да ги менуваш другите. Доколку се промениш себеси, непосредно си променил еден дел од Црквата. Се разбира, кога сите би го правеле тоа Црквата би била поинаква. Но, денес, луѓето се занимаваат со сè.
Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа, надвор од Црквата и нејзината Евхаристија, Епископот нема идентитет, и не постои како Епископ, но и Црквата не може да го оствари своето литургиско постоење без Епископот, кој ја возглавува.
. Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме каков што е (1 Јов. 3, 2).
























